Песни за Македонија

Химните на Република Македонија

Автори на химната на Република Македонија се Владо Малевски – текст (1941) и Тодор Скаловски – музика (1943).

Долу можете да го погледнете првичниот текст на химната (којшто се разликува од денешната официјана химна на Република Македонија) напишан во 1941 година, а првпат изведен во 1942 година.

Во заграда е стихот по којшто првично напишаната химна се разликува од онаа којашто за првпат била изведена.

Денес над Македонија

Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало!
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало!

Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!

Одново сега знамето се вее, (Од гроб станаа славните ѕидари)
на Крушовската република!
На Гоце Делчев, Питу Гули,
Карев, Влахов, Сандански
На Гоце Делчев, Питу Гули,
Карев, Влахов, Сандански

Не плачи Македонијо мајко мила,
Крени глава гордо високо,
Македонија слободна,
слободна ќе живее! (слободна живее!)
Македонија слободна,
слободна ќе живее! (слободна живее!)

Актурлна Химна на Република Македонија

Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
На Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Горите македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонија слободна,
слободно живее!
Македонија слободна,
слободно живее!

Зора на слободатa

“Марш на македонските револуционери” попознат како “Изгреј зора на слободата” е химна на АСНОМ-ска Македонија изведена на првото заседание на АСНОМ на 2 август 1945. Набргу после тоа е забранета под изговор дека е пробугарска, сепаратистичка и проавтономна Македонија.

Изгреј, зора на свободата,
Зора на вечната борба.
Изгреј в душите и срцата
на всички роби по света!

Тирани, чудо ште направим,
Ниј чуждо иго не трпим,
С јунашка крв ште ви удавим,
И пак ште се освободим!

Јунаци смели пак развиха
Окрвавени знамена,
Комити нови забродиха
Из македонската земја.

Тирани, чудо ште направим…

Ечат гори, полја, балкани
От бојни песни и Ура,
Сноват борците-великани:
Напред, готови за борба!

Тирани, чудо ште направим…

Нас ништо веч не ште уплаши,
И т’ј живеем ден за ден…
Свештени са горите наши,
Из тех свободни ште измрем!

Тирани, чудо ште направим…

Најново од: Песни за Македонија

Светлината од Скопје

Посветено на Мајка Тереза Мајка на светот, со срце од чисто злато, родена во Скопје, во скромно, мило јато. Од калдрмата стара, каде детството извира, таа тргна по пат што цел свет го вселува. Во Калкута далечна, сред болка и глад, им служеше на сите – и на старец и на млад. Во секое паднато […]

Песна за Александар Цар Македонски

Се провикна млад Александре, се провикна сред Македонија, та запали коња Букефала, Букефала, коња крилатога. „Слушајте ме, мои верни друзи, мои друзи, силни војводи, тесно ми е во оваа земја, мал е светот за јуначко срце!“ Па подигна силна си војска, нареди ја фаланга камена, со копјата в небо што се бодат, со штитови сонце […]

Црно му било пишано на Александар Турунџев

Црно му било пишано на Александро Турунџе, шеснајсгодишен војвода, на седумнајста го фатија.   Го турија во зандани, во тие тесни долапи, чифте белегзии на раце, и дробен синџир на гуша.   Телеграм дојде од Стамбол за Александар Турунџе, да си ја види невестата и својте дробни дечиња.   Го изведоа на Ат-пазар, му ја […]

Методија Шаторов – Шарло

Песната на Томе Велјановски – Марулецот е посветена на животот, револуционерната дејност и трагичната смрт на Методија Шаторов – Шарло, македонски комунист, национален деец и борец за признавање на самобитноста на македонскиот народ. Во Прилепа градот, во Ѓогдере Маало,на десеттиот јануарски ден, во 1897 година,Тасејца Шаторова машко дете родила,нункото името Методија му го дал. Порасна […]

Гордана Димовска : Света земја

Ти не си чудо, ти си светлина на светот. Ти си дрво со длабоки корени. Многупати некој ги кршел твоите гранки, удирал и во коренот, но ти сепак имаш некоја сила – не дозволуваш сосем да те уништат. На твоите гранки лисја се веат, шепотат и дење и ноќе. Ги будат другите цветови и тревки, […]

Гордана Димовска : Восклик за Македонија

Од ехото на минатото, низ бури и низ пламен, се раѓаше слободата како никулец од камен. Низ векови на ропство, на поделби и крик, македонскиот народ го чуваше својот лик. И дојде тој септември, тој историски ден, кога сонот на претците беше овековечен. На Осми септември, со гордост во очи, народот силно, со еден глас, […]

Црна се чума зададе

Црна се чума зададе, таму долу в Македонија, таму долу, в Демир Капија. Кој ќе се јунак избере чумата да ја пропади? Се избрал јунак, се нашол — млад Делче, млади војвода. Тој појде в Македонија чумата да ја пропади. Црн ми се облак зададе, пак долу в Македонија, таму долу, в Демир Капија. Дали […]

Александар Македонски на поаѓање во поход

Александар Македонски на поаѓање во поход Никогаш веќе нема да те видам на чардаците, ниту како наведната собираш летина. Никогаш нема да го чујам клепањето на косата ниту клепањето на воденичкиот камен во реката. Никогаш веќе нема да се вратат ни деновите, ни месеците, ни годините пред куќата, во дворот на чардаците и амбарите. Никогаш […]

To top