Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса, 1969–1998) студирала класични јазици во Јаши и ги проучувала делата на свети Јован Златоуст. Се упокоила на 8 ноември 1998 година, на 29-годишна возраст, и била погребана во манастирот Петру Вода во Романија.
Во 1995 година добила стипендија од Фондацијата „Сорос“ за магистерски студии по средновековна историја на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта.
Според сведоштвото на монахот Филотеј Балан од манастирот Петру Вода, таа споредувала ракопис на Златоустовото толкување на Книгата Битие со печатениот текст вклучен во збирката Patrologia Graeca. Балан пишува дека во својата работа таа посочила разлики и дополнувања во печатената верзија.
Според Балан, и предложеното докторско истражување се однесувало на Книгата Битие, односно на односот на светите оци кон толкувањата на Ориген. Тој раскажува дека Танаса, по читањето на изворните текстови, дошла до заклучок дека светите оци ги оспорувале неговите толкувања и дека околу тоа имала несогласувања со професорите.
Монах Филотеј Белан од манастирот Петре Воде раскажува:
„Сестрата Херувима студираше антички хеленски и латински јазик на Универзитетот во Јаши (Романија) и доби стипендија од Сорос фондацијата за продолжување на постдипломски студии на Централноевропскиот универзитет.
Целта на нејзината научна работа беше да ги проучи старите ракописи од Евангелијата со толкување на Свети Јован Златоуст. Како резултат на истражувањето, таа докажа дека текстот што бил испечатен од езуитите, а подоцна (18ти век) вклучен во „Грчката патрологија“ содржи многу промени и изобличувања во споредба со текстот на ракописот на Свети Јован Златоуст кој таа го проучувала.
Конкретни примери : Наместо “човек Македонец“ било заменето “Човек од Мекедонија“. Наместо “Македонците од Филипол“, било вметнато“ граѓаните од Филипол“.
Но професорите од универзитетот ја охрабрувале дека ова се само механички грешки, а таа слободно да продолжи.
Таа продолжила со работа и спремала докторат на темата “Апостол Павле“ кога открила дека има страшни грешки во самата суштина на современите преводи. Во деловите со Апологетика, Догматика и Светоотечко предание.
Кога го објавила сето тоа, и се заканиле дека ќе и ја укинат стипендијата. Таа продолжила со работа без стипендија.
По еден месец и се појавил хематом на грбот. Хематомот преминал во тумор. Повредата настанала од радиациско зрачење, како од ласер. Романските лекари не виделе такво нешто.
Добила канцер и се упокила во Христа. Примајќи велика схима и маченички венец.
Света Сестро Херувима, моли го Христа за нас грешните.
Tom Che Shirkov објавено во Родина Македонија