|
||||
Камен-темелник за изградба на Македонската православна црка во Берлин |
МПЦО „Свети Климент Охридски” - Берлин, СР Германија
Денес Европската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Јустинијана прва, во градот Берлин испишува нова историја со чинот на осветување на камен темелникот за уште една нова Македонска православна црква во Германија.
После 30 години од формирањето на Македонската православна црковна општина “Свети Климент Охридски” во Берлин, Македонците во Берлин конечно ќе добијат свој храм.
Во чест на осветувањето на камен-темелникот се отслужи света Архиерејска литургија на која ќе чиноначалствуваше Неговото Блаженство г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, во сослужение со надлежниот архиереј Неговото Високопреосвештенство г. Пимен Митрополит Европски и Неговото Високопреосвештенство г. Јосиф Митрополит тетовско-гостиварски, со повеќе свештенослужители од Македонија и Европа.
Програмата беше збогатена и со заедничка прослава со Ангел Стојкоски и групата “Доминанта” и настап на фолклорниот ансамбл “Македонско Сонце” од Дизелдорф.
Фото: Горѓи Г. и фб. Софија
|