Македонски легенди

Наде Проева

Тихомир Каранфилов

Тихомир Каранфилов

Наде Проева (9. IX 1949 – 6. XI 2024) е македонски историчар, универзитетски професор, научник со светско реноме и борец за македонската кауза. Таа е истражувач кој ја афирмираше античката историја на Македонија, која долго време бил запоставувана. Оставила длабока трага во македонската и светската историографија.

Наде Проева е родена на 9 септември 1949 година во Ресен. Во родниот град завршила гимназија, а потоа студирала на Групата археологија на Филозофскиот факултет во Белград. Дипломирала во 1973 година, со темата „Четири необјавени доцноантички некрополи од околината на Прилеп“. Во јуни 1978 година, на Филозофскиот факултет во Белград, таа ја одбранила магистерската тема: „Типологија на надгробните споменици во југословенскиот дел во римската провинција Македонија“. Во декември 1992 година, ја одбранила докторската теза: „Влијание на доселениците на развојот на културните прилики во римската провинција Македонија“. Заради продлабочување на студиите по митологија, епиграфика и нумизматика била на студиски престој на Сорбона–Париз  од 1979 до 1981 година.

Од 1973 до 1975 година, Проева работела како кустос во Народниот музеј во Прилеп, а од 1984 година предавала Историја на античките Македонци и Историја на стариот век (староисточни народи, антички Грци и Римјани) во Институтот за историја на Флозофскиот факултет во Скопје.

Проева учествувала во ископувањата на антички и средновековни локалитети (во Македонија, Србија, Полска и Грција), како и во проекти на Археолошкиот институт во Белград, на Берлинската академија на науките, на САНУ и на МАНУ.

Во текот на својата богата кариера, настапувала на повеќе меѓународни научни собири: во Франција, Канада, Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија и Холандија, а имала и студиски престои во Полска (1977), во Француската археолошка школа во Грција (повеќепати до 1992), во Францускиот институт во Истанбул (1993), во Австриската академија на науките (1998) и на универзитетите во Нанси, Нантер – Париз Х и др.

Исто така била уредник и подготвувач е на едициите Miscellanea byzantino-macedonica и  Historia antique macedonica, како  и преведувач и издавач на антички автори. Објавила поголем број прилози во домашни и странски списанија и зборници.

Наде Проева оставила длабока трага во македонската и светската историографија, афирмирајќи ја античката историја на Македонија. Фундаментални во разбирањето на античките корени на македонската култура и идентитет се нејзините научни трудови меѓу кои: „Студии за античките Македонци“ (Скопје, 1997), „Историја на Аргеадите“ (Скопје, 2004), „Александар Македонски: живот и дело“ (Скопје, 2012), „Религијата на античките Македонци“ (Скопје, 2014). „Триптих за македонскиот идентитет: огледи за македонското самосознание од средниот до новиот век“ (Скопје, 2018).

Таа е носител на орденот на Владата на Франција „Витез на академските палми“ (Chavalier de palmes academiques – 1997). Постхумно ѝ е доделен Орденот „8 Септември“ од претседателката на РС Македонија, за исклучителен придонес кон македонската историографија.

Наде Проева почина на 6 ноември 2024 година во Скопје.

Најново од: Македонски легенди

Димитар Влахов – живот посветен на македонското прашање

Димитар Влахов (1878–1953) е македонски револуционер, публицист, дипломат и државник, една од значајните личности во македонската национална и политичка историја. Неговиот животен пат ги поврзува револуционерните борби од крајот на XIX век, настојувањата за ослободување и обединување на Македонија и создавањето на современата македонска држава. Има луѓе што живеат во историјата и луѓе што учествуваат […]

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса загина за вистината

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса, 1969–1998) студирала класични јазици во Јаши и ги проучувала делата на свети Јован Златоуст. Се упокоила на 8 ноември 1998 година, на 29-годишна возраст, и била погребана во манастирот Петру Вода во Романија. Во 1995 година добила стипендија од Фондацијата „Сорос“ за магистерски студии по средновековна историја на Централноевропскиот […]

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

To top