Историја

Надгробни плочи на Македонци од 1786 година – пред раѓањето на Тито

Постојат надгробни плочи од 1786 година, на кои јасно се гледа дека станува збор за Македонци родени во Москополе, денешна Пешкопеја во Албанија (град кој, во своите денешни административни граници, постои од 1913 година).

На овие споменици е наведено дека починатите се Македонци од Македонија и дека својот животен век го завршиле во Брод, денешен Славонски Брод во Хрватска.

Овие историски сведоштва претставуваат значаен аргумент против тврдењата дека македонскиот идентитет е создаден дури во 1945 година. Напротив, тие укажуваат на континуирана употреба на името „Македонец“ многу пред тој период.

Дополнителна димензија на овие споменици е јазикот и писмото што се користат на нив. Тие претставуваат важен извор за разбирање на културно-јазичната традиција во тоа време.

Во тој контекст, тезите дека македонскиот јазик мора да биде идентичен со некоја замислена форма од пред стотици или илјадници години за да се оспори неговата автентичност немаат научна основа. Јазиците природно еволуираат низ времето, а тоа не го поништува нивниот континуитет.

Исто така, историски гледано, презимињата во денешна форма се релативно нова појава, оформена во последните неколку векови.

Во минатото, идентификацијата на луѓето најчесто се вршела преку лично име и потекло, а не преку семејни презимиња во денешна смисла, Александар Македонски, Сандански, Беровски, Пирински,…

Македонското име, јазик, историја и непокор се длабоко вкоренети низ вековите и претставуваат континуитет што не може да се избрише со ниту една политичка или идеолошка конструкција.

Обидите за негирање на македонскиот идентитет, преку селективни толкувања или современи политички наративи, не ја менуваат историската реалност.

Името, јазикот и чувството на припадност се развиваат низ долги историски процеси, а не преку моментални интерпретации.

Историјата не се гради врз краткорочни наративи, туку врз извори, континуитет и историска меморија што опстојува низ времето.

Во таа смисла, вистината за македонскиот идентитет не зависи од обиди за негово оспорување, туку од неговото живо и континуирано присуство низ генерациите.

МАКЕДОНСКОТО ИМЕ, ЈАЗИК, ИСТОРИЈА И НЕПОКОР СЕ ПРЕГОЛЕМИ ЗА ДА БИДАТ ИЗБРИШАНИ СО НИТУ ЕДНА КОНСТРУКЦИЈА ИЛИ НАРАТИВ. ВИСТИНАТА СЕКОГАШ НАОЃА СВОЈ ПАТ.

Амин.

Најново од: Историја

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

Зошто Бугарија инсистира заедно да чествуваме настани и личности?

Одговорот е многу прост: Софија насилно го наметнува заедничкото чествување бидејќи тоа е крунски доказ дека историјата ни е заедничка, што значи — бугарска. Ако го прогласиме и Гоце Делчев за заеднички херој, друго објаснување нема да има. Постапката за тоа е веќе тема на заедничката комисија за историја, а нашите „политичари“ се речиси подготвени […]

Христо Калајџиев во Софија во 1945 година — за македонската државност, против великобугарскиот шовинизам

На фотографијата е корицата на оригиналното софиско издание од 1945 година. На 4 февруари 1945 година, во киното „Македонија“ во Софија, Христо Калајџиев се обратил пред Конгресот на македонската емиграција. Втората светска војна сè уште траела, а македонската држава веќе била конституирана како рамноправна единица во Демократска Федеративна Југославија. Пред делегатите во Софија, Калајџиев го […]

To top