Среда, 20 Ноември 2024   
НА СРЕДБАТА НА ДЕЦАТА ПРОГОНЕТИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ОДРЖАНА ВО 1988 ГОДИНА - ДЕЛ I (13)

3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Потресните приказни за присилата на 28.000 деца, на возраст од 2 до 15 години, во 1948 година кога беа разделени од родителите, допреа до многу срца. Самите страдалници раскажуваа за патувањата до југословенската граница исцрпени, уплашени, гладни и жедни, многумина и болни.

Од средбата во Скопје беше упатено барање до Атина и таа, како останатиот цивилизиран свет, да ги тргне рампите кои ги спушти за Македонците родени во Егејска Македонија. Да ги тргне разноразните методи на присила и закани и апсурдните изговори, само да не им биде дозволено на Македонците да појдат во своите родни места

Една од посетите на Лили и Стив Пљакас на Република Македонија беше во 1988 година, а поводот беше,  Првата светска средба на децата прогонети од родниот праг во Егејска Македонија во 1948 година.

Стив како претседател на организацијата „Обединети Македонци” од Торонто, заедно со Лили беа добредојдени и драги учесници на големата свеченост по повод јубилејот од голготата на македонските чеда од грчкиот режим. Всушнот, тоа беше ден на разделените и преживеаните.

Кога од сите страни на светот пристигнаа сонародници кои како деца не биле поштедени од монархофашистичката суровост. Многумина од нив не се виделе никогаш повеќе откако заминале од своите родни места пред четириесет години и биле распрснати по белосветските дестинации на спасот и надежта. Секој со својата судбина, секој со својата приказна.

Низ скопските улици, сали и музеи, во семејните кругови, во етерот на радиобрановите и на ТВ – програмите, насекаде допре гласот на вистината. Колку ли трогателни изјави можеа да се чујат, колку пораки беа испратени од македонските мајки, баби, синови, ќерки, татковци, дедовци и внуци, поради страшните последици од егзодусот.

И по четириесет години останале длабоки траги на тага и непребол во кревките души за изгубеното детство и младост, за проклетството на разделените.

4 copy copy copy 

Децата прогонети од Егејска Македонија

Силен беше гласот на Македонците во осудата на сите зла од дискриминации, обесправеност, човекови и национални трагедии од теророт и геноцидот врз македонското население.

Колку ли пати можеше да се слушне мислата и гневот – за каква ли колевка на демократијата би можело да се зборува за Грција, кога таа не ги почитувала ниту основните човекови и национални права кои ги гарантираат меѓународните конвенции, закони и декларации. Пред сè, законите на Обединетите нации, хелсиншките документи, европските стандарди и другите права.

Од средбата во Скопје беше упатено барање до Атина и таа, како останатиот цивилизиран свет, да ги тргне рампите кои ги спушти за Македонците родени во Егејска Македонија.

Да ги тргне разноразните методи на присила и закани и апсурдните изговори, само да не им биде дозволено на Македонците да појдат во своите родни места. Да си ги посетат домовите ако не им се пеплосани и опустошени. Да запалат свеќи на вечните почивалишта на блиските и во храмовите, ако не се изгорени.

А дека продолжува дискриминаторското и нецивилизирано однесување од страна на режимите во Атина, беше уште еден непобитен доказ кога на општо разочарување, од граничните премини кон Грција, беа вратени полните автобуси со Македонци, учесници на Светската средба во Скопје.

По завршувањето на првата средба на некогашните деца-бегалци, десетици и десетици од нив со канадски, американски, австралиски и разни европски пасоши, тргнаа кон границата за да ги посетат местата во кои се родиле и од каде беа протерани.

Наидоа на затворена гранична рампа, беа вратени со некои апсурдни, штури трагикомични образложенија или без нив. Но, главно е, дека се вратени како непожелни, неподобни и како опасни елементи по безбедноста на Грција.

Продолжува

1SlaveK2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Не отворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството

Македонскиот судско обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. ...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Култура и туризам

News image

Црско (Мало и Големо)

Од сите легенди и преданија за настанокот на селото и неговото име што се задржале во колективното п...

Фељтон

News image

Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ ПОЗНАТ МАКЕДОНЕЦ И ПРИЗНАТ ХИРУРГ (1)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II.

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.