Среда, 25 Септември 2024    PDF Печати Е-пошта
Очигледно домаќинот не е цивилизиран и дека помизерни од нив се само домашните слуги

310701 copy copy copy copy copy copy

„Одвај се ослободивме од Грците, Шопи ли сега ќе стануваме“!

Неодамнешната посета на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на голем културен настан во Софија, предизвика вербален конфликт меѓу двете држави, откако по неформалната средба со бугарскиот претседател Румен Радев се појави фотографијата на која двајцата се ракуваат пред бугарското знаме, а во отсуство на македонското. По реакциите во Македонија, тензиите дополнително ги подгреа потегот на бугарскиот амбасадор во Скопје, Жељазко Радуков, кој одби да ја прифати протестната нота. Бугарија се обиде да го објасни истакнувањето на македонското знаме дека се работело за неформална средба.

Очигледна е провокацијата на Софија, по најавите на новите македонски власти дека нема разговор за идентитетските прашања. По тој повод, отсуството на македонското знаме на заедничката фотографија на Сиљановска-Давкова и Радев, се огласи и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостување на ТВ „Алфа“, меѓу другото рече: Очигледно домаќинот не е цивилизиран и дека помизерни од нив се само домашните слуги

Ваквата изјава предизвика лавина реакции на бугарските политичари, меѓу кои и онаа на  Лидерот на политичката партија „Има таков народ“, Слави Трифонов, кој скандалозно изреагира на изјавата на вицепремиерот Александар Николоски.

Во коментарот на социјалните мрежи Трифонов напиша дека можел да биде многу груб, но љубезно ќе одговори, а потоа продолжи: „Вие постоите затоа што 1.300 година постои Бугарија. Зборувате затоа што бугарскиот јазик постои 1.162 години. И некој како тебе може да биде вицепремиер, затоа што луѓето како мене, наместо да го прават она што го чувствуваат и сакаат – се воспитани, релативно кротки и ги почитуваат правилата и законите на ЕУ...“.

Трифунов притоа заборава дека Македонија како држава постоела пред повеќе од два милениуми, многу порано пред да се појави бугарска држава. Исто така, кога зборува дека дека бугарскиот јазик постои 1162 години, заборава под чие влијание се развива нивниот јазик, потоа на потеклото на браќата Кирил и Методи, на светото писмо преведени  на јазикот на македонските славјани од Солун. Тој не може да сфати дека и покрај сите напади и обиди за бришење на Македонците, тие не се ничии слуги, ниту на Бугарите ниту на Србите, ниту на Грците. Да има поединци, кои за пари како во минатото, ја менуваат својата припадност, но тоа незначи за мнозинството.   

Бугарите љубат да извадат документи дека некој од легендите на Македонија се напишал како Бугарин. Но забораваат исто така да кажат дека такви документи за истите личности имаат и Грците и Србите. Кој како владеел така ги запишувал, а Македонците не можеле да се декларираат по своја воља.

Во контекст на бугарската историграфија која негира дека постои македонски народ и јазик до 1945 година, Драган Ташковски (10.09.1917 – 16.09.1980) во својата книга „Раѓањето на македонската нација“  (1966, НИП „Нова Македонија“, Скопје), во поглавјето „Народното сознание на македонските славјани на прагот на националната преродба“ која се одвива во половината на 19 век пишува:  

„И покрај тоа што македонските Словени во очите  на европската јавност во ова време преку словенофилскиот и другиот печат се преставени како „Бугари“ историски факт е дека широките македонски маси ни тогаш, а ни порано не се чуствуваа Бугари, ниту бугарското име го употребуваа како свој народен белег. Точно е дека одделни лица, претежно од средината на малубројната македонска интелигенција се декларираа себеси како „Бугари“, но тоа беа гласови на поединци, а не израз на широките народни маси. Бугарското име всушност не беше вкоренето кај народот, туку него во ова време го наоѓаме главно кај оној мал дел од македонската интелигенција и чаршија, кој под дејство на туѓи влијанија свесно или несвесно спроведуваше туѓи национални идеи во средината на Македонците.

Кога водачите на антигрчкото движење во Кукуш, на чело со Нико Станишев, истакнуваа дека во црквите треба да воведе бугарски јазик народот и не ја сфаќаше нациналната смисла на тоа име, особено поради тоа што вистинските Бугари ги знаеја како Шопи, а не како Бугари. За него зборот „бугарски јазик“  имаше уште црковно-словенско и социјално значење во смисла како што го сфатиле Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ и Теодосија Синаитски, кои под „бугарски јазик“ подразбираа прост јазик, не каноничен „црковно-словенски јазик“, со еден збор јазик на народот, јазик на селаните. Во таа смисла и тие го прифатија зборот Бугарски, не доведувајќи го во никаква врска со вистинските Бугари кои живееја од онаа страна на планината Балкан. Дури и оние првенци што го истакнуваа бугарското име и даваа објаснување за него, зборуваа дека „бугарско е – наше македонско“, а не „бугарско-шопско“.

Ако бугарско е – наше македонско, резонираа тогаш Македонците, тогаш е добро. Меѓутоа, кога подоцна им беа понудени бугарски книги како божем нивни, тогаш македонските Словени демонстративно ги одбиваа под мотивација дека ова „бугарско“ не е нивно македонско, туку „шопско“. А кога бугарските емисари и дел од македонската интелигенција им предочуваа дека се тоа вистински бугарски книги, резонирањето беше поразително: ако шопското е вистинско бугарско, тогаш бугарското не може да биде наше македонско, зошто ние не сме Шопи туку Македонци и како такви не сакаме да учиме на тој „шопски“ јазик. „Одвај се ослободивме од Грците, Шопи ли сега ќе стануваме“, зборуваа тогаш Македонците. Тие како што вели и К. Шапкарев, сега добто видоа дека бугарско е едно, а медонско е друго.“

Едноставно македонскиот народ е посебност, кој опстојува, и никој не може, па ни под притисок на ЕУ да не убеди во спротивното, дека не постојат Македонци и македонски јазик. Едноставно ние не сме Бугари и не говориме дијалект на бугарскиот јазик, туку сме Македонци и говориме македонски јазик.   И денес важи: „Одвај се ослободивме од Грците, Шопи ли сега ќе стануваме“ .   

 

На прво место

News image

Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Уни

Откако го направија фамозното селфи во авионот од Брисел, Македонија е се подалеку од Европска...

Историја

News image

Наредба на Тодор Александров од 22 август 1922

Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиск...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО ПЕТРОПОЛИС – ЦЕНТАРОТ НА ПОРТУГАЛСКАТА ИМПЕРИЈА И БОГАТСТВОТО (3)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.