Коментари

Братски да ги решавате Црковните проблеми во Австралија

janko_tomov

janko_tomov
Јанко ТОМОВ,
Бризбен, Австралија

Македонското иселеништво да испрака скенирани текстови за публикување

Македонска нација, апелира до сите заинтересирани поранешни и сегашни македонски активисти, од иселеништвото, да испракаат скенирани – подготвени текстови-написи, за публикување . Текстовите да бидат, по можност до 4 страници.

Целта е преку скенираните текстови, да се публикуваат документи кој колку работел и допринел за Македонската кауза, во иселеништво.

Што Вие ќе ни испраќате, тоа ќе го публикуваме.

Апелираме до Вас, во вашите текстови, да нема лични напаѓања или навреди, туку, првенствено написи со соодветни факти, за вашите погледи , потреби, и остварени дела, на организираните македонски субјекти-организации, било да се од национален карактер, за човекови права на Македонците, било да се од политички, верски, културен, спортски и од друг карактер, кои се однесуваат за минатото и сегашноста, за Македонското иселеништво.

Активностите на бивши македонски активисти, во времето на национално- политичката организација “Движење за Обединување и Ослободување на Македониоја (ДООМ), како и во понатамошните периоди на Македонското движење во диаспората, од други македонски движења, до денес, не се доволно поврзани меѓусебно. Причина беше зошто немаа своја јака национално-политичка организација и дека беше забрането најтиражното и најпатриотско списание, во дијаспората “Македонска нација”, а и други списанија, посебно во Република Македонија, која беше под комунистички режим.

Со обновувањето на “Македенска нација”, во 2009 година, отпочна и мегусебното зближување, на сите тие македонски патриоти и подржувачи на Македонскит демократски поредок во републиката. Сите тие кои, според способностите , во тогашните услови, со активното нивно ангажирање , во македонското движење, специјално во дијаспората, се отвораат можностите да се презентира пред јавноста кој што работел или што стработил за Македонското дело.

Некои активисти од минатото, кои ги изгубиле мегусебните контакти, со објавувањето на текстови на “Македонска нација” меѓусебно ќе се најдат, а со тоа ќе се разјаснат многу работи кои до сега не се објавувани, од страв или од немање можност каде да се публикуваат.

Во интерес на сите нас е да ги публикуваме настаните од демократските движења во дијаспората, активностите на поранешните тајни и забранети Македонски организации, како во Македонија исто така и во диаспората. Посебно тие, кои се дел од успешното соборување на комунизмот и формирање самостојна држава Македонија.

Тие патриоти кои ги поставија темелите на плуризмот во Република Македонија , денес реагираат и си ги бараат нивните права за своите деценијски патриотски активности, пропратени со тешкотии и отпори од југословенската УДБ-а и нејзините “маши” во дијаспората.

Активноста на поранешните и денешните патриоти треба да биде усмерена на ефективни делувања., наместо на мегусебни препукувања и навредувања.

Активностите на Македонските патриоти во минатото, треба да ни биде денес патоказ на сите нас, да се почитуваме едни со други и да изнавоѓаме начини и можности, преку интелектуални и добри сегашни активности, за македонското движење и македонската кауза, да продолжиме да работиме за Македонија.

Сите Ние застапувајки ги нашите организации, општини, цркви и сл., во кои сме биле или сега сме ангажирани и активни, да престанеме непотребно мегусебно да се навредуваме!…

Македонските Патриоти во иселеништвото, не е доволно само да се допишуваат и мегусебе контактираат на фејсбук, туку треба подлабоко да се концентрираат во нови форми на активност, со кои би го промовирале македонското битие.

Наместо да се конфронтираат и препукуваат за македонските административно- верски проблеми во Австралија, Македонците треба да се собираат и да дискутираат за начинот како да информираат за Македонија. Како да ги информираат меродавните политички фактори, конгресмени, пратеници и други во државите во кои живееме ние Македонците.

Дали имате забележено некое групно организирано делување на наши интелектуалци, кои се добри на пишување, да одат најавено и организирано во институции на тие држави, каде денес живее македонскта емиграција? Дали таа група била подготвена и спремна како и со што настапила?

Понатаму, треба да имаме чувство кои факти треба да се истакнат и во кои дипломатски и сл. средини, кои имаат моќ да помогнат, првенствено во очувување на уставното име на Македонија,а потоа и за воспоставување на поплодна соработка во сите области што ни се од значење.

Вие помладите генерации, специјално вие кои го владеете академскиот англиски и кои имате колеги и контакти, во вашите работни средини, тоа подобро ке го направите од било кој друг. За таа цел треба да ги набавите најнови историјски книги за Македонската античка , средновековна, а и модерна историја.

Истакнувањето на најпотребни факти, како добро трасирање или чистење на патот, води кон вистината за Македонците и за Македонија.Тоа ке создаде услови за понатамошна работа и за тие патриоти, кои се специјализирани во тие историјски области, како што е македонскиот историчар Александар Донски, кој има десетици такви историјски дела, потоа Ристо Стефов од Канада, Јанко Томов од Австралија, како и други од Македонија.

Ако пак не можете, за почеток да се снабдите со такви дела, побарајте ги најновите брошури од Културно Просветната Асоцијација “Григор Прличев” од Сиднеј или групно испраќајте прашања за Македонија, преку “Македонска нација “ или на е-маил: јтомовЖбигпонд.нет.ау.

За крај уште еднаш истото прашање:

Дали некој досега има организирано посети на институциите на актуелните влади во Австралија, кои не го признаваат нашето уставно име? Да не ни се случи да ги заборавиме и занемаруваме сите национални и политички потреби и на Македонците, но и на нашата држава, Република Македонија!

Апелирам да си размените, еден према друг, извинувања и дека понатаму нема да има потреба одново за такво нешто.

Со верба во Бога и со љубов кон Македонија, концентрирајте се братски да ги решавате Црковните проблеми во Австралија и напуштете ги судовите.

Македонија е се што имаме!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top