Петок, 11 Октомври 2024    PDF Печати Е-пошта
Нека е честит 11 октомври денот на народното востание

1uvvmro

Браќа и сестри,

На 11 октомври 1941г. свесен дека вистинската слобода за Македонија не може да биде подарена, туку само со борба освоена, македонскиот народот заедно со сите чеда на Македонија ја започна Народноослободителната борба. Во оваа борба, народот на Македонија се препороди и се почувствува слободен да си ја земе судбината во сопствените раце.

На овој ден нашите партизани кои чекорејќи по патот кон слободата се соочија со многу маки и премрежија, и притоа покажаа невиден хероизам и искрен патриотизам.

Партизаните, нашите втори Илинденци, не се бореа и гинеа за слободата за да денес дозволиме поигрување со таквото наследство, врежано во колективната меморија на слободарските антифашистички народи во Светот.

Нашите славни предци во наследство ни ја оставија скапо платената слобода и државност на Република Македонија.

Мора да се почитуваат борците од четириесетите, Илинденците и тие кои се изборија во деведесетите, и нивните „наследници“, тие што се борат и денес, за економски силна и достоинствена држава Македонија.

Човечки е да се греши, а од сопствените грешки пак, најмногу учиме, но, до кога ќе правиме грешки, кои, ќе може ли некој да ги исправи и кога? 

Затоа сметаме дека веќе е време да не се сопнуваме на секоја препрека, и да ја смениме навиката- штом ќе направиме два чекори нанапред, да не се вратиме три наназад.

Да не беа тие храбри луѓе во 1903 година, четиреесетите и деведесетите години,  ова денес немаше вака да се слави.

Нека ни е честит 11-Октомври, Денот на народното востание!

Вечно да се паметат хероите!

Да живее Република Македонија!

АМИН!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.