Коментари

МАКЕДОНИЈА НА ПАТ КОН ЕВРОПА, ИЛИ НОВО ПОНИЖУВАЊЕ?

EU

EU

Колку уште треба Македонија да се откажува за да ѝ биде дозволено да оди напред?,

Колку пати треба да се откажува, да се „прилагодува“, за на крај повторно да слушне: „не е доволно“? Ова веќе е е процес, ова е понижување од ЕУ.

Додека Бугарија отворено најавува нови услови, пораката е повеќе од јасна: уставните измени не се крај, туку само уште една станица во бескрајниот ред барања. А од Европската Унија тишина. Или уште полошо, стерилни бирократски фрази, без гаранции, без рокови, без одговорност.

Од Македонија се бара многу: да го отвори Уставот, да преземе историски ризик, да влезе во внатрешна политичка неизвесност.

А што добива за возврат? Ништо сигурно, ништо гарантирано и ништо што утре не може повторно да биде оспорено. Да бидеме искрени – ова не е преговарање, ова е игра во која правилата се менуваат додека трае играта, и секогаш на штета на Македонија.

Бугарија не крие дека ќе го користи ветото кога ќе процени дека треба. Историјата, јазикот, идентитетот, сè е ставено на маса, сè може повторно да стане услов, и токму тука е суштината: ова не е европски процес заснован на вредности, туку билатерален спор претворен во европска алатка за притисок.

Во такви услови, прашањето за уставните измени веќе не е само политичко, тоа е прашање на достоинство. Каква е логиката да менуваш Устав без гаранција за напредок, без јасен крај и со сигурност дека утре ќе се појави нов услов?

Македонија сака да биде членка на ЕУ, тоа никогаш не било спорно, но денес прашањето е поостро од кога било: дали Европа ја сака Македонија, или ја тестира до каде може да попушти, затоа што ова веќе не личи на интеграција, ова личи на тест на издржливост и понижување.

Македонија бара гаранции, и тоа не е слабост, тоа е минимум политичка логика.

Во меѓувреме, се отвора правен фронт, протоколите што ја држат Македонија во место конечно одат под лупа.

Известувачот во Европскиот парламент, Томас Вајц, бара правната служба на Европскиот совет да го испита вториот протокол, документ кој наместо да отвори врата, го претвори процесот во лавиринт без излез.

Да не се лажеме, токму овие протоколи создадоа механизам за трајна блокада: секој чекор може да се сопре, секое поглавје може да се услови, секој напредок може да се врати назад. Историјата стана услов, идентитетот стана преговарачка алатка, политиката го замени правото.

Обидот на Вајц е барем да се врати дел од логиката во процесот, да се отвори прашањето дали билатералните договори смеат да станат европски критериуми.

Во меѓувреме, и од дипломатските кругови стигнуваат отворени пораки. Италијанскиот амбасадор Паоло Палминтери јасно признава: нема правна или политичка гаранција дека нема да има нови блокади од страна на Бугарија, секој чекор бара едногласност, а секоја „гаранција“ има ограничена вредност.

Во сенка на овие блокади, вниманието кон регионот повторно го насочува и Вашингтон. Западен Балкан и натаму се смета за простор каде се судираат интересите на големите сили, а старите конфликти не се затворени. Односите меѓу Србија и Косово, како и состојбата во Босна и Херцеговина, остануваат потенцијални жаришта. Пораката е јасна: нерешените спорови не се само регионален проблем, тие отвораат простор за пошироки геополитички влијанија.

Ако Европа навистина е заедница на вредности, тогаш прашањето веќе не е дали Македонија е подготвена за ЕУ, туку дали ЕУ е подготвена да престане да ја понижува Македонија.

1g-svekrva copy copy copy copy copy copy

Свекрва

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top