|
|
Удба и македонските патриоти |
Македонските патриоти, кои биле чесни и посветени на својата сакана Македонија, со убедувања дека треба да ги исполнат аманетите на Илинденците, да се борат да ги исполнат нивните цели Македонија, да биде самостојна и обединета, биле сметани за најголеми непријатели и биле прогонувани од институциите на матичната татковина.
УДБА, не бирала средства да ги омаловажува, да ги малтретира, да им прави интриги и не само нив, туку и нивните семејства, се со цел да им го скрши патриотскиот дух и да им го наметне социјалистичкиот дух, за југословенско братсво и единство, но тоа кај цврстите и посветени македонски патриоти никогаш не им успеало.
Мане Јаковлески,бил прогонуван од УДБА само затоа што од патриотски побуди имал желба и потреба на душата да се запознае со македонските патриоти во Гетеборг-Шведска, за кои имал читано во списанието на ДООМ - Македонска нација.
Сам, во 1976 година ја реализирал својата замисла. Со автомобил заминал во Гетеборг и се запознал и останал неколку дена со Миле Илиески, Драган Богдановски, Илија Илиевски и неколку други членови на ДООМ - Движење за Обединување и Ослободување на Македонија.
По извесно време во Гетеборг се случил оружен напад на неколкумина од југословенскиот конзулат од Гетеборг, по настанот бил уапсен еден Македонец, а целата вина за подготовка и налогот за овој атентат му се препишува на Мане.
Македонската УДБА, атентатот веднаш го поврзала со посетата на Мане во Гетеборг, за која посета веќе добила информации од нејзини извори во Гетеборг. Оваа посета на Јаковлески е сметана како непријателска, т.е. било констатирано дека Мане, бил во Гетеборг со цел да подготвува терористички активности против државата Југославија.
Поради тоа издава потерница по Мане и со тоа четири години не му било дозволено да дојде во родното село Зубовце, да ги посети своите стари и оболени родители.
Со ургенции на вработен во Ресторанот „Ново Скопје“ во Берлин, кај негов роднина, тогаш висок функционер во Македонија - правото да допатува во Македонија без да биде уапсен била условувана, но на крај била дозволена.
За време на неколкудневниот престој во родниот крај, постојано бил на присмотра на припадниците на УДБА, а често бил повикуван на разговор и во централата на УДБА во Скопје.
Сето ова, може да се види од оргиналните белешки на доситето на Јаковлески, кои ги приложуваме.
Да појасниме, сите они кои биле на листата на УДБА, кога доаѓале во Македонија во посета на своите блиски морале редовно да одат на „информативен“ разговор, биле испитувани, се вршел невиден притисок да кажат се што доживеале во периодот додека биле во странство.
Некои дури од страв кажувале и измислени работи, само и само да се спасат да не им биде земена патната исправа, или да не бидат малтретирани-тепани.
УДБА имала свои центри насекаде во странство, односно информациите ги добивала главно од нашите сограѓани кои биле на привремена работа.
Исто така УДБА ги прислушувала телефонските разговори, каков што е примерот со Ресторанот „Ново Скопје“ во Берлин, сите писма кои биле испраќани на посочената адреса биле отворани, читани и се правеле копии, а потоа повторно препраќани до лицето кое било безбедносно интересно.
Во тоа време УДБА била сметана за една од најорганизираните тајни служби во светот.
Секој еден кој бил повикан од службите, морал да се јави на разговор.
Без исклучок.
Ви презентираме случај каде М.Ј. кога моли после четири годишна забрана да допатува во Македонија, без да биде уапсен, да дојде во посета на својот тешко болен татко. Од редакцијата на Македонска нација |