Иселеници и Регион
Среда, 19 Октомври 2016 03:01   
Изгубените македонски траги во земјата на Кариоките

brazil4-180Португалците со Ин­дијанците постапувале како со ниска класа и не­мало ме­шани бракови. Меѓутоа, толерантноста на Пор­туга­л­ците во однос на склучувањето бракови со Ин­­ди­јанки, истовремено, се совпаѓало со најсви­ре­по­то поробување на индијанските племиња. Така, меѓу другите племиња целосно е уништено индијанското племе Аравак, чии припадници биле принудени претерано да работат на тропските плантажи со ше­ќерна трска на островите во Карипското Море. Многу Индијанци отишле во смртта работејќи и во рудниците за злато и сребро или како робови на огромните ла­тифундии.

Повеќе...
 
Среда, 12 Октомври 2016 03:02   
Развојот на македонскиот иселенички печат на Петтиот континент (2)

mak-aus-180Според пишаните документи се знае дека доселувањето на првите Македонци во Австралија започна по Првата шетска војна, кога патиштата кон Америка беа затворени. Така, поголеми групи македонски печалбари од Леринско, Костурско, Битолско, Преспанско и Охридско пристигнале во Австралија во 1924 и 1927 година. Особено по 1934 година, односно по доаѓањето на Метаксас на власт во Грција, бројот на доселениците од Егејска Македонија се зголемува, а по Граѓанската војна доаѓа до вистински бран на иселување. По шеесеттите години, пак, бројот на доселениците во Австралија рапидно се зголеми и од територијата на СР Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 12 Октомври 2016 03:01   
Петрополис – Центарот на Империјата и богатството

blazil3-1-180Вториот император Дон Педро Втори бил надарен со способност, мудрост и со широко срце. Ја зел власта во свои раце на возраст од 15 години и владеел цели 49 години, сѐ до укинувањето на ро­бо­владетелството. Тоа бил период на економски рас­теж на земјата, развој на производството за кафе, па­мук и шеќер. Животот во кралскиот двор се одвивал по рецептот на европските земји, а Дон Пед­ро Втори бил чест гостин на Европа. Така, при една негова посета на Европа, како последица од неговото лошо здравје, принцезата Изабела ги ослободила робовите без да им плати на соп­стве­ни­ците на плантажите. Меѓутоа, како што рекол не­кој од очевидците, кој бил и потписник на тој до­кумент, „Нејзиното Височество спаси една раса, но ќе го загуби престолот“. Така и се случило.  На 15 ноем­ври 1889 година монархијата била отфрлена и Бразил се прогласил за република.

Повеќе...
 
Среда, 12 Октомври 2016 03:00   
Стефан Наумов - Стив

Stefan Naumov-Stiv-180Стефан Наумов - Стив ( 27. X 1920 - 12. IX 1942) е македонски деец, првоборец и народен херој. Повеќе пати бил апсен како комуниста. По Априлската војна во 1941 година работел  на организирање на оруженото востание во Македонија, а во април 1942 година учествувал во формирањето на Битолскиот партизански одред „Пелистер“. Во мај бил вклучен како член на привремениот ПК на КПЈ за Македонија и член на Оперативниот штаб за Македонија. Загинал во борба со бугарската полиција, заедно со поетот и народен херој Димитар Богоевски – Мите.

Повеќе...
 
Среда, 05 Октомври 2016 03:03   
Почетокот на македонскиот иселенички печат во Австралија (1)

makedonskiot-iselenicki-pecat-180Појавата на македонскиот иселенички печат во Австралија е израз на долготрајната макотрпна борба на македонските доселеници (без разлика од кој дел на Македонија дошле), за афирмација на својот национален идентитет и на дедовската земја Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 05 Октомври 2016 03:02   
Разговор со Душан Ристевски по повод: БАБА СЕ МАЖИ

ivan-trpovski-180Повод за разговор со Душан Ристевски ни даде поставувањето на сцена на неговата последна драма „Баба се мажи“ во изведба на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј.

Повеќе...
 
Среда, 05 Октомври 2016 03:01   
Рио де Жанеиро - најпосетуваниот град во јужната хемисфера

brasil22-180Рио де Жанеиро има тропска клима која има карактеристики како и тропската монсунска клима и многу често се карактеризира со долги периоди на врнежи, најчесто, од декември до март. Во внатрешните области на градот, температурата достигнува и над 40°C и овие периоди се чести во летото, иако ретко траат долги периоди, додека максималната температура над 27°C може да се случи на месечна база. По должината на  брегот, ветерот кој дува наизменично, море – копно ја моделира температурата.

Повеќе...
 
Среда, 28 Септември 2016 03:42   
Медал за заслуги за Македонија

ivanov1-180Повод за разговор со Иван Трпоски е добивањето на Медал за заслуги за Македонија, неодамна доделена од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и објавувањето на неговата најнова книга „Македонија – не те забораваме“.

Повеќе...
 
Среда, 28 Септември 2016 03:02   
Бразил - земја на големини и на контрасти

brazil-180Интересен е податокот дека денешната територија на Бразил била населена уште пред 6.000 години. Повеќето домородни народи кои живееле и живеат на територијата на Бразил се верува дека се потомци од првиот бран емигранти кои пристигнале овде од Северна Азија, поточно од Сибир. Во 1500 година од нашата ера територијата на модерен Бразил броела население од околу 3 милиони жители, разделено во повеќе од 2000 нации и племиња. Во текот на наредните три века, Бразил бил постојано колонизиран од Португалци. Лингвистиката, пак, открила дека во Бразил има над 188 живи домородни јазици со над 150.000 говорници и дека 67 домородни племиња кои сè уште живеат без допир со конвенционалната цивилизација.

Повеќе...
 
Среда, 28 Септември 2016 03:01   
Австралиско-македонска црковна епархија (33)

mpc-logo-180

Македонските православни црковни општини во Австралија се конституирани врз законска основа и се организирани како религиозни, национални, социјални, хуманитарни и културно-просветни институции. За реализирање на своите активности, црковните општини пред сѐ, имаат добиено широка поддршка од австралиската влада и од мајката-Светиклиментовата црква. Со формирање на црковните општини во Австрлија, во голема мера се придонесе да се подигне на повисоко рамниште и во извесна смисла да се определи националниот идентитет на Македонците од сите делови на Македонија. Македонските доселеници во Австралија, без разлика од кој дел на Македонија, и со какви патни исправи се дојдени во новите средини.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Литванија – европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“ во Македонија многу мажи остануваат неженети

Во делови од Европа, демографијата сè почесто станува и личен проблем. Во Литванија, на пример, ве...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД КУЛТОТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ТЕКОТ НА ПОВЕЌЕ ВЕКОВИ (8)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И С...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.