Среда, 23 Јануари 2019   
Александар Македонски (68)

e1

ВРСКИТЕ ПО КОПНО И ПО ВОДА СО БРОДОВИ МЕЃУ ЦРВЕНО  МОРЕ,  МЕДИТЕРАНОТ И РЕКАТА НИЛ

Неколкуте војни што Птолемејците ги водеа со Селеукидите за Сирија, освојувајќи ја Сирија со Палестина и Феникија, a no подолго време дури и пристаништето Ангиох,-Селеукија во Пиерија, беа сврзани со трговската политика којашто имаше различни мотиви. Сирија беше извонредно значаен трговски регион, кој секогаш имаше особена важност за трговијата меѓу Исток и Запад. Овде беше крајната точка на карванскиот пат што водеше од Дура на реката Еуфрат по патот кај Палмира и Дамаск до Тир.

Тука, исто така, завршуваше патот кој водеше од Јужна Арабија, северно по должината на западниот морски брег на Арабија до важниот набатеански центар Петра, a оттука кон Газа, така што со освојувањето на Јужна Сирија Птолемејците испраќаа кон своите доминиони еден значаен дел од вредните зачини на Јужна Арабија. Тие, исто така, тргуваа со окупираните делови на морскиот брег на Мала Азија, а извонредно важниот артикал за извоз што го произведуваше Киренајка, тие веднаш го монополизираа.

Медитеранската трговија беше значително изменета со доаѓањето на лигата на егејските острови под нивна заштита, се’ до нивниот пад како морска сила кога Родос го зазеде нивното место. Co ставање на морето под контрола Птолемејците исто така му сгавија крај на пиратството, следејќи го примерот на Александар Македонски, кој презеде мерки против пиратството веднаш штом стана господар на морето.

He војувајќи за контролата на Медитеранот, Птолемејците беа предодредени да го направат Црно Mope значајно за нивната трговија. Овде повторно тие го следеа примерот на Александар Македонски во отворањето на нови патишта на море и во проширувањето на знаењето за светот, иако она што тие го направија беше делумно реализирано од последното нивно заобиколување на Арабија. Веројатно без да го знаат тоа, тие ги следеа чекорите на старите фараони, кои во зенитот на египетската историја во третиот, а исто така и во вториот милениум, ги испратија своите бродови до брегот на Сомалиската земја (Пунт), земјата на темјанот и на мирата.

Филаделф, кој имаше голем интерес во економските работи, беше пионер. Тој го обнови каналот на Нехо, кој водеше од Пелузијанскиот ракав на реката Нил низ Горчливите Езера во Црвено Mope, a со тоа воспостави врска со брод меѓу Црвено Mope и Медитеранот. Освен тоа, почнувајќи од Коптос во Горен Египет изгради карвански пат низ пустината до Береника на Црвено Mope, во географска ширина на Асуан.

e2

Тој, како и неговите наследници, направи серија од населби на африканскиот морски брег на Црвеното Mope, кои во почетокот беа изградени главно како пристаништа за ловците на слонови, бидејќи тие имаа потреба од африкански слонови за да им се противстават на индиските слонови на Селеукидите, но во исто време тие служеа како природни пристаништа за трговските бродови.

Кога во вториот век слоновите повеќе не се употребуваа за војување, населбите продолжија да се употребуваат како пристаништа или како трговски стоваришта на трговските бродови. Од времето на Еуергет I бродовите исто така со страв се движеа низ опасниот теснец Бабел-Мандеб и доаѓаа до морскиот брег на Сомалиската земја, за да му донесат на кралот мириси и мира на кои имаше монопол.

Ова отворање на Црвеното Mope за трговија водеше и кон трговски односи со арапскиот морски брег, на кој се лоцира и Филаделф. Но, Птолемејците не ги ограничија своите цели до морскиот брег на Африка и Арабија. Тие правеа усилби да се прошират во други делови до Индија и да прават трговски зделки по море до нивните земји и така се оддалечуваа од ривалот Селеукидите, иако во почетокот не со голем успех. Филаделф влезе во дипломатски односи со Индија.

Таму испрати некој си Дионисие за амбасадор, а славниот Асока ги знаеше Птолемејците, како и другите елинистички кралеви. Но, во почетокот тргувањето не можеше да се врши директно со Индија, затоа што египетските трговци не отидоа зад Аден или островот Сокотра јужно од Арабија. Така, индиските трговци доаѓаа таму и ги разменуваа своите стоки со Египќаните. Овој систем не се измени, се до околу 100 година пред н.е. кога еден смел антички грчки капетан по име Хипал, верувајќи на монсуните, беше однесен преку морето до делтата на реката Инд. Од тоа време, врската со Индија преку море значително се зголеми, но беше важна само до периодот на Август, кога Александрија стана средиште на индиската трговија кон запад.

Птолемејците исто така развија трговија со внатрешноста на Африка. Тука повторно тргнаа по стапките на Александар Македонски, кој еднаш испрати експедиција до Горен Нил, која требаше да реши некои научни прашања и која несомнено воспостави блиски врски и со Етиопјаните. Првите Птолемејци испратија емисари во Судан, кои во некои случаи отидоа зад Меро, a Филаделф ја прошири египетската граница до Нубија, со цел да ги освои големите рудници за злато во Вади-Алаки, што и подоцна ги експлоатираа Птолемејците. Така, продуктите на внатрешна Африка: абоносово дрво, слонова коска, кожи од животни, се носеа по Нил во Египет.

Сите производи од целиот свет што беа увезувани во Египет од север и од запад на Медитеранот, како и од исток и југ се концентрираа во Александрија, што генијално ја формира Големиот крал и која Птолемеј во раниот период од своето владеење ја направи престолнина на власта. Да се направи овој град централно место како на египетската трговија, така и на меѓународната, беше една од главните цели на Птолемејците, а тоа беше реализирано. Co векови, се додека не падна во сенка од Рим, Александрија беше најголемиот и најнапредниот трговски град на светот.

e3

Земјоделските и индустриските продукти на Египет, увезената стока од Африка, Арабија и Индија - со исклучок на тоа што се употребуваше во земјата и суровините од кои се правеа стоки - од Александарија одеа широко низ светот, до Масалија (Марсеј) и Картагена, со кои имаше многу блиски трговски односи, од Италија и Сицилија, до Античка Грција, Сирија и Мала Азија, а и подалеку кон север до морските брегови на Јужна Русија. Александрија наскоро стана најголем центар за меѓународна трговија, каде што трговци на копно и по море од целиот свет општеа со тамошното население. Од средината на вториот век пред н.е. и римските трговци се доселија во Александрија.

Би било добро да се дознае дали формите на птолемејската економија детално ја следеа онаа на Александар Македонски, но многу малку се знае за да може да се одговори на ова прашање. Меѓутоа, изгледа дека постоеле извесни врски меѓу економските намери на Птолемејците и на Клеомен од Наукрат, кого Александар Македонски во 331 година го постави за главен на финансиската администрација.

 Во секој случај, во текот на животот на Александар Македонски, Клеомен собра големо количество пари (8.000 таланти) со шпекулација на пченка и слични артикли. Карактеристично беше за Птолемејците што настојуваа да донесат колку што е можно повеќе пари во кралската каса. Во оваа смисла некој може да ги споредува со меркантилистите од седумнаесеттиот и осумнаесеттиот век, кои притоа сметаат дека добивањето пари е главен проблем на владеите.

Во други случаи ова нуди многу аналогии. Токму кога развитокот на меркантилизмот претпостави отворање на големи дуќани за скапоцени метали во Европа со откривање на Америка и на морето околу Индија, и токму кога пренесувањето беше олеснето од средновековната економија заснована врз видот на стоката, до економијата заснована врз пари и се така до капитализмот, Александар Македонски со ковањето на пари пушти во опток големо богатство на скапоцен метал натрупан од Ахеменидите, што позитивно се одрази врз развојот на монетарната економија на светскиот пазар.

Еден стар писател вели: „Кога Александар Македонски го зеде богатството од Азија, се појави моќна сила на богатство од која Пиндар пропадна". Постепениот пораст на монетарната економија по Александар Македонски остави трага во Египет во кралската економија, како и во економијата на храмовите и на приватните лица. Освен тоа, Птолемејците, следејќи ги постапките на Клеомен, на Египет му дадоа своја валута.

Тоа се однесува и на средствата дадени од Птолемејците во интерес на оваа тенденција за да се добијат пари, а многу споредби повторно можат да се направат со современите меркантилисти. Од тоа се гледа големата надмоќ што е јасно од документите, за таксите во пари, за таксата над такса во рати (само таксата на земјата беше собрана на рати), како и за системот на државната претприемчивост.

Од друга страна, пак, кралот беше најголемиот земјопоседник во земјата. Како и старите фараони, тој бараше супериорно сопствеништво на целата земја, така што голем дел од државата беше под кралска доминација, додека другиот дел беше даден на храмовите или на војската од населбите, или на големите богаташи (како подарок). Според тоа, економијата на целата земја беше под кралска контрола.

Снабдувањето на земјата и на престолнината беше една од главните задачи на кралот, како и системот за складирање на стока што го презеде од древниот Египет. Извозот на жито во странство исто така беше во негови раце. Од друга страна, кралот беше најголемиот мануфактурист во земјата. На овој начин тој ги монополизира целосно или делумно сите важни индустрии, на пример, производството на папирус, преработката на мириси во парфеми и масти, домашната преработка на масло, производството на пиво, производството на текстил итн.

e4

Светот на Птоломејците

Од претходните фараони Птолемејците го присвоија монополот над минералите (природни монополи), а освен тоа во голема мера го развија и монополскиот систем во споредба со економијата на античките  градови. Во основа вистина е дека птолемејската економија претставуваше мешавина на фараонските традиции и на античките грчки цели, со тоа што вторите претрпеа големи измени под влијание на апсолутизмот.

Продолжува

B3 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

КАТОЛИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ГО ПРОСЛАВИЈА БАДНИК

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календа...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.