Македонците достојно го одбележаа Илинден во Мелбурн
Во чест на големиот верски и национален празник Илинден, МЛД “Кочо Рацин” од Мелбурн зеде активно учество на два големи настани, Илинденски фестивал организиран од ФОМКУД во South Morang и Чествувањето на Илинден пред споменикот на Гоце Делечев – Epping, во организација на Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија (МПОМВ).
Kако и секоја година така и оваа македонските организации, социјални друштва, пензионерски групи од Мелбурн – го одбележаа овој празник на достоен начин.
На овој начин се изразува почит кон потеклото, историјата, традицијата, културата и јакне духот на Македонците во светот.
Македонскиот вицеконзул Силвана Ивановска, заменик генералниот конзул Алија Алијевски ги поздравија присутните и честитаа големиот ден.
Пред присутните се обратија, претседателот на МПОМВ, Дејан Змејковски и претседателот на ФОМКУД, Џорџ Ламбески.
Следуваа обраќања и рецитации од Гордана Димовска – претседателка на МЛД „Кочо Рацин“ од Мелбурн и Стеван Ацески чии поеми беа прифатени со восхит.
Женскиот хор при црквите „Св. Георги“ и „Пресвета Богородица“ ја испеa химната а потоа ги исполнија песните – Заветна и Крушево абер пристигна.
По официјалниот дел од оваа свеченост, организациите положија венци и свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев.
Најмладите учесници од Македонското културно уметничко друштво „Светлост“, во прекрасни народни носии, изиграа македонско традиционално оро и кореографија на песната Девојче бело црвено.

Нека и понатаму се јакне духот и почитта кон македонските национални вредности и со повеќе успеси да се слави големиот Илинден.



