Коментари

Израел и Македонија – невозможни споредби

milan-adzievski

milan-adzievski
Милан АЏИЕВСКИ

Дали е божја болја двата најстари народи на светот последни да формираат свои држави – не е познато, но секој знае дека првиот, избраниот еврејски народ на својата терторија успешно се развива и егзистира, додека македонскиот во тоа не успева!

Во спомен на 7.144 згаснати еврејски животи за време на бугарската окупација на Македонија во Втората Светска војна, во Скопје се одржа досега невидена комеморативна манифестација.

Во три урни  беше донесена пепелта од македонските Евреи од Штип, Битола и Скопје, кои беа егзекутирани во националистичкиот логор Треблинка во 1943 година.

На 9 март урните со пепелта од битолските и штипските Евреи беа поставени во Музејот на Скопје до онаа на скопските егзекутирани еврејски сограѓани, а наредното утро, со највисоки државни почести, урните беа поставени на местото на нивното вечно почивалиште во Меморијалниот центар на Холокаустот на македонските Евреи,што е изграден на местото каде негогаш беше бујното и живо еврејско маало.

Ова е повод да се потсетиме на некои споредби кои овозможуваат да се видиме во сопственото огледало.

Израелскиот и македонскиот народ имаат многу заедничко, и двата се библиски народи, и двата имале свои успешни царства што пропаднале, биле уништени од туѓите посилни освојувачи, но има уште повеќе и поголеми разлики.

Израел, чии корени се стари близу 6000 години, своја држава конституира дури во 1948 година, кога на неговата сегашна територија имало само 10.000 Евреи – староседелци. Денеска Израел брои близу 7 милиони жители, со тенденција на постојано зголемување.

Во моментот на прогласувањето на израелската државност, односот Евреи – Арапи бил 20 спрема 80 отсто.

Во 1945 година, кога била конституирана македонската држава во рамките на тогашната ФНРЈ, односот Македонци, и други, спрема Албанци бил 90 спрема 10 отсто.

Денеска сликата сликата е значително изменета:

во Израел односот Евреи – Арапи е 75 спрема 25 отсто,

а во Македонија односот Македонци и други е 70 спрема 30 отсто.

Што ќе биде за 10, 20 или 30 години?… има ли некој храброст да прогнозира?!

Во овој факт лежи првата разлика помеѓу првиот и вториот библиски народ.

Втората разлика е во чувството за припадност кон сопствената нација, постои чувство за одговорност кон опстојот на сопствената нација и сознание дека таа ќе ти притекне во помош и заштита кога ќе биде потребно. Ова особено се истакнува кога се работи за националните приоритети.

Кај Евреите тоа чувство е постојана, прва одлика на нивниот идентитет. Кај Македонците тоа е констатен дефицит.

Затоа, опкружен со смртни непријатели од сите страни, Израел успешно функционира, а Македонија, опколена од четирите соседи, постојано се повлекува во самата себе, континуирано смалувајќи се и просторно и демографски.

Наредната разлика е фрапантна:

Израел егзистира и се развива на територија од 20.000 квадратни километри, од што половина е гола пустина, заедно со она што треба да им го отстапи на Палестинците.

Територијата на денешна Македонија има 26.000 квадратни километри, со три пати помалку жители, со многу подобра клима, обработлива земја, извори на квалитетна вода…

Каде сме ние, секому е јасно, а каде е Израел…

На светската ранг-листа на земји според квалитетот на живот, Израел е меѓу првите десет дестинации.

Според млечноста на кравите соодносот е 11.000 спрема 3.000 литри, во корист на тие што пасат на песок (!), ако е тоа, воопшто, можно.

Натаму, Израел на годишно ниво остварува од извоз на храна неколку милијарди долари, во нето износ.

Македонија троши девизи за увоз на храна!

Евреите од своите редови имаат едно чудо нобеловци, поточно третина од сите доегашни добитници на највисоката светска награда се Евреи. Не заборавајте – и основопложникот на тоа врвно признание, Алфред Нобел, бил Евреин.

Македонците немаат ниту еден.

Евреите имаат Светски Еврејски Конгрес, чиј претседател Роналд Лаудер влегува во Белата Куќа во Вашингтон секогаш кога ќе побара.

Македонија има свој Македонски Светски Конгрес, чиј претседател е вработен во општина Гази Баба како службеник.

Евреите имаа свој Европски Еврејски Конгрес, чиј прв човек Моше Кантор влегува во канцеларијата на Мануел Баросо без најава.

Македонија нема свој Европски Македонски Конгрес, затоа што близу половина милион македонски економски емигранти во Западна Европа се раскарани меѓу себе и нема кој да ги обедини.

Дали треба уште споредби за да сватиме дека како Македонци сме библиски народ само на убавата библиска хартија, и ништо повеќе…

За да бидеме нешто повеќе, не е предоцна.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top