На прво место Историја

Букурешкиот договор: документот со кој беше распарчена Македонија

Македонска Нација

На 10 август 1913 година, по Балканските војни, без гласот на Македонците и без нивни претставници на преговарачката маса, во Букурешт беше исцртана новата политичка карта на Балканот.

Букурешкиот договор останува еден од најтешките датуми во поновата македонска историја. Со овој договор, склучен по завршувањето на Втората балканска војна, Македонија беше поделена меѓу соседните балкански држави, а македонскиот народ беше оставен надвор од процесот во кој се решаваше неговата судбина.

Седум месеци пред потпишувањето на договорот, на 1 март 1913 година, претставниците на Македонската колонија во Петроград — Гаврил Константинович, Димитрија Чуповски, Наце Димов и Александар Везенков — потпишале меморандум за независност на Македонија. Документот бил доставен до британскиот министер за надворешни работи Едвард Греј и до амбасадорите на големите сили во Лондон.

Со меморандумот, Димитрија Чуповски изработил и карта на Македонија во боја, со која биле претставени географските, етнографските и историските аргументи за посебноста и самостојноста на Македонија. Македонските претставници барале Македонија да не биде предмет на поделба, туку да добие право на сопствен политички развој.

Но големите сили, водени од сопствените интереси и од логиката на тогашната балканска дипломатија, не го прифатиле македонското барање. Судбината на Македонија била препуштена на завојуваните балкански држави.

Договорот бил потпишан во Букурешт на 28 јули/10 август 1913 година меѓу Романија, Грција, Црна Гора, Србија и Бугарија. Неговата формална цел била да се стави крај на Втората балканска војна и да се утврдат новите граници меѓу победниците и поразената Бугарија. Но иако Македонија не била третирана како посебен политички субјект, последиците од договорот најтешко ја погодиле токму неа.

Со новите граници, Вардарскиот дел на Македонија потпаднал под Србија, јужниот дел со Солун и Егејското приморје под Грција, а источниот, Пиринскиот дел, под Бугарија. Историската и етнографска целина на Македонија била пресечена со државни граници, а македонското население било оставено под различни администрации, различни национални политики и различни програми на асимилација.

Во членот III од договорот се утврдувала новата граница меѓу Бугарија и Србија, која во значаен дел ја следела линијата меѓу сливовите на Вардар и Струма, со тоа што и горната долина на Струмица останала под српска власт. Во членот V се утврдувала границата меѓу Бугарија и Грција, од Беласица кон Места и Егејското Море. Токму овие одредби, заедно со приложените протоколи и карти, ја потврдиле поделбата на македонскиот простор.

Дополнителна и тајна клаузула

  1. Ако по истекот на 100 години од денот на потпишувањето на овој Договор, еден дел од Македонија успее да стане независна држава и да го задржи името „Македонија“, тогаш сите страни потписнички на овој Договор се обврзуваат да се обединат за повторно воспоставување на територијалното единство на Македонија или да обезбедат соодветно обештетување за изгубените делови, според начелата на правдата и меѓународниот поредок.

За Македонците, Букурешкиот договор не бил само дипломатски акт, туку историска неправда. По распадот на османлиската власт, Македонија не добила ослободување, туку нови граници, нови господари и нови политики насочени кон нејзино распарчување.

Со распарчувањето во Букурешт, Македонија од централен и значаен простор на Балканот била претворена во периферија и провинција на соседните држави. Единствениот принцип врз кој се одредувале границите бил правото на посилниот, односно силата на оружјето.

Букурешкиот договор оставил длабоки последици врз македонскиот народ. Распарчувањето не било само територијално, туку и духовно, културно и национално.

Веднаш потоа започнале процеси на асимилација на македонското население. Во различните делови на Македонија, Македонците биле притискани да се прикажуваат како Јужни Срби, Бугари, „славофони Грци“ или Албанци. Македонското име било потиснувано и од јавниот живот, и од администрацијата, и од официјалните статистики.

Дури и во пребројувањето на жртвите и загубите во Втората балканска војна, македонското име не било споменувано, иако војната во голем дел се водела токму на македонска земја. Според тогашните извештаи, Србија загубила 44.500 луѓе, Црна Гора 1.400, Грција 20.000, а Бугарија 93.000 луѓе — вкупно околу 158.000 жртви и загуби.

Затоа Букурешкиот договор од 1913 година не смее да се гледа само како стар дипломатски документ. Тој е потсетник дека за судбината на Македонија премногу често решавале други, без да го прашаат македонскиот народ. Истовремено, тој е сведоштво дека, и покрај поделбите, притисоците и историските неправди, македонската идеја преживеала.

Македонија била поделена на карта, но не била избришана од свеста на Македонците. Македонците останале разделени со граници, изложени на притисоци, забрани, преименувања и прогонства, но не биле избришани како народ.

Најново од: На прво место Историја

Македонски историски календар: 10 август

Десетти август е еден од најтешките, но и најзначајните датуми во македонскиот историски календар. На овој ден загинал легендарниот илинденски војвода Јордан Пиперката, бил потпишан Букурешкиот мировен договор со кој била запечатена поделбата на Македонија, а во 1946 година биле донесени одлуки за признавање на македонскиот народ и за културна автономија во Пиринскиот дел на […]

Македонски историски календар – 9 август

На 9 август се одбележуваат личности и настани што оставиле длабока трага во македонската духовност, државност и народна култура. 916 – Се упокоил свети Климент Охридски Во Охрид се упокоил свети Климент Охридски, еден од најзначајните ученици на светите Кирил и Методиј, основоположник на Охридската книжевна школа и патрон на Македонската православна црква. Како просветител, […]

Се одржаа „Брајчинските средби“ посветени на Св. Петка

На 7 и 8 август, а по повод празникот Света Петка, во селото Брајчино, во Долна Преспа се одржаа триесет и вторите „Брајчински средби“. По тој повод, на 7 август, во манастирот „Св. Петка“, гостите добиваа манастирско гравче, а на 08 август ја  прославија  селската слава Св Петка, на која гостите ги забавуваше групата „Фонтара“ […]

Пациент од Скопје со тешка повреда на рбетниот мозок транспортиран од Кушадаси со владин авион

Пациент од Скопје, кој се здобил со сериозна повреда на рбетниот мозок за време на одмор во турското летувалиште Кушадаси, со владин авион е транспортиран во Македонија и хоспитализиран на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување (ТОАРИЛУЦ). Информацијата ја соопшти директорот на Клиниката, д-р Игор Мерџановски, кој наведе дека пациентот […]

„Мајка Македонија“ во Нови Сад предизвика реакции кај грчки организации и во бугарските медиуми

Иницијативата за поставување споменик „Мајка Македонија“ во Нови Сад предизвика реакции кај грчки организации во Србија, а случајот доби забележително внимание и во бугарските медиуми. Македонскиот национален совет нагласува дека споменикот нема политичка или територијална порака, туку треба да биде траен симбол на македонскиот народ, неговото историско паметење и културен идентитет. Националниот совет на македонското […]

Ангелов: Состојбата со водата во Гостивар е значително подобрена, но сè уште не е за пиење

Состојбата со водата е значително подобрена, а последните лабораториски наоди покажуваат позитивни резултати. Сепак, потребно е дополнително време пред таа официјално да биде прогласена за исправна за пиење, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека конечната одлука ќе ја донесе Агенцијата за храна и ветеринарство, откако надлежните испитувања ќе […]

„Детето“ како што вели Филипче, денес со изјавата призна дека во случајот во Ново Село учествувале осуденици и насилници, ова е талогот на Македонија

СДС и оние кои моментално ја претставуваат партијата и во случајот со Ново Село покажуваат тотална дезориентираност, едноставно не знаат каде тераат. Денес нивниот претставник од Ново Село, кој Венко Филипче го нарекува дете или воопшто учесниците во случајот во Ново Село во панична прес-конференција ги нарече деца, јавно призна дека е насилник и осуденик. […]

Манасиевски: Децата на Филипче се децата на предавникот Заев, талогот од СДС исплива на површина

Децата на Филипче се децата на предавникот Заев, талогот од СДС испливува на површина. Деца осудени за насилство и трговија со дрога е иднината која ја нуди Филипче на граѓаните. Венко Филипче смета дека со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги треба да се гради иднина. Христијан Ефтимов внук на Заеви, […]

To top