|
||||
Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (1 дел) |
Витлеем, (Bethlehem) градот во кој е роден Исус Христос Моето патување започна од Витлеем (Bethlehem) град на Западниот Брег, кој се наоѓа блиску до Ерусалим. Градот е познат бидејќи овде е родното место на Исус Христос. Поради тоа, во негова чест во градот е изградена базилика Рождество Христово. Во Витлеем исто така е роден и Давид, поради што во Библијата градот многу често е нарекуван „градот на Давид'“. Витлеем се наоѓа на околу 20 км од Ерусалим, на 765 m надморска височина, во градот живеат околу 20 000 жители. Витлеем за прв пат се споменува во Библијата, во која пишува дека Јаков својата жена Рахела ја „покопал“ на патот кон реката Еуфрат, односно Витлеем. Црквата се наоѓа на плоштадот Мангер, што во превод значи јасли. Црквата е една од најстарите цркви и е сеуште во функција. Таа се состои од два дела – базиликата Рождество Христово и црквата Св. Катрин. Многу Христијани ја посетуваат црквата Рождество Христово. Најважно од се е пештерата на Рождество Христово. Таму се наоѓа сребрената ѕвезда и тоа место се смета за точното место на Рождество Христово. Фотографии: http://www.mn.mk/fotogalerija/5452-Vitleem--Betlehem-Noemvri-2011 Наредна среда: Стариот Град Ерусалим |