Среда, 16 Октомври 2024    PDF Печати Е-пошта
Мане Јаковлески: мојот пат по стапките на Месијата-2011 година (2)

po-stapkite-na-medijata-2-4Стар Град (Ерусалим) Според хебрејските ракописи, цар Давид со градот владеел во 970 година п.н.е. Тој бил наследен од страна на својот син, Соломон,  кој го изградил Ерусалимскиот храм на планината Мориах. Храмот на Соломон, (подоцна наречен Прв Храм) прераснал во големо светилиште во еврејската историја, а се смета дека подоцна во него бил чуван и Ковчегот на Заветот. Повеќе од 600 години, односно сѐ до преземањето на градот од страна на Вавилон, градот останал престолнина на Јудејското кралство и религиозен центар на Израелците. Овој период е познат како период на Првиот Храм. По смртта на Соломон, (930 п.н.е.), градот останал престолнина на царството.

По освојувањето на градот, завршил првиот период на храмот, и тоа во 586 година п.н.е., со заземањето на градот од страна на Вавилон, рушејќи го храмот на Соломон. По педесет години Евреите откако биле протерани од градот, персискиот крал Кир II им дозволил повторно да се вратат. Со нивното доаѓање, дошла и идејата за повторна реконструкција на ерусалимскиот храм. Тој бил изграден во 516 п.н.е. во времето на Дариј I, односно седумдесет години по уривањето на Првиот храм. Градот повторно станал најважен центар на Евреите и нивната култура.

Во времето кога Александар Македонски ја поразил Персија, Ерусалим попаднал во рамките на Македонската држава. Во 198 п.н.е., Птоломеј I го изгубил Ерусалим предавајќи го градот на Селеквидите.

Селевкидската Империја (312 п.н.е. - 63 п.н.е.) била империја во античкото време, т.е. една од империите-наследнички на Македонската Империја на Александар III Македонски. Ја основал Селевк I Победникот, еден од генералите на Александар Македонски. Селевкидската Империја била главно сместена на Блискиот Исток.

Стариот Град во Ерусалим е оддалечен на околу 1 километар од модерниот Ерусалим. До 1860 година овие простори на градот ја сочинувале внатрешноста на градот. Стариот Град има форма на неправилен круг и во него може да се влезе од 7 различни порти од градот од кои најпознати се Јафа и Сион. Стариот Град е место каде се наоѓаат некои од клучните религиозни знаменитости на трите религии во градот: Ерусалимски храм заедно со Ѕидот на плачот за евреите, Светиот Гроб за христијаните и џамиите Кубат Ал Сахра и Ал Акса на муслиманите.

Во 1980 година, Стариот Град во Ерусалим е заштитен под УНЕСКО.

Денешниот Стар Град во Ерусалим е 3-4 пати помал од древниот Ерусалим од периодот на Ирод Велики. Кон 66 година, кон почетокот на востанието против Рим, градот го достигнал својот најголем расцвет. Неговото население било околу 100.000 луѓе и бил четвртиот град по големина во светот, по Александрија, Антиохија и Рим. Ерусалим бил заобиколен од големи ѕидови. Неговите кули достигнувале и до 40 метри. Центарот и главен објект бил Ридот на храмовите.

po-stapkite-na-medijata-2-6

po-stapkite-na-medijata-2-5

po-stapkite-na-medijata-2-4

po-stapkite-na-medijata-2-1

po-stapkite-na-medijata-2-2

 

po-stapkite-na-medijata-2-8

po-stapkite-na-medijata-2-9

po-stapkite-na-medijata-2-10

Стариот град

Стариот град е поделен на муслиманска, христијанска, еврејска и ерменска населба.

Еврејската населба, Ѕидот на плачот

Во еврејската населба се наоѓа Ерусалимски храм (Har ha-Bayit) обградена со Ѕидот на плачот. Во Израел уште населбата ја  нарекуваат Западниот ѕид, бидејќи тоа е единствениот дел кој останал од Вториот храм. Според евреите, тоа е местото од каде започнало создавањето на светот.

po-stapkite-na-medijata-2-11

po-stapkite-na-medijata-2-12

po-stapkite-na-medijata-2-13

po-stapkite-na-medijata-2-14

po-stapkite-na-medijata-2-15

po-stapkite-na-medijata-2-17

Муслиманска населба

Вистинскиот камен на храмот се наоѓа под џамијата Ал Акса, која е точно зад Ѕидот на плачот. Зад неа пак се наоѓа џамијата Кубат Ал Сахра (катедрала на каменот).

po-stapkite-na-medijata-2-18

Христијанска населба

Во стариот град на Ерусалим се наоѓа црквата на Воскреснувањето или позната како брдото Голгота, каде според Библијата бил распнат Исус Христос. Исто така во стариот град се наоѓа и Светиот Гроб, место кое се смета дека е гробот на Исус Христос.

po-stapkite-na-medijata-2-19

po-stapkite-na-medijata-2-20

Ерменската населба

Ерменската населба е најмала во Стариот град која се наоѓа до христијанската населба.

po-stapkite-na-medijata-2-21

Продолжува наредна среда: Маслиновата гора - Гетсиманската градина

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.