|
||||
ПОВТОРНО СМЕ ПРОДАДЕНИ ОД ВЛАСТА ВО МАКЕДОНИЈА, КОЈА ВО ПРОТОКОЛОТ ЗА НАС НЕ ПОБАРА РЕЦИПРОЦИТЕТ, НИТУ НЕ' СПОМНА! |
ИНТЕРВЈУ СО СТОЈКО СТОЈКОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН
ПОВТОРНО СМЕ ПРОДАДЕНИ ОД ВЛАСТА ВО МАКЕДОНИЈА, КОЈА ВО ПРОТОКОЛОТ ЗА НАС НЕ ПОБАРА РЕЦИПРОЦИТЕТ, НИТУ НЕ' СПОМНА!
19 јули 2022 година, Благоевград, Бугарија - Претседателот на Здружението на Македонците во Бугарија, ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН, Стојко Стојков, упати остра критика кон македонско-бугарскиот Протокол од 17 јули годинава, во кој се зборува за реципроцитет за сите прашања меѓу Македонија и Бугарија, освен за Македонците во Бугарија, кои дури воопшто не се ни спомнуваат дека постојат!
Доколку се впишат бугарите во Македонскиот Устав, Македонците во Бугарија ќе останат непризнаени од државата засекогаш.
- Се чувствуваме традиционално продадени од Македонската држава.
Чиста глупост се објаснувањата, дека реципроцитетот за Македонците во Бугарија не е можен, бидејќи бугарскиот Устав не признава малцинства?! Објаснувањата дадени, зошто нашите права не се заштитени се чиста глупост! Идиотизам е тврдењето дека Турците се изјснувале за бугарски државјани, иако етничката самоопределба нема врска со државјанството?
Можеше било како да им се помогне на Македонците во Бугарија.
И без реципроцитет, нема ли за нас барем некаква заштита, или пак за нас важи молкот, премолчано сме предадени од македонска страна? - изјави Стојко Стојков за порталот Плусинфо.
|