На прво место

ВМРО-ДПМНЕ од „пробугарска“ до „антибугарска“, истата стара матрица на СДС

Она што денес Венко Филипче го претставува како „опасен национализам“ и „антибугарска политика“ на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, во 1990-тите беше сосема спротивно.

Тогашната СКМ-ПДП, денешна СДС, ја убедуваше јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ е формирана со цел Македонија да биде дадена на Бугарија. Денес, истата таа партија ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека е против бугарските барања и против бугарското влијание. Навистина нема коментар.

Во раните години на македонскиот плурализам, секое будење на македонската национална свест беше прогласувано за опасност. ВМРО-ДПМНЕ беше етикетирана како „екстремна“, „бугарофилска“, па дури и „закана за државата“. Старите комунистички структури, неспособни да се соочат со новото време и демократските процеси, се обидуваа преку страв, етикети и манипулации да го задржат своето влијание.

Наместо политички натпревар со идеи и визии, јавноста беше бомбардирана со конструкции дека секој што зборува за македонски национални интереси, традиција, историја и достоинство има некаква „скриена агенда“. Во тоа време, СКМ-ПДП денес СДС тврдеше дека ВМРО-ДПМНЕ е „пробугарска партија“, дека сака да ја оттурне Македонија од нејзиниот пат и дека самото нејзино формирање претставува опасност за државата.

Но денес, три децении подоцна, сведочиме на целосен политички апсурд. Истата таа СДС, наследничка на СКМ-ПДП, која некогаш тврдеше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја „однесе Македонија во Бугарија“, денес ја обвинува дека е „антибугарска“ затоа што не ги прифаќа безусловно сите барања што доаѓаат од Софија.

Според таа логика, ВМРО-ДПМНЕ во 1990 година била „премногу блиска“ до Бугарија, а денес е „премногу далечна“ од Бугарија. Тоа најдобро покажува дека проблемот никогаш не бил во вистината, туку во потребата СДС да создава наратив што во дадениот момент политички им одговара.

Уште потрагично е што СДС денес се претставува како единствен „европски“ и „демократски“ фактор, додека секој што не се согласува со нивните отстапки кон Бугарија веднаш се прогласува за „ретрограден“, „изолиран“ или „против Европа“.

Но народот памети.

Памети кој во 1990 година ширеше стравови дека ВМРО-ДПМНЕ е „фашистичка“ и „пробугарска“ партија. Памети кој тврдеше дека Македонија не треба да оди кон НАТО и ЕУ ако тоа значи зајакнување на македонскиот национален идентитет. И денес народот гледа кој е подготвен да прави отстапки за јазикот, историјата и идентитетот само за да остане политички прифатлив пред надворешни центри на моќ.

Во суштина, СДС со децении не води принципиелна политика, туку политика на моментален интерес. Кога им одговара, ВМРО-ДПМНЕ е „бугарска“. Кога им одговара — е „антибугарска“. Единственото што останува непроменето е потребата преку етикети, поделби и манипулации да се дискредитира политичкиот противник.

Но Македонија повеќе не е држава од 1990 година. Граѓаните денес многу полесно ги препознаваат двојните стандарди, политичката недоследност и обидите за манипулација со националните чувства.

И токму затоа, ваквите контрадикторни позиции на СДС денес не предизвикуваат доверба. Напротив, тие се потсетник на долгогодишната практика на менување ставови и прилагодување на „вистината“ според дневнополитичките потреби.

ВМРО-ДПМНЕ ниту во 1990 година, ниту денес во 2026 година не била и не е против Бугарија, ниту против кој било друг сосед на Македонија. Напротив, ВМРО-ДПМНЕ е партија која се залага за меѓусебно почитување, добрососедски односи и соработка заснована врз достоинство и принципиелност.

Почитувањето на соседите не значи откажување од сопствениот идентитет, јазик, историја и национални интереси. Вистинските добрососедски односи можат да постојат само кога почитта е взаемна. Токму затоа, ставот на ВМРО-ДПМНЕ не е насочен против Бугарија или против кој било сосед, туку против политиките и барањата кои се доживуваат како негирање на македонскиот идентитет и историска посебност.

Во суштина, ВМРО-ДПМНЕ бара истото што Македонија им го дава на сите свои соседи — почит. Почит кон македонскиот народ, македонскиот јазик, македонската историја и правото Македонија самостојно да ги гради своите национални позиции без уцени и условувања.

Најново од: На прво место

Политиката на СДС се сведува на сеење страв кај граѓаните

Од најави за економски колапс и празен буџет до тврдења за договор за прием на мигранти, на прес-конференциите на СДС се повторува истата постапка. Најцрното сценарио се претставува како нешто што веќе се случува или е неизбежно. Кога станува збор за платата, пензијата или заштедата на едно семејство, вознемиреноста останува и по завршувањето на прес-конференцијата. […]

Скопје има три големи несреќи: Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС

СДС нема кредибилитет да зборува за состојбите во Скопје, откако со години го остави градот во хаос. Орце Ѓорѓиевски гради капитални проекти за кои СДС лажеше дека ќе ги изгради. Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите […]

Мизрахи: На власта и е потребна конструктивна опозиција, критиките треба да се темелат на аргументи, а не само на партиски наративи

Во вчерашната емисија  „Интервал“ на телевизија 24, гостуваше Рашела Мизрахи, член на ИК и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која осврнувајќи се на парламентарната опозиција, изрази загриженост поради, како што рече, отсуството на конструктивна опозиција која ќе изнесува аргументирани ставови и видувања засновани на докази и материјали за кои може да се води суштинска дебата. […]

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

To top