Коментари

Продолжени нападите врз „Македонска нација“

ico-najdoski-i-jovan-vraniskovski

ico-najdoski-i-jovan-vraniskovskiДа му се дава големо значење на нападите на Ицо Најдовски – Перин, од Австралија, упатени до Мане Јаковлевски, а со тоа и на „Македонска нација“ нема потреба. Но зачудува упорноста и жестокоста на нападите со кои  истиот се обидува да го наруши неговиот интегритет. Континуираните напади на Најденовски преку медиумите или социјалната мрежа преминуваат во права патологија. Упорно Најденовски се обидува да докаже нешто за што нема никакви аргументи, посебно кога се работи за блиските односи помеѓу долгогодишните пријатели и соработници какви што беа Јаковлевски и сега покојниот Драган Богдановски.

Тргнувајќи од овој факт, паметен човек неможе а да не се зачуди и запраша зошто толкава омрза блика од овој човек, и зошто го користи медиумскиот простор за да дискредитира не само личности туку и цели институции на македонскиот народ.

Ако ги изоставиме Јаковлевски и „Македонска нација“, тогаш барем нека има почит кон МПЦ – ОА. Но за жал, за него побитен е Јован Вранишковски и неговата расколна црква, отколку соствената матична Македонска Православна Црква – ОА.

Што е тоа што го тера Ицо толку силно да оди против своите корени, против сопствената земја и народ?

Дали се работи за извршител кој спроведува одредени нарачани активности?

Дали сето тоа значи дека се работи за лични интереси и дека добро го изучил медиумскиот занает каде само за да се биде во центар на вниманието на јавноста,  подобро е да се има и негативна кампања отколку никаква, или пак се работи за фрустрирана и конфликтна личност?

Се’ се тоа прашања кои бараат одговор, но тие не се површни и имаат длабоки корења.

Да се потсетиме дека Ицо Најдовски емигрирал во Австралија во 1985 година.

Кои се причините кои го навеле да се исели во Австралија не навлегуваме, но сигурно не се од политичка природа, со оглед дека потекнува од печалбарски крај и дека долго се преставува како Југословен. Но секоја промена на средината за живеење, на амбиентот  не претставува пријатен одмор. Честопати ваквите промени оставаат длабоки траги во душата, во психата на човекот за подоцна да се манифестираат на разни начини.

Еве што велат психолозите за ова.

„Одредени личности кои одлучиле да емигрираат од политички или социо-економски причини, тешко го поднесуваат живеењето во страна средина. Доаѓањето во непозната средина и промената на еден или повеќе аспекти од материјалната и социо-културна  амбиентална реалност, кај поединецот може до таа мера да предизвика нарушување на психосоцијалната рамнотежа така да личноста неможе долго време да воспостави внатрешен баланс.“

Даесет и пет години подоцна, според однесување на Ицо Најдовски – Перин и дадените изјави, тешко може да се каже дека тој успел да воспостави внатрешен баланс и дека таа криза оставила длабоки траги кои денес преминуваат во нешто сосема страно на нормалното однесување.

Вака искажано некој ќе рече дека ова се однесува за сите емигранти, за сите Македонци кои живеат во дијаспората.

Но тоа не е баш така, и ваквите реакции не се појавуваат кај секого.

Еве што велат психолозоте за појавата на ваквите реакции.

„Ваквите причини кои предизвикуваат кризна состојба кај поединецот, не влијаат подеднакво кај сите личности. Кој од поединците ќе биде зафатен, во многу нешта зависи од индивидуалниот склоп на самата личност, како и од интензитетот и должината на времетраењето на кризната состојба на која се изложени.

Бидејќи вообичаено тој е сам против околината која го опкружува, се нарушува релацијата на која се остваруваат основните егзистенцијални потреби, со што се зголемува загриженоста, кој е основен елемент на психолошката криза на поединецот. Некои бранејќи се од ваквата состојба ја надминуваат кризата, се адаптираат, извлекуваат поука и стануваат позрели како личности,  ги прошируваат видиците за себе и светот, но некои создаваат нереална, уште поискривена  слика за себе, за своите можности и потреби.“

За разлика останатите наши иселеници, изгледа дека Најдовски е еден од ретките кој не успеал и за себе, за да задоволи одредени потреби, формирал нереална слика за сопствените вредности. Зад неа тој се крие и што е пострашно почнува да верува во приказната која ја создал. Се претставува како патриот, а нема ни п од патриотизам кај него. Се претставува дека има високо образование, а оние кои го познаваат велат дека лаже.

Во вакви ситуации кога се пртставуваш со искривени вредности, психолозите велат дека вообичаено е ваквата состојба кај индивидуата да предизвикува загриженост, загрозеност, страв и неизвесност, кои можат да бидат комбинирани со несистематизирани параноидни идеи.

Доколку навреме не се превземат чекори за да се остранат причините ваквата состојба може да кулминира во реактивна состојба. За нив таа често пати не одговара на одредени настани, што е резултат на  смалување на адаптивните способности на личноста, а некогаш има одбранбен карактер кој ја чува личноста од понатамошна трауматизација. Во тој случај, психолозите велат дека личноста се исклучува од настанот, не е приемчива за реалноста на непријатните настани. Оваа заштитна функција на реактивната состојба најчесто се остварува со помош на регресивно однесување, односно се однесува на начин кој не одговара на вистинскиот степен на неговиот развој и зрелост, на пример пуерилизам, односно тоа е однесување на дете.“

Отука постапките на Ицо Најденовски – Перин, можат да се сведат на постапки на недозреано дете кое е контролирано и злоупотребено од други кои добро ги познаваат неговите лични амбиции, потреби и недостатоци. Отука можат да се проследат и неговите постапки кога под влијание на други долго се пртставуваше за југословен, кој не веруваше во независноста на сопствената земја, човек кој сеуште работи против соствената црква, и ги подржува оние кои работат против интересите на матичната држава.

Тргнувајќи од овој аспект, само се наметнува прашањето поставено со еден стар израз:

„кој си бе ти „суртук еден“ да им го нарушуваш интегритетот на другите, да докажуваш и да судиш, да шириш дезинформации? За такво нешто одамна си го изгубил кредибилитетот и не си дораснат, нити некогаш ќе пораснеш за да се спротивставуваш или да спомнуваш личности кои ја граделе поновата македонска историја и кои се искалиле во борбата за самобитност на македонскиот народ.

makedonska-nacija
Македонска нација

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top