|
||||
ВМРО-ДПМНЕ реализира проекти и работи за добробит на граѓаните |
Стаменкоска Трајкоска: Минатото нема да се повторува, ВМРО-ДПМНЕ реализира проекти и работи за добробит на граѓаните „Провокации постојано гледаме, но најголемите провокации кои доаѓаат во Македонија се од опозицијата. Провокација е дека изборите сме ги добиле со тоа што сме давале лажни ветувања. Изборите ги добивме на основа на тоа дека ветувавме правда во оваа држава, дека ќе се справуваме со криминалот во оваа држава, ние ветувавме проекти“, изјави Бети Стаменкоска Трајкоска пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. Исто така таа напомена дека проектите веќе се реализираат во Македонија. „Проектите почнаа да се реализираат во Македонија, ветувавме работи кои се поврзани со тоа да доведат во Македонија да имаме еден квалитетен живот. Да не ни бегаат децата и младите надвор од Македонија, туку напротив да имаме еден соживот една добра економска структура, да имаме една стабилна структура во смисла развиено и квалитетно образование“, рече Стаменкоска Трајкоска. Стаменкоска Трајкоска се осврна и на Извештајот од Европската комисија каде напомена дека во иднина нема да се повторуваат негативните оценки, кои што беа пракса за опозицијата во минатото. „84% од извештајот е во период на владеење на СДСМ и ДУИ, останатите 16% проценти се однесуваат на водењето на Владата од ВМРО-ДПМНЕ. Она што е добро е што во иднина нема да ги имаме тие одредени негативни забелешки, заради тоа што со сигурност ќе имаме позитивна оценка поврзана со борба со корупцијата, со сигурност ќе има унапредување на многу области посебно образование“, децидна беше Стаменкоска Трајкоска. Таа истакна дека минатото нема да се повторува. Нема да се дозволува во судството да учествуваат лица кои имаат положен правосуден, а немаат завршено факултет и сето тоа да е на штета на нашата држава и на граѓаните. „Нема да се повторува минатото. Кога се бираа членови да бидат како за пример во Академијата за јавни судии и обвинители да учествуваат лица кои имаат положено правосуден а немаат завршено факултет, или кои длабоко се поврзани со непотизам“, заклучи таа. |