Историја

Постоењето на Евреите во Македонија за време на Александар Велики (328-356 пр.н.е.)

Една приказна која ја кажува хебрејски војник, еден од учениците на Аристотел по име Мешулам, доста често име во Монастир- Битола, кое се користело како име и како презиме.

Овој војник бил славен во војската на Александар Македонски поради неговата вештина да ракува со лак и стрела. Кога свештениците на неговиот вод застанале да го гледаат летот на една птица за да ја предвидат иднината, тој ја застрелал птицата. Неговите пријатели биле навредени од постапката, но тој едноставно им одговорил: „Како може оваа птица да ја предвиди вашата иднина, ако не знаела дека ќе биде застрелана? Да знаеше, сигурно ќе леташе во друг правец“.

Името на градот Монастир (во Македонија – Битола, на српски јазик -Битољ) доаѓа од словенскиот збор „Обитељ“ што значи „луѓето од манастирот“. На турски монастир значи манастир. На ерменски, името е Толи Монастир. Во еврејската литература Монстирио (Монстрио или Монастрион) значи град на подножјето на планината Пелистер чијшто врв достига 2601 метар надморска височина, северно од планинита Баба во Пелагониската Рамнина во Македонија.

Апостол Павле (Шаул Атарси) посети многу градови во Македонија. За време на неговите патувања во периодот меѓу 37 и 67 година од нашата ера, тој го посети Филипи. Во Новиот завет пишува: „Тој замина од Неапол кон Филипи, град во Македонија кој е населен со Римјани. Останавме таму неколку дена…“ Павле и Силас поминале низ Ампифолис Аполонија и Солун каде имало синагога. По обичај, Павле се придружил на Евреите и три саботи држел проповеди на теми од Библијата. Во Македонија имаше Евреи во 40-тата година од новата ера. Во таа година, две хебрејски делегации од Александрија, Египет и Ерусалим отидоа кај Цезар Гајус Калигула во обид да го убедат да се откаже од плановите да подигне негова статуа во Светиот храм во Ерусалим. Фило, водачот на делегацијата од Александрија, во својата книга стави писмо од Агрипа I, кралот на Јудеа, до Гајус во кое се зборуваше за Евреите во римските градови, вклучувајќи ги Тесалија, Беотија, Македонија и други.

Директен доказ за постоењето на еврејска населба во ова подрачје беше најден во ископините на Стоби, во близина на Монастир, во 1930. Југословенскиот археолог Владимир Петковиќ, пронајде столб од синагога од третиот век на кој имаше изгравирано податоци кои укажуваа на тоа дека местото било посветено на еврејската заедница од страна на Клаудиј Тибериј Полихарм, кој заслужно го добил името Патријарх на синагогата. Морморштајн смета дека предците на Полихарм биле од редовите на робовите кои биле отпуштени од страна на Клаудиус Цезар кога го напуштил Рим и тргнал за Македонија во средината на првиот век.

Доказ за постоење на еврејска населба во Солун во дванаесеттиот век е даден од страна на Бенјамин Бен-Јона де Тудела, кој патувал низ светот во периодот меѓу 1159 – 1173. Тој напишал: „Оттаму (Бишина) до градот Солун (Салоника) изграден од страна на кралот Салукис, голем град со 500 Евреи од кои сите се занимаваат со трговија“.

Во времето на Бенјамин де Тудела, Солун имал повеќе Евреи од кој било град во Грција. Тој исто така го споменува градот Кристополи, на патот од Солун до Константинопол, на границата меѓу Македонија и Тракија.

Во неговата книга за Евреите на Балканот, Марен Фрајденберг наведува дека, во текот на тринаесеттиот век, Евреите имале тенденција да се населуваат долж Виа Игнација. Меѓу овие градови бил и Монастир. Според него, градот Монастир би можел да служи како пример за колонизација на Евреите во Македонија бидејќи истиот се наоѓа на главниот пат од Солун во Грција до Драч во Албанија, на крајбрежјето на Јадранското Море. Тој тврди дека во 1929 година, на оградата од гробиштата во Монастир бил поставен знак на кој биле наведени годините 1497 – 1929. Тој на ова гледаше како на доказ за постоење на еврејската заедница, иако мала, пет години по депортацијата од Шпанија.

Во периодот 1361 – 1400, Отоманскиот султанат ја пороби Бугарија, Македонија, Тесалија и Карман. Во периодот меѓу 1381 и 1382, тие го окупираа Монастир и го претворија во тврдина за заштита од Албанците при што градот беше под нивна контрола до 1912 година – голем период од 530 години. Тие имаа големо влијание врз градот и неговите Евреи што се одрази врз еврејската заедница, нејзиниот духовен и економски живот како и самопочитта, аспирациите, обичаите, стилот на облекување и природата на занаетите од кои истата живееше.

Ова беше една традиционална еврејска заедница која се гледаше себеси како турска и покажуваше лојалност кон турските власти се до Македонското востание во 1903. Многу Евреи учествуваа во бунтот и за првпат покажаа отпор кон турските власти до нивниот крај со Балканските војни (1912 – 1914) и Првата светска војна (1914 – 1918).

Од окупирањето на Бурса во 1324 и посебно по окупирањето на Константинопол од страна на Мехмет II во 1453, многу Евреи емигрираа од Германија, Франција, Унгарија и разни места во Италија, Сицилија, Отерно и Калабрија во подрачјата окупирани од султанот. Некои од овие Евреи дојдоа во Монастир и го зедоа презимето Ашкенази. Со текот на времето, тие се претопија во локалното население и ги напуштија нивните обичаи и нивните јазици, се молеа во локалните синагоги и говореа ладински јазик.

Во 1457 рабинот Исак Царфати ги повика сите хебрејски заедници да дојдат во подрачјата под османлиска власт. Во 1460 година, Османлиите ги протераа Евреите од градовите во близина на Монастир, Скопје, Охрид, Прилеп и Штип во Константинопол за време на присилното „сургун“ прогонство. Претпоставуваме дека прогонството во таа година ги вклучи и Евреите од Монастир, кои ги сочинуваа околу 480 хебрејски семејства.

Постои многу материјал за еврејската заедница кој датира од периодот од шеснаесеттиот век до март – април, 1943. Постојат записи од патеписци, документи од турски судови како и преписки на рабини. Од деветнаесеттиот век, постојат конзуларни извештаи, хебрејски и нехебрејски весници, архиви во Израел и други земји како и написи и книги за Македонија, главно за Монастир и неговите Евреи, напишани на многу јазици.

Од книгата:
ИСТОРИЈАТА НА ЕВРЕИТЕ ОД МОНАСТИР (БИТОЛА)
Шломо Албохер
Ерусалим, Израел

Најново од: Историја

Крвавата свадба во Зеленич – Леринско, Егејска Македонија

На 13 ноември 1904 година по јулијанскиот календар, грчка андартска чета го нападнала селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија. Нападот бил извршен ноќе, додека во домот на семејството Готеви се одржувала свадбена прослава. Меѓу убиените имало и жени и деца. Настанот во македонската историографија е познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 […]

Изминаа 122 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчките андарти убиле 13 Македонци. Меѓу жртвите се младоженецот, неговите пријатели, две деца, како и деецот на Македонската револуционерна организација Пандо Мечкаров, вкупно 13 лица. Оттогаш изминаа 122 години, но грчката геноцидна политика кон македонскиот народ не се изменила. […]

Колективната меморија на Македонците

Од книгата „Македонци“ Автор: Бранислав Светозаревиќ-Покорни „Кога ќе го видиш начинот на играта на еден народ, му го откриваш карактерот.“— Конфучие Колективната меморија претставува сврзно ткиво на многуте генерации низ историјата на еден народ и е клучна за неговиот опстанок. Сè додека постои еден народ, постои и колективната меморија, но и народ без колективна меморија […]

Александар Македонски се уште еден од најфасцинантните и најдолготрајните митови во човечката историја.

Александар Македонски и по повеќе од 2.300 години останува една од најфасцинантните личности во човечката историја. Неговиот живот продолжува да инспирира нови истражувања, биографии и различни толкувања на неговото наследство. Оваа недела, историчарот на антиката Едмунд Ричардсон ја освои водечката британска награда за нефикција, „Бејли Гифорд“, за биографијата „Александар: Бог, крал, човек“. Напишана со елеганција […]

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци Палеобалканското племе Енхелеи е поврзано со митското доселување на Кадма и неговата жена Хармонија од беотска Теба, меѓу древните жители на западниот Балкан и борбата со Илирите во XIII век пред Христа. Меѓутоа, тие се интересни од повеќе аспекти, а, пред сé, што припаѓаат на единствениот праисториски свет на […]

Логорите на Царството Бугарија и македонските интернирци (1941–1944)

Во текот на Втората светска војна, властите на Царството Бугарија воспоставиле мрежа на логори во кои затворале политички противници и луѓе осомничени за учество во отпорот. Во службените документи логорите биле нарекувани „Селишта на државната сигурност“. Меѓу заточениците имало и македонски дејци, меѓу кои поетот Венко Марковски и Методија Андонов-Ченто. Според Македонската енциклопедија, Министерството за […]

Санстефанскиот договор – голема грешка на руската дипломатија

Санстефанскиот договор предвидувал најголемиот дел од Македонија да биде вклучен во голема бугарска држава предизвикал меѓународна криза и тешкотии за самата Русија. Во приложените историски записи се наведуваат и руски оценки за погрешноста на таквото решение. Санстефанскиот мировен договор, склучен на 3 март 1878 година меѓу Русија и Османлиската Империја, бил обид за прекројување на […]

Полскиот лингвист Мјечислав Малецки уште во 1934 година пишува за посебноста на македонскиот јазик

Полскиот лингвист и славист Мјечислав Малецки (1903–1946) оставил значајно научно сведоштво за македонските говори и нивната јазична посебност. Во своето дело „Два македонски говора“, објавено во Краков во 1934 година, ги истражувал говорите на селата Сухо и Висока во Солунско, во егејскиот дел на Македонија. Проучувајќи го живиот говор на месното население, Малецки ги разгледувал […]

To top