Историја

Историските факти не можат да се избришат: И грчките и македонските учебници ја признаваат бугарската фашистичка окупација

Содржината во учебниците по Историја во Р. Македонија и Грција потполно се совпаѓаат и идентично ги опишуваат настаните. Грчкиот учебник, кој е финансиран од фондови на Европската Унија, кажува дека за време на втората светска војна:

— Бугарија била окупатор

— Бугарија била фашистичка

— Бугарите извршиле злосторства, кражби, егзекуции,

— Бугарите вршеле присилна бугаризација врз населението, идр.

А. Употреба на термините „фашисти“ и „окупатори“

  1. Грчки учебник: Делот на Грција кој бил под бугарска окупација (дел од Источна Македонија и Тракија) го дефинира како „бугарска зона“ на окупација. Учебникот директно го користи терминот „бугарски фашисти“ (Βούλγαροι φασίστες).
  2. Македонски учебник: Идентично како грчкиот, ги користи термините „бугарски окупатор“, „фашистичка окупација“ и „фашистички окупатори“ кои извршиле окупаторска поделба на Македонија.
  3. Бугарски учебник: Не ги користи овие термини. Тврди дека во април 1941 година, бугарските војски само го презеле „управувањето“ на Македонија и Беломорието, каде биле пречекани како „ослободители“.

В. Денационализација, асимилација и репресии

  1. Грчки учебник: Директно наведува дека бугарските фашисти се обиделе да спроведат „политика на бугаризација“ (πολιτική εκ-βουλγαρισμού) во Источна Македонија. Ова предизвикало востание кај Грците кое било задушено со масовни егзекуции.
  2. Македонски учебник: На иста линија, детално опишува дека е воведена „окупаторска денационализаторска и асимилаторска политика“. Оваа политика била придружена со политичко угнетување, масовен терор, судски процеси, убиства и економска експлоатација врз локалното население.
  3. Бугарски учебник: Воопшто не споменува политика на бугаризација, насилна асимилација или егзекуции врз месното население на окупираните територии. Периодот го опишува како „национално обединување“.

С. Холокаустот и депортацијата на Евреите

  1. Грчки учебник: Наведува дека еврејските заедници биле десеткувани од нацистите.
  2. Македонски учебник: Посочува дека во март 1943 година, македонските Евреи биле однесени во логорот на смртта во Треблинка, одвојувајќи ја нивната судбина од судбината на Евреите во Бугарија.
  3. Бугарски учебник: Од вкупно 3 страници за Бугарија во Втората Светска војна цели 2 страни се посветени само на спасувањето на Бугарските евреи. Учебникот цитира документи кои тврдат дека Бугарија „спасувајќи ги своите Евреи… демонстрира чуда од вистинска храброст”. Додека пак за Македонските и Тракијските Евреи кажува дека помогнала да се иселат во источните германски покраини, без притоа за посочи за нивната крајна судбина.

Заклучок:

Според доказите. барањето измените да ги направи македонската страна е апсурдно. Договорот јасно посочува дека промената да се спроведе објективно, поткрепено со автентични историски извори. Тој не ја амнестира бугарската страна. Затоа, македонската страна треба повеќе да се активира и да извлече максимум. Во името на добрососедство , македонската страна треба да бара  Бугарија да ги промени своите учебници за да ја рефлектира вистината на тој дел од историјата.

Превземено од

Најново од: Историја

Крвавата свадба во Зеленич – Леринско, Егејска Македонија

На 13 ноември 1904 година по јулијанскиот календар, грчка андартска чета го нападнала селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија. Нападот бил извршен ноќе, додека во домот на семејството Готеви се одржувала свадбена прослава. Меѓу убиените имало и жени и деца. Настанот во македонската историографија е познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 […]

Изминаа 122 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчките андарти убиле 13 Македонци. Меѓу жртвите се младоженецот, неговите пријатели, две деца, како и деецот на Македонската револуционерна организација Пандо Мечкаров, вкупно 13 лица. Оттогаш изминаа 122 години, но грчката геноцидна политика кон македонскиот народ не се изменила. […]

Колективната меморија на Македонците

Од книгата „Македонци“ Автор: Бранислав Светозаревиќ-Покорни „Кога ќе го видиш начинот на играта на еден народ, му го откриваш карактерот.“— Конфучие Колективната меморија претставува сврзно ткиво на многуте генерации низ историјата на еден народ и е клучна за неговиот опстанок. Сè додека постои еден народ, постои и колективната меморија, но и народ без колективна меморија […]

Александар Македонски се уште еден од најфасцинантните и најдолготрајните митови во човечката историја.

Александар Македонски и по повеќе од 2.300 години останува една од најфасцинантните личности во човечката историја. Неговиот живот продолжува да инспирира нови истражувања, биографии и различни толкувања на неговото наследство. Оваа недела, историчарот на антиката Едмунд Ричардсон ја освои водечката британска награда за нефикција, „Бејли Гифорд“, за биографијата „Александар: Бог, крал, човек“. Напишана со елеганција […]

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци Палеобалканското племе Енхелеи е поврзано со митското доселување на Кадма и неговата жена Хармонија од беотска Теба, меѓу древните жители на западниот Балкан и борбата со Илирите во XIII век пред Христа. Меѓутоа, тие се интересни од повеќе аспекти, а, пред сé, што припаѓаат на единствениот праисториски свет на […]

Логорите на Царството Бугарија и македонските интернирци (1941–1944)

Во текот на Втората светска војна, властите на Царството Бугарија воспоставиле мрежа на логори во кои затворале политички противници и луѓе осомничени за учество во отпорот. Во службените документи логорите биле нарекувани „Селишта на државната сигурност“. Меѓу заточениците имало и македонски дејци, меѓу кои поетот Венко Марковски и Методија Андонов-Ченто. Според Македонската енциклопедија, Министерството за […]

Санстефанскиот договор – голема грешка на руската дипломатија

Санстефанскиот договор предвидувал најголемиот дел од Македонија да биде вклучен во голема бугарска држава предизвикал меѓународна криза и тешкотии за самата Русија. Во приложените историски записи се наведуваат и руски оценки за погрешноста на таквото решение. Санстефанскиот мировен договор, склучен на 3 март 1878 година меѓу Русија и Османлиската Империја, бил обид за прекројување на […]

Полскиот лингвист Мјечислав Малецки уште во 1934 година пишува за посебноста на македонскиот јазик

Полскиот лингвист и славист Мјечислав Малецки (1903–1946) оставил значајно научно сведоштво за македонските говори и нивната јазична посебност. Во своето дело „Два македонски говора“, објавено во Краков во 1934 година, ги истражувал говорите на селата Сухо и Висока во Солунско, во егејскиот дел на Македонија. Проучувајќи го живиот говор на месното население, Малецки ги разгледувал […]

To top