|
||||
Мицкоски на обуката со пратениците и фондацијата Конрад Аденауер |
Мицкоски на обуката со пратениците и фондацијата Конрад Аденауер имаше свое обраќање на тема Предизвици на парламентарната демократија Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Хрстијан Мицкоски учествуваше на обуката за пратениците во организација на фондацијата Конрад Аденауер што се одржува од 18 до 20 октомври 2024 година. Обуката за пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е на тема „Зајакнување на капацитетите ја пратениците: Предизвиците на парламентарната демократија“. Претседателот Мицкоски имаше свое обраќање пред пратениците во кое се осврна на значењето на Собранието и народните избраници во парламентарната демократија, како и предизвиците на парламентарната демократија воопшто. На обуката свое обраќање имаше и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. |