Понеделник, 21 Октомври 2024    PDF Печати Е-пошта
Симболиката на 23 октомври и неговата порака која одекнува веќе еден век

vmro-23-okt

Формирањето на Македонската Револуционерна Организација(МРО) кое се случило на 23 октомври 1893 година е празникот родоначалник на сите останати празници од совремната македонска историја,а најмногу од периодот на македонското револуционерно будење односно борбата на македонскиот народ за своја држава и национални права.

Кога на овој ден во Солун се собрале шестмината македонски дејци Даме Груев,Христо Татарчев,Иван Хаџи Николов,Христо Батанџиев,Андон Димитров и Пере Тошев всушност на основачкиот конгрес ја дале целата македонска национална програма,за тоа како борбата треба да се води,дека Македонија најпрво треба да добие автономија па потоа нејзин следен чекор во националната борба да биде целосен суверенитет.

За самиот чин на формирањето Даме Груев ќе каже:Во Солун ја поминав следната година, на работа во печатницата на Самарџиев. Тука се сретнав со свои стари другари: Поп Арсов, Андон Димитров (род. од солунското с. Ајватово, сега член на битолскиот суд); д-р Христо Татарчев, Хаџи Николов (од Кукуш), Христо Батанџиев (од Гуменџе, секретар на солунската општина). Со нив ја обновивме старата идеја. Се згрупиравме, и сложно изработивме статут-правилник. Во неговата основа ги поставивме истите начела: барање да се примени Берлинскиот договор.” А Иван Хаџи Николов пак за целите на организацијата во своите спомени ќе нагласи:

1) Организацијата да е тајна и револуционерна.

2. Нејзината територија да ја сочинува само Македонија во нејзините географски и етнографски граници, поради што ќе се нарекува Внатрешна.

3) Во неа ќе членуваат родени и лица што живеаат во Македонија без разлика на вера и народност.

4) Политичкото верују на организираните Македонци е автономија на Македонија.

5) Да се чува самостојноста на организацијата за да не падне под влијание на политиката на соседните држави.”

Токму од овие изјави на нашите дејци треба да разбереме дека со формирањето на МРО која ќе добие и свој статут и правилник,всушност за прв пат во македонската историја имаме групирање и детално односно студиозно зафаќање со македонското прашање кое тогаш во екот на Источната криза требало да добие соодветен третман а со самото тоа и соодветно решение.

Организацијата исто така требало да биде на одредена раздалеченост и да биде колку што може повеќе независна од владите и политиките на соседните држави а особено од Бугарија,која веќе до тогаш во Македонија развила силна просветна и духовна дејност,но за жал исто така и кампања на побугарување на македонското егзархиско население која најмногу се развивала преку просветата и духовниот живот.

Иако првиот устав на МРО носи име”Устав на бугарските македоно-одрински комитети” не треба да не наведе на тоа дека МРО била бугарска формација поради две причини:

1.Бугарија веќе си имала свое кнежество кое го стекнува по Берлинскиот договор и со тоа нејзината борба за национална слобода и државност завршува.Сите понатамошни борби на Бугарија во Македонија како братски сојузник на македонската борба нема да биде ништо повеќе,туку еден мизерен обид за остварување на нејзините големодржавнички и територијални прентензии не само кон Македонија туку и кон соседните држави.

2.За овој назив Крсте Петков Мисирков во својата книга “За македонцките работи” дал едно доста добро објаснување:Од самиот зафаток на револуционерната организација Македонците во Бугарија, или со бугарско образование, работеа под маската Бугари, едно затоа што така се викаше голем дел од населението, а друго, што по тој пат можеше да се добие поддршката на бугарската влада, на бугарскиот народ и на Бугарската егзархија”. Односно со ова тој сака да каже дека Уставот има за цел да го придобие егзархиското македонско население кое тогаш поради припадноста кон бугарската егзархија било нарекувано бугарско население(како и делот од населението кое се молело во патријаршиски храм па било нарекувано грчко население).

Од тука можеме да заклучиме дека пораката на 23 октомври и на МРО е секогаш да се држиме на дистанца од соседите бидејќи барем на Балканот секоја една држава му е на другата волк односно, едвај чека едната да падне па другата со неа да загосподари.Дек треба претпазливо да се однесуваме,да ја чуваме нашата татковина,да ја унапредуваме,бидејќи во коренот на револуционерната борба е борбата за подобро утре,за напредок, за иднина.

Низ вековите одекнува вечната парола”Автономија на Македонија”и “Македонија на македонците” пораки кои понатаму ќе станат темел и за АСНОм и на крај за формирањето на македонска независна држава во 1991 година.

Но тука борбата не запира секогаш ние треба да се бориме за подобро утре,за еманципација на Македонија во меѓународните организации,да се трудиме Македонија да допринесе кон светскиот мир со еден збор да го довршиме тоа што нашите дејци го започнале.

Васко Гичевски

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.