Среда, 25 Ноември 2015   
Македонски црковни секции и информативни гласила (9)

slave-nikolovski-katin-2
Пишува СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

ОД АКТИВНОСТИТЕ ВО МПЦ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО

Во 1994 година, во состав на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто беше формирана Драмската секција. Таа беше една од значајните секции што работеле во рамките на овој семакедонски духовен, културен и национален дом. Покрај претставувањето во црквата, Драмската секција настапила и на Онтарискиот фестивал, во Конвеншн центарот, во Рој Томсон Хол, а по повод 125-годишнината на Канада, ги претставуваше македонските доселеници во Отава и на други места.

Во подолг период Драмската секција имаше изведено поголем број театарски претстави, меѓу кои: „Чорбаџи Теодос“, „Свадба“, „Балканско кафе“, „Патот во татковината“, „Мајка“, „Духот на слободата“, во режија на Бранко Ставрев, и други.

Членови на Драмската секција биле: Тања Ѓорѓевиќ, Ташко и Даница Кубановски, Ратка Лозановска, Блага Мангова, Благица Дафовска, Марика Танасковска, Фана Плетерска, Тони Марковски, Соња Димевска, Митре Чачевски, Фана Шомова, Белинда Гаџевска, Никола Белчевски и други. 

Исто така, Шаховскиот клуб при Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ повеќе години на најверодостоен начин ја афирмира оваа древна игра, благодарение на бројните членови-вљубеници во шахот, на чело со Страшо Мојсовски. Овој клуб, кој е отворен од септември до мај секој понеделник, од седум часот навечер, започна да работи есента 1986 година, а го формираа група ентузијасти. Во текот на овие триесетина години, клубот се натпреварувал со поголем број канадски шаховски друштва.

Неколку членови на клубот редовно се натпреваруваат на поважните турнири во Онтарио, на кои постигнуваат завидни резултати. За одбележување се шахистите од клубот кои се членови на Шаховската федерација на Канада. Во текот на изминатиот период во просториите на црквата „Свети Климент Охридски“ се одржале бројни турнири, а во македонската заедница беше одржан шаховски фестивал на кој учествуваа 242 шахисти од Онтарио, како и гости – шахисти од Република Македонија.

sv-kliment-toronto-2
Црквата „Свети Климент Охридски“ во Торонто

„Духовна искра“ е едно од првите списанија меѓу иселеништвото што се печатеше на литературен македонски јазик. Првиот број се појави во февруари 1968 година, на дваесет страници, а како орган на првата Македонска православна црква во Канада – „Свети Климент Охридски“ во Торонто. Излезе на македонски јазик, на кирилица, а имаше текстови и на англиски јазик. Уредници беа Ристо Кочовски и свештеникот Атанас Попов, а соработници беа: Крис Димов, Крис Божанин, Филип  Ангелковски, Славе Николовски-Катин, авторот на овие редови  и други. На насловната страница под името на весникот беше ставена фотографија на црквата „Свети Климент Охридски“.

Во воведната статија на првиот број на „Духовна искра“ се вели дека  по повод искажаните усни и писмени желби од многу македонски сонародници во Канада, Соединетите Американски Држави, Полска, Романија, Чехословачка, Германија, Австралија, Белгија, Франција и други земји, за да бидат информирани за црковниот  живот, тие ја поздравија иницијативата со ова периодично списание „Духовна искра“... Со него се покажа и докажа и почитта кон македонската автокефална црква и особено кон тогашната прослава на 65-годишнината од Илинденското востание.

Целта на „Духовна искра“ беше да ја запознае македонската емиграција со црковните собитија, со здравствено-моралните поуки, катехизисот за мали и големи, со информации од животот на црковната општина „Свети Климент Охридски“ во Торонто и многу, многу други интересни материјали кои  го привлекуваа  вниманието на бројните читатели.    

Во првиот број на „Духовна искра“  беше објавена фотографија од поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски господин Доситеј и Посланието што тој им го испрати на сето православно свештенство, на преподобното монаштво и на верниците. Потоа беше дадена одлукатата од 10.10.1967 година за изборот на митрополитот Кирил за надлежен архијереј на Американско-канадско-австралиско-македонската епархија, со пригодна фотографија, како и опширен текст за историско-канонското право на автокефалноста на Македонската православна црква.

Вториот број на списанието се појави во мај 1968 година и беше посветен на празникот Велигден, а по тој повод беше и текстот од Светото писмо, текстови од прославата на овој црковен празник и текст за македонската наука. Во продолжение следеја информации за активностите на македонското училиште, за прославата на Илинден во 1968 година, како и список на дарители. Посебен простор бешее посветен на одговорот на Српската православна црква, а беа објавени и други информации од секојдневното живеење на македонските доселеници во Торонто и Онтарио.

iskra

Во октомври 1969 година е отпечатен петтиот број на списанието „Духовна искра“, со обем од 28 страници. Во него се дадени повеќе текстови и фотографии, меѓу кои за надлежниот архијереј митрополитот Кирил и за неговиот пречек во Торонто. Потоа следи опширен текст по повод востоличувањето на митрополитот Кирил за надлежен архијереј на таа епархија, извршено во храмот „Свети Климент Охридски“ во Торонто, од страна на митрополитот Дебарско-кичевски господин Методиј, во сослужение на бројни македонски свештеници.

Во октомври 1970 година е отпечатен уште еден број на „Духовна искра“ што беше посветен на Првото епархиско собрание на Американско-канадско-македонска епархија, што се одржа во црквата „Свети Климент Охридски“ во Торонто, на 4 октомври 1969 година, а на кое учествуваа голем број делегати на македонските црковни општини во Канада и во Соединетите Американски Држави.

Исто така, во рамките на црквата „Свети Климент Охридски“ од Торонто од непроценливо значење беше гласилото „Климентов збор“. Гласилото претставуваше орган на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто, а всушност, беше продолжение на списанието „Духовна искра“, што почна да излегува во 1968 година. Првиот број се однесуваше на периодот јануари-јуни 1972 година и беше печатен на 48 страници на македонски јазик, со кирилица, а кратка содржина на текстовите беше дадена на англиски јазик. Главен и одговорен уредник беше протојерејот Михаил Теохарев, во соработка со авторот на овие редови.   

bibliski-recnik

На насловната страница, покрај името на весникот, беше дадена и фотографијата на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто. Потоа следи образложението на редакцијата на „Климентов збор“ за печатењето на весникот. Во него се нагласува дека почнувајќи од овој број, прв по долгиот прекин на излегувањето на „Духовна искра“, редакцискиот одбор се погрижи да го изнесе вероучението на православната црква, која кај нас Македонците има специфична важност, па потребно е народот да го познава учењето на верата, која нè зачувала како Македонци. 

Во списанието  беше нагласено дека тоа се предвидуваше да биде посветено и на активностите во македонските православни цркви, да донесува научно-популарни теми за Македонската православна црква и за македонската национална историја, како и за други црковни обредни настапи во македонските духовни храмови во Канада и во Соединетите Американски Држави. Се планираше списанието „Климентов збор“ да излегува тримесечно, а да биде со богати содржини, илустрирани со фотографии, но набргу престана да излегува.

Неколку години подоцна, Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ од Торонто повторно почна да го печати списанието „ Климентов збор“. Бројот за ноември-декември 1985 година, беше отпечатен на македонски јазик со кирилица, но и со текстови на англиски јазик, кој го подготвија свештениците Илче Миовски и Јован Босеовски. Ова гласило во вид на билтен му беше посветено на Христовото раѓање и во него се објавени текстови од религијата, од активностите на црквата, со посебна нагласка на членското собрание и на изборот на управата, како и за одбележувањето на патрониот празник на црквата „Свети Климент Охридски“, катедралната и назголема и најзначајна македонска црковна општина во демократска Канада..

Продолжува

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.