Иселеници и Регион
Среда, 02 Декември 2015 04:03   
Во Тарту (Естонија) инаугурирана изложба посветена на авторот на првата докторска дисертација за македонскиот јазик од 1890 година

tartu3-180Во Универзитетската библиотека во Тарту беше отворена изложба посветена на првиот проучувач на македонскиот јазик Леонард Готхилф Мазинг, воедно и автор на првата докторска дисертација за македонскиот јазик одбранета во 1890 година на тогашниот Дерптски универзитет (денес Тарту) истовремено одбележуваќи и 170 години од неговото раѓање.

Повеќе...
 
Среда, 02 Декември 2015 04:03   
Канадско-македонски асоцијации во Торонто (10)

kanadsko-makedonsko-mesto-180Во Торонто постои Домот за стари лица „Канадско-македонски центар“, познат како „Старски дом“, каде старите лица нашле среќно катче.  Овој центар со стотина апартмани, трпезарија, и други потребни простории е пријатно место за живеење за голем број Македонци и Канаѓани. Тој е една од најстарите и најзначајните македонски институции. Првиот иницијативен одбор на овој дом беше формиран во 1969 година и прерасна во Управно тело - Борд на директори кој броеше 15 чле­на и својата официјална дејност ја започна во 1971 година. Ова тело кое е акционерско, секоја година преку избори доживува промени.

Повеќе...
 
Среда, 02 Декември 2015 04:01   
Моите патриотски написи во Австралија од активноста во македонското движење од 2004 година - прв дел

nova-kniga-janko-tomov-180Со преселуванје во Бризбен, Квинсланд, Австралија, во 1996 година, од Перт, Западна Австралија, со мојата супруга Нина,  ме импресионираа проčуените за туризам плаžи и националните брдовити паркови на “Санšајн Коаст”, 100 км оддалеčен Северно од Бризбен, за да ги средам моите мемоари и документи од архиви, од мојата активност во Македонското двиžенје на диаспората-Австралија. Така од Перт, Западна Австралија, продолžив и во Квинсланд да соработувам и да имам контакти со патриоти, а пред се да пиšувам национални, политиčки, историјски и написи за Македонски čовекови права и слободи и да ги пракам по адреси за žивеенје на тие патриоти од кои ги имав, при активностите, средбите и допиšуванјата.

Повеќе...
 
Среда, 25 Ноември 2015 04:03   
Македонски црковни секции и информативни гласила (9)

sv-kliment-toronto-2-180Во 1994 година, во состав на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто беше формирана Драмската секција. Таа беше една од значајните секции што работеле во рамките на овој семакедонски духовен, културен и национален дом. Покрај претставувањето во црквата, Драмската секција настапила и на Онтарискиот фестивал, во Конвеншн центарот, во Рој Томсон Хол, а по повод 125-годишнината на Канада, ги претставуваше македонските доселеници во Отава и на други места.

Повеќе...
 
Среда, 25 Ноември 2015 04:02   
Ченто – Страдалник за Обединета Македонија

cento-180Разговор со Душан Ристевски по повод монодрамата посветена на Методија Андонов - Ченто

Повеќе...
 
Среда, 25 Ноември 2015 04:01   
Престижна награда за филм на учениците од Основното училиште „Карлтон“

karlton-180Учениците од основното училиште ,,Карлтон” се добитници на Наградата

Повеќе...
 
Среда, 18 Ноември 2015 04:07   
Помагајте, треба да го зачуваме македонскиот јазик во НЈВ!

njb1-180Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ, на 13-ти ноември 2015 година во прекрасниот амбиент во Emporium Reception во Bankstown во присуство на многу гости , родители и наставници ја одржа првата добротворна забава, со цел да се соберат средства за да се подобри и модернизира наставата по македонски јазик. Вечерта се прослави и матурската вечер на која им беа врачени дипломите на 17 матуранти за успешно завршено изучување на македонскиот јазик во средното училиште.

Повеќе...
 
Среда, 18 Ноември 2015 04:03   
Продолжување на старомакедонските традиции и обичаи во Канада (8)

toronto-crkva-180Во една од салите на црквата „Свет Климент Охридски“ во Торонто, во приквечерните часови на 6 март 1987 година, се одржа состанок на истомисленици кои истакнаа дека од пресудно значење и повеќе од потреба е да се формира литературно друштво во македонската иселеничка средина во Канада. Записничарот ќе забележи дека на тој состанок биле присутни: Вера Петревска, Стефан Букчев, Драгица Белчевска, Никола Белчевски, Благица Дафовска, Ристо Милјановски, Алексо Лозановски, Танас Јовановски, Перса Гиневска, Петар Гиневски, Драгица Димовска, Ратка Шапас, Тони Марковски и Михајло Дафовски. Поминаа само десетина дена и на 16 март беше избран првиот Управен одбор на друштвото, во состав: Благица Дафовска, претседател, Никола Белчевски, потпретседател, Драгица Димовска, секретар, Ратка Шапас, благајник и Вера Петревска, координатор, кои раководеа со активностите две години.

Повеќе...
 
Среда, 18 Ноември 2015 04:01   
За говор со молчење или за страв со молчење во актуелната политичка криза на Македонија!?

janko-tomov-180Најновиот напис во “Македонска нација”: Потребна е нова форма организирање на активните интелектуалци за спас на суверена Македонија”, од 11 ноември 2015 година, кој  поттикнува голем познат број на активни Македонски интелектуалци-автори на политички написи, како и уредниците и ковласниците на македонските медиумски изданија, а и извесни активни асоцијации, да се организираат во потребна нова форма на патриотска Македонска активност.  Целта со тој напис е, што е најважно, да го заштитат националниот белег, Уставното име на Македонија и да ги подобрат демократските процеси на Република Македонија. Поменатите интелектуалци со дел од нивните лични генералии, тој мој напис не ги поттикна за јавна организираност, бидејки дали од страв или од преголема претпазливост за својоата безбедност!?

Повеќе...
 
Среда, 18 Ноември 2015 04:00   
Македонско друштво „Илинден” - Тирана со свои претставници учестуваше на промоција на книгата „Заштита на малцинствата и нивниот третман во Република Албанија“

jonlinda-hada-180Македонско друштво” Илинден”-Тиранa со преставниците г-дин Нико Китани член на Македонско малциство во државниот комитет за малциства и г-ѓа Фидана Ќулханџиу член на друштвото беа присутни на 12.11.2015 година во Тирана  на промоција на книгата “Заштита на малцинствата и нивниот третман во Република Албанија” одржана на годишниот саемот од книгата во Тирана од авторот Јонлинда Хада. Во книгата се говори за малцинствата во Република Албанија како македонското , грчкото, потоа србо-црногорците, ромското и влашкото. Исто така, се зборува и за непризнатите Бошњаци и Еѓипќани. Авторката ги пренесува сопствените истражувања околку малцинствата во Албанија, нивната состојба и нивните барања. Исто така, во книгата се анализира и законската рамка во Република Албанија за малциствата. Според промоторите, овaа книгa многу ќе помогне за осознавање на состојбата на малциствата во Албанија и нивна промоција, а со самото тоа и на македонското малцинство во Република Албанија.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.