Коментари

Уште колку пати Македонија треба да се откаже од себе за да стане членка на ЕУ?

1Mane

9-mane 2 copy

Мане Јаковлески

Три децении Македонија стои пред една врата што никако да се отвори. Три децении слуша ветувања, услови и познатото „само уште ова“ – формула што секогаш завршува со ново разочарување.

Секој чекор напред носеше нов услов.
Секој компромис отвораше ново барање.
И секогаш цената беше иста – откажување од нешто што е македонско.

Македонија стана држава што постојано плаќа, а никогаш не стигнува до целта.

Приказната започна веднаш по независноста.

Во 1991 година Македонија се одвои од распаднатата Југославија мирно, без војна – реткост во регион обележан со конфликти. Наместо поддршка, следеше блокада.

Поради спорот со Грција, државата беше приморана да настапува под привремената референца ФИРОМ.

Во 1995 година, со Привремената спогодба, беше направен првиот сериозен компромис – промената на знамето. Тогаш беше ветено дека тоа ќе ги отвори евроинтегративните процеси. Но тоа не се случи.

И покрај пресудата на Меѓународниот суд на правдата во 2011 година дека договорот од 1995 бил прекршен, ништо не се промени.

Во 2001 година Македонија повторно избра компромис за да ја зачува стабилноста – Охридскиот рамковен договор. Следуваа длабоки реформи, со јасна порака од Европа: државата се приближува. Но приближувањето остана само на зборови.

Во 2008 година, на самитот во Букурешт, Македонија очекуваше членство во НАТО. Наместо тоа, повторно дојде блокада од Грција.

Правото кажа едно.
Политиката направи друго.
А Македонија повторно плати.

Кулминацијата дојде во 2018 година со Преспанскиот договор. Државата го промени своето уставно име – чекор без преседан во современата историја. Тоа беше претставено како конечна жртва што ќе ја отвори европската перспектива.

Но хоризонтот повторно се помести.

Во 2020 година следеше нова блокада – овој пат од Бугарија. И за првпат, условите не беа поврзани со реформи, владеење на правото или економија. Се отворија прашања за историја, јазик и идентитет.

По три децении компромиси, Македонија има право да постави едно едноставно прашање: Колку пати една држава треба да се откаже од себе за да стигне–некаде?

Ниту една друга кандидатска држава не морала да го менува своето име.
Ниту една не преговарала за сопствениот јазик.
Ниту една не била условена да ја преиспитува својата историја.

Кога билатерални спорови стануваат услов за членство, европската политика престанува да биде политика на вредности, станува политика на притисок.

Ова не значи дека Македонија треба да се откаже од европската перспектива. Но значи дека мора да престане да се однесува како држава без алтернатива.

EU cekalna

Македонија наместо да гради повеќе партнерства, три децении ја сведува својата стратегија на едно, чекање пред затворена врата.

Европската интеграција е важна, но постои граница што ниту една држава не смее да ја премине. Македонија таа граница ја помина повеќепати, секогаш со истото ветување: „само уште ова“.

Велика Британија по излезот од Европската Унија не пропадна, напротив, почна агресивно да склучува билатерални договори, да отвора нови пазари и да гради сопствен модел на економска независност. Тоа е доказ дека во 21 век преживуваат и напредуваат оние што не чекаат дозвола – туку создаваат можности.

Македонија сè уште живее во политиката на: Само уште една отстапка, само уште еден услов, само уште едно понижување и така без крај.

„Само уште ова“ не е стратегија, тоа е бескрајна чекална.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top