Коментари

Ицо Најдовски повторно….

makedonska-nacija

makedonska-nacija
Македонска нација

Со евтини трикови, без аргументи, со лаги, во македонските и австралиските медиуми, Ицо Најдовски, продолжува со писанијата со кои   настојува  да го наруши угледот на нашата Света  Македонската православна црква – ОА, на  митрополитот Петар, надлежен архиереј на Преспанско-пелагониската епархија и администратор на Австралиско –новозеланската епархија и на Мане Јаковлески, еден од основачите на македонската патриотска партија ВМРО-ДПМНЕ.

Кутриот Ицо, сигурно не знае дека во  развиено демократско општество, говорот на секој граѓанин е загарантирано  правото, но, не дозволено „лов на вештерки“, односно прогон на неистомислениците. Континуитетот на нападите кон Мане Јаковлевски, а со тоа и кон „Македонска Нација“ е очигледен. Трагајќи по вистината за „елиминација“ на основоположникот   на ВМРО ДПМНЕ, Драган Богдановски, од местото на претседател на Македонскиот задграничен комитет, во  „Утрински весник“,во  разни блогови, како и преку програмата на македонски јазик на австралиското радио „Трипл зед“,во своите коментари вината за смената на Богдановски ја насочува кон Јаковлевски и  го обвинува за  соработник со УДБа.

Интересно е тоа што Ицо Најдовски – Перин, кој е роден во битолското село Оптичари и од 1985 живее во Мелбурн,  се преставува како австралиски научник, кој дипломирал на насоката Историја и мултикултура на Универзитетот во Мелбрун, ( нашите од  Австралија кои добро го позанаваат, тврдат дека дипломата му е  фалсификат) . Сепак ако е така, тогаш Најдовски сигурно, како магистер по Историја и мултикултура, научил дека при коментирањето на одредени настани потребни се валидни докази верификувани од неколку извори. Сето друго изнесено од негова страна како констатација врз основа на изјавите од типот  „ти реков – ми рече “, „бев присутен – ама не видов“ „слушнав – ама не дослушнав“, „ми раскажа очевидец на настанот што не беше таму“, а без поткрепа на аргументирани докази, се невалидни и еднакви на клевета, со која се нарушува угледот и честа  на  личноста.

Во овој случај не се работи за научно истражување преку кое ќе се осветли делото на Драган Богдановски, причините зошто и кој го сменил од местото претседател на Задграничниот  комитет на ВМРО ДПМНЕ, може да се види од непрофесионалните и тендициозно водените   интервјута на Ицо  со познати личности од политичкиот живот во Македонија и лица кои биле блиски со Драган Богдановски. Однапред добро осмислени да го наведе  соговорникот, по секоја цена да најде било каква  вина кај Јаковлевски за смената на Богдановски. Но, најитересно е што  сите интервјуирани  немаат дадено дециден одговор или пак да посочиле било каков доказ,  со кој би се потврдила замешаноста на Јаковлевски во смената на Богдановски, како и потврда дека бил од службите , туку се се  сведува само на инсинуации.

Би се навратиле на еден дел од обвинувањата на Ицо Најдовски – Перин, кој го споменува  записникот од состанокот одржан во Хамбург во 1992 година (документ објавeн лично од Мане Јаковлески во „Македонска нација“), вели: „Во отсуство на Драган Богдановски, присутните делегати едногласно го менуваат идеологот на македонското движење во Дијаспората, а на негово место седнува неговиот долгогодишен „соработник“ и „војвода“ Мане Јаковлевски. Тоа го прави без да има и малку грижа на совеста  и продолжува до денешен ден да го држи/ат во тајност слободарското и про македонско движење на Драган Богдановски. Зошто? „

Како „магистер по Историја и мултикултура“ ова прашање за Најдовски не треба да претставува  тајна. Напротив неговата опсесија за дискредитација на г. Јаковлевски,   го тера не само да го навредува него, туку и Драган Богдановски, за кого пред народот има полна уста фалби, а ниту некогаш соработувал со него, ниту пак  се сретнал, бидејќи во  деведесетите години на минатиот век Ицо се шетал низ Австралија, како невиден „патриот“ со маица на која било испишано „Југославија„!!!

Би го запрашале Најдовски дали смета дека Драган Богдановски бил наивен идеолог и политичар кој слепо им верувал на своите соработници? Би го запрашале Најдовски како е можно да ја „разоткрие“ улогата на Љупчо Георгиевски, а неможел да го „разоткрие“ Мане Јаковлевски? Ако не му се познати некои факти, нека го види писмото од 25.11.1996 г.( четири години по „исклучувањето“ на Драган од заграничиот комитет),  во кое Драган Богдановски од Малме, Шведска, му се обраќа со братски поздрав: „Се надевам драги Мане, дека си добар со здравјето како и твоето уважувано семејство. Малиот Самоил сигурно е сега голем војвода. Иако односите меѓу нас двајцата се сведоа на нула, верувајми брате Мане, дека секогаш те имам ценето како чесен и голем македонски патриот. Таков за мене ќе останеш за века.“.

Тоа значи дека Мане и по четири години од настаните во Хамбург, за Богдановски ќе остане пријател.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top