Дијаспора

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ НОВИОТ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД 77“ ВО СИДНЕЈ

Славе Катин

Славе Катин

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј го објави јунскиот бр. 77 од списанието „Повод“ кое е наменето за литература и култура. Новиот број на сисанието „Повод 77“  е издание за литература, култура, историја и општествени прашања. Него го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“.

Бројот 77 на списанието „Повод“ е посвете на познатата поетеса Mилица Паулус. Таа е македонска писателка и поетеса, родена во Кавадарци, а долги години живее и твори во Германија. Милица е двојазичен автор, пишувајќи на македонски и германски јазик, со богато творештво насочено кон возрасните, но и кон децата и младината

Mилица Паулус е член на Друштвото на писателите во Германија, член на Германската академија за писатели, член на Здружението на просветни работници. Исто така, таа е мотиватор за пишување и читање, организатор на литературни настани, литературен агент и литературен критичар. Повеќе децении го негува и афирмира македонскиот јазик и литература, а со тоа ја афирмира Република Македонија. Пишува двојазично: на македонски и германски јазик. Твори проза, поезија, хаику поезија, афоризми, колумни и научни дела. Пишува литература за деца, млади и возрасни. Затоа Милица има добиено награди и признанија од Македонија, Германија, Швајцарија, Австрија, Бугарија, Русија, Англија, Белорусија, Србија, Франција и Индија.

Во продолжение во овој број е поместено дел од творештвото на Милица Паулус и тоа песните: „Заспани љубовници“, „Ех колку сакам“, „Јас сум процес“, „Апстракна картографија“,  и „Песна за високиот дух-Григор Прличев“.

Посебен простор во овој број на Повод е посветен на  текстот „Одбележани 165 години од „Зборникот на браќата Миладиновци“. Тоа е епохално дело и живиот глас на Македонците. Меѓу другото, во него се вели дека Зборникот на браќата Миладиновци е сведоштво за народната мудрост, традиција и идентитет, зачувани низ времето благодарение на нивната посветеност, визија и љубов кон народното творештво и Македонија.

Теекстот „Кој беше Стојан Христов“(1898 – 1996)  од Иван Трпоски.е огледало за познатиот и признат Македонец од Егејска Македонија, роден во село Кономлади, Костурско, кој е американски писател, публицист, новинар и сенатор. Во продолжение Иван Трповски ја претставува својата песна „Пазарки“, а Саво Костадиновски „Песназа Душа(н), Исто така се поместени четири песни од Розита Христовска и тоа„ „По патот на коренот“, „Доста е“, „Ем гали, ем боли“ и „Копачи на злато“.

Посебен простор е посветен на текстот „Голем удар против грчката пропаганда во егејскиот дел на Македонија“ од  Александар Донски и на текстот за промоција на најновиот труд на нашата еминетна историчарка проф. д-р Виолета Ачкоска – „Македонија низ вековите“ од Фиданка Танаскова.

За одбележување е текстот на Иван Трпоски во врска со  Австралиско македонскиот театар од Сиднеј кој на сцена го постави најновото драмско дело од Душан Ристевски, комедијата „Клеопатра од Кравари“, како и текстот за  документарниот филм „Приказната за Силјан“ на македонската режисерка, Тамара Котевска, кој беше прикажан како дел од Сиднејскиот филмски фестивал 2026.

Исто така, се одбележани инфомациите за одржувањето на заедничкиот концерт „Небо и Земја“, на кој настапија Црковниот хор „Св. Петка“ и Македонскиот спортски центар „Илинден“ во Рогдаел, КУД Илинден Ансамблот „Илинден“.и информацијата за одржувањето на годишен фолклорен концерт при што настапија сите осум фолклорни групи од истоименото Друштво.

Посебен проср во овој брј на Повод му е посветен на текстот на Гордана Димовска во врска со одбележувањето на Денот на македонскиот јазик со литературно читање и изложба на книги на МЛД Кочо Рацин – Мелбурн, како и на текстот на Фиданка Танаскова под наслов „Македонија – земја на Сонцето“,и на  прикажувањето на  документарниот филм „Кирил Донски – витезот од Македонија“. и на текстот на Виолета Ачкоска кој се однесува на  обележањето 50 годинишниот јубилеј на една пребогата музичка кариера, каква што е таа на професор Васил Атанасов.

Во продолжение на списанието „Повод 77“ е даден текстот “Каменот си тежи на Местото“ од Оливера Јоановска, текстот за книгата  „Во Австралија како дома“,(1992), на Славе Катин и текстот на Виктор Бивел во врска со Јазикот и негирањето на македонскиот етнички идентитет, труд презентиран на Конференцијата во 2021 на Меѓународната асоцијација на научници за геноцид, коорганизирана со Универзитетот во Барцелона Шпанија, како и на текстот за македонскиот јазик на Ристо Стефов од Канада. Посебно место е посветено за смртта на амбасадорот Мартин Треневски

На крај од списанието се дадени рубриките „Еден поет – една песна’  од Иван Тпоски кој ги претставува песните „На Гоце Делчев војводата“ и „Илинден за на век“ од Спасија Огненовска, како и  сопштението дека  Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј го организира својот традиционален награден конкурс за поезија и проза за возрасни и деца.

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top