Среда, 13 Ноември 2024   
ДЕЛ ОД АКТИВНОСТИТЕ И ВИСТИНАТА ЗА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (12)

18

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Од времето на Александар Македонски, преку владеењето на Рим и Византија и преку големите миграции на Славјаните на југ, Македонија била раскрсница на различни цивилизации, култури, ре-лигии, јазици и народи. Во текот на овој долг и богат временски период, само два народа имаат право да се наречат дека се дел од идентитетот на земјата, а тоа се античките Македонци и Македонците денес“.

Почнувајќи од IV век па наваму христијанството како религија преовладува на овие простори. Тоа го потврдуваат археолошките откритија и бројните христијански цркви, епископалните катедрали, базиликите, крстилниците и другите сакрални објекти со големи димензии, кои покажуваат дека христијанството длабоко се закоренило и добро се организирало во Македонија од самиот почеток па до денес.

Пред доаѓањето на Турците во XIV век, Македонија била земја во преродба, со фасцинантна уметност, богата средновековна литература, еден симбол на цивилизацијата. Меѓутоа, отоманските Турци го уназадиле временското движење и затоа почнала долга борба за опстанок.

Така, во духот на ограбувањата на отоманските Турци, исламизацијата, ширена долго време, суровиот феудален систем, нивните најразлични завојувачки походи, тешкотиите и страдањата предизвикани од тоа, ќе остават длабок и болен белег на духовниот пејзаж на Македонија, правејќи ја предворје каде што се вкрстуваат Западот со Истокот.

Балканските војни ќе го означат ослободувањето на Македонија од турскиот јарем, но тие ќе ја обележат трагичната поделба на Македонија од страна на Грција, Бугарија и Србија а подоцна и од Албанија, поради што ќе следат уште погруби состојби и дискриминација врз македонскиот народ.

Најголемата катастрофа на XX век – Втората светска војна, на Македонија и го донесе Вториот Илинден и одлуките од АСНОМ, со кои се остварија вековните стремежи – создавањето на македонската држава.

Имено, преку активното учество во антифашистичката борба за време на Втората светска војна, Македонците стекнаа слобода и тоа само во еден дел од својата територија, Вардарска Македонија, која ќе се конституира како Народна Република Македонија, подоцна Социјалистичка Република Македонија, а од 1991 година Република Македонија.

Конечно, на крајот од вториот милениум се случи Третиот Илинден, кога Република Македонија стана независна, самостојна и суверена држава која го гради својот независен демократски развој.

188

Македонски игри во Овчарани

Според Стив Пљакас треба да се нагласи следното: „Националниот состав на населението во Егејска Македонија има претрпено големи етнички промени, особено по Балканските војни и поделбата на Македонија.

До Балканските војни македонското население во Егејска Македонија било најбројно. Македонците под грчка власт биле и сè уште се изложени на асимилаторска тортура и присилна емиграција, со единствена цел да се измени етничкиот состав на Македонија.

Меѓутоа, Македонците не само што постоеле, постојат, туку и ќе постојат, зашто не е лесно да се искорени еден народ, таму каде што живеел со векови и покрај сите мерки на насилство и денационализација

На Македонците им давале најразлични национални имиња, настојувајќи негативно да се влијае врз нивната свест, наречувајќи ги: Словени, каури, рисјани, македонски Словени, Македослави, Славомакедонци, Бугари, бугарски Словени, македонски Бугари, Срби, Јужносрбијанци, Грци, македонски Грци, гркомани, бугарофони, славофони.

Но, како и да биле нарекувани, тие биле и си останале Македонци, а сите имиња со кои Македонците биле нарекувани поради историските, општествените и политичките услови, можат и треба да се асптрахираат, бидејќи тоа се само многу имиња за еден ист поим, кој означува еден напатен, разделен народ со трагична судбина, народ којшто може да се сретне насекаде по светот.

Македонскиот народ, според своите карактеристики и обичаи, јазично и етнички и е туѓ на Грција. Од тие причини грчката буржоазија од првиот момент кога ја проширила својата власт над Егејска Македонија, изградила политика на физичко истребување на македонскиот народ и менување на етничкиот состав во своја корист.

Тоа го прифатила како основно средство, уште повеќе што обилните материјални средства дотогаш вложувани преку Патријаршијата и училиштата во Македонија, не го дале бараниот резултат.

Грчката буржоазија, со цел да го избрише секој белег што потсетува на македонскиот карактер на Егејска Македонија, во ноември 1926 година донела Закон за замена на македонските топоними со грчки имиња на селата и градовите, називите на планините, полињата, реките итн.

Тој Закон е објавен во службениот весник на грчката влада “Elimeristis kivemiseos” бр. 332 од 21 ноември 1926 година, а во истиот весник бр. 346, објавени се новите грчки имиња“, заклучува овој човек од Егејска Македонија.

Таму, во Егејска Македонија, се наоѓа селото Зелениче, родното место на Стив Пљакас, каде тој како дете поминал пријатни и тажни времиња. Таму денес владее национално и политичко ропство, таму грчките националисти и шовинисти прават големи заложби да го обезличат македонскиот национален дух и да го уништат и длабоко да го закопаат богатото историско и културно минато на македонскиот народ од Егејска Македонија.

Продолжува

1SlaveK2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Не отворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството

Македонскиот судско обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. ...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Култура и туризам

News image

Црско (Мало и Големо)

Од сите легенди и преданија за настанокот на селото и неговото име што се задржале во колективното п...

Фељтон

News image

Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ ПОЗНАТ МАКЕДОНЕЦ И ПРИЗНАТ ХИРУРГ (1)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II.

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.