|
||||
Розита Христовска : Добро утро Македонци, се' уште Македонци! |
Неделно сиво студено утро над Македонија.
Спиј си мој народе, па недела е ден за одмор, нели?
Кај да е, после, некој ФБ-јунак ќе напише: Македонија ни ја распродаваат, ќе ја нема, па овој е виновен, оној е виновен, не го мобилизара членството да излезе на улица. А, така ли, членството, а? Кое членство, какво членство, истото она по кое секојдневно плукате? Па, нели Македонија ви е партија, патриотишта, а?!
Секогаш, истите лица на улица, пред Собрание, пред Влада, пред судови, пред затвори, без повик од ниедна партија... Останатите чекаат некои други да го сторат тоа за нив, некои други да ги "вадат жешките костени", да ја има Македонија, ама тие "другите" да бидат следени, притворани, судени, затворани. Некои деца, демек, од грижа за родителите со влошено здравје и во "годинки", им бранат да се приклучат на "тие другите", други, некои родители, си ги штитат децата да не им настрадаат па си ги советуваат да си седат дома и да си го чуваат г....о и работното место, трети се срамат да се замешаат со "членството" зашто, тие, членовите, нели, се лигави партиски послушници, а тие храбри и независни од под јорган, се јуначат, викајќи: револуција треба, треба вака, треба така...
Ехе, колку војводи и војвотки по ФБ-ов има, толку се храбри и одважни, што дури се плашат името вистинско да си го напишат, а камоли, пак, слика своја да објават (од профилот пркоси слика на Гоце Делчев, Александар Македонски, некој војвода и војвотка (ај, да не ги редам по име), па лавови, па тигри, што ли не...
Е, па, не ќе може другарчиња така, ако Македонија ви е партија и толку сте загрижени дали ќе опстане, ајде малку за промена, вие умните "нечленови" придружете се, па да видете како е на мунус 30 и на плус 40, и тоа не еднаш, не двапати, туку со месеци, со години...
Гледањето сеир од тераса и од столче во некое кафуле е маааалку поразлично. Пред да викнете "уааа, тој е виновникот", запрашајте се, што вие сте сториле повеќе освен што плукате???
Некој денешен гемиџија извршил атентат? Не знаев, простете!
Па, добро утро Македонци, се' уште Македонци! Македонија, вечна, библиска, нели? Господ ни ја чува, нели, чеда македонски???
|