Дијаспора

Средба со Тврдомир Стамевски – почитуваниот татко и дедо (14)

Славе Катин

Славе Катин

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СВЕТОЗАР – СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Во ова продолжение ќе  претставам дел од приказната за живот и судбина на таткото на Светле Стамевски, печалбарот газда Тврдомир (денес покоен), кој беше вистинска легенда, столб на Стамевци, прекрасен соговорник, човек кој и долго и многу памтеше 

Моето патување од Чикаго го продолжив за Детроит со летот кој траеше околу еден час. Беше пладне кога авионот се вивна во висините и леташе од североисточната страна, долж брегот на езерото Ми­чиген, во кое како во море пловат бродови, јахти, лаѓи…  Во далечината се забележуваше градот Милвоки во државата Висконсин, кога авио­нот сврте кон исток, а потоа преку езерото и ко­п­нениот дел на државата Мичиген се најдов над цен­тарот на автомобилската индустрија – Детроит.

Детроит е велеград на езерото Ири – една од петте метрополи во Соединетите Американски Држави и седиште на ав­то­мо­бил­ски­те компании „Форд”, „Крајслер” и „Џенерал моторс”. Тоа е град на авионската и електронската индустрија, кој уште во 1796 година го формирале Французите. Исто така, Детроит е еден од големите центри на афроамериканското население, како и значаен културен, административен и спортски центар на тие аме­ри­кан­ски простори.

Меѓутоа, за мене најзначајно е тоа што Детроит е средиштето на најбројната македонска колонија во Соединетите Американски Држави, во која првите печалбари од егејскиот дел на Македонија, од Преспа, Битолско, Тетовско и други места се доселиле уште при крајот на XIIII век.

Денес во метрополата  живеат четириесетина илјади Македонци и тоа претежно од Тетовско, Преспанско, и Битолско. Затоа, со право се вели дека Вратница – Тетовско и Љубојно – Преспанско се преселиле во Детроит, а нив, за жал, ги има повеќе таму отколку во Македонија (околу 300 семејства од Вратница, а околу 120 семејства од Љубојно).

МПЦ „Света Богородица“ во Детроит

Во разговор со Светле и неговиот татко Тврдомир Стамевски бев информиран дека  доселениците со потекло од Полог се претежно членови на македонската православна црква „Света Богородица“, која е еден од најзначајните македонски духовни и културно-просветни центри во САД. Таа е собиралиште на голем број Македонци, особено од тетовскиот крај, кои живеат во метрополата Детроит и пошироко. Таа е организатор на бројни активности, меѓу кои и на црковно-народни собири. 

Младинците од Детроит чии дедовски корени се протегаат во Македонија, во тетовскиот регион, пак, формирале свое друштво. Тоа било основано на 10 ноември 2001 година, кога и се организирала голема гру­па младинци, претежно ителектуалци. Младото друштво “Полог” било ор­га­низатор на бројни игранки и други собирања.

Исто така, македонскиот клуб во метрополата Детроит е “Лешек”, кој бил формиран во текот на 2001 година, а бил регистриран пред американските власти во јануари 2002 година. Овој клуб е собиралиште на доселениците од селото Лешок, Тетовско и е организатор на селската слава посветена на св. Богородица.

Меѓутоа, како што рече Светле Стамевски, одреден број Теточани во Детроит црквувале и црквуваат и дале финансиска помош, а и денес се едни од најбројните и најактивните во Српската православна катедрална црква Св. Лазар – “Раваница”. Нив ги има од Вратница, Беловиште, Рогачево, Одри и други села.

Според некои показатели најголемиот број македонски доселеници во Детроит се од Вратница, Тетовско. Тие црквуваат и во МПЦ „Св. Богородица“ и во СПЦ  Св. Лазар “Раваница”, како и во вратничката црква „Св. Петка“. Оваа селска заедница која поседува голема сала каде се организираат разни манифестации има и мала црквичка. Објектот бил изграден во 1979 година, во кој е сместена црквичката, која  е под јурисдикција на Спрската православна црква.

Продолжува

 

 

 

Најново од: Дијаспора

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

To top