Останав многу зачуден од нивната дрскост, едногласно ја бранеа каузата - Македонија за Македонците. Сакаа на сите службени места да се постават Македонци, да останат на работа сите службеници Македонци, кои биле на српска служба, макар и да не го знаат јазикот (м.з бугарски). Еден од нив, ако не се лажам Ѓузелов (м.з. Димитар), ни говореше за термините Македонија и Македонец, при што ни кажа дека Македонија и Македонец се нивни знамиња во борбата и сакаат да си останат такви. Не треба сѐ бугарско да се наложи „ан блок“ оти луѓето навикнале на српскиот режим. Тој не велеше дека Македонците се Бугари или барем да кажеше дека се македонски Бугари, држеше на тоа дека тие се Македонци.
|