Среда, 02 Декември 2015   
Канадско-македонски асоцијации во Торонто (10)

slave-nikolovski-katin-2
Пишува СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

ОД АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ НАДВОР ОД ЦРКОВНИТЕ ОПШТИНИ

Во Торонто постои Домот за стари лица „Канадско-македонски центар“, познат како „Старски дом“, каде старите лица нашле среќно катче.  Овој центар со стотина апартмани, трпезарија, и други потребни простории е пријатно место за живеење за голем број Македонци и Канаѓани. Тој е една од најстарите и најзначајните македонски институции. Првиот иницијативен одбор на овој дом беше формиран во 1969 година и прерасна во Управно тело - Борд на директори кој броеше 15 чле­на и својата официјална дејност ја започна во 1971 година. Ова тело кое е акционерско, секоја година преку избори доживува промени.

 Во аналите на Кандско-македонскиот дом е запишано дека во 1973 година беше купено место со површина од над три хектари на кое е изграден Домот, што е од ин­терес и потреба за сите Македонци кои живеат во Торонто и околината. Потоа на 7 мај 1978 година и официјално бше ставен камен темелникот, а на 24 септември 1978 година свечено беше откриена резба во камен со натпис “Канадско-македонско место 1978”. Домот на свеченото отворање е именуван како  “Канадско-македонски пензионерски (старски) центар”.

Свеченото отворање на Домот беше извршено на 17 јуни 1979 година. Тогаш беше отворен комплекс од модерни згради со 110 апартмани, со си­те помошни простории, со една спална, кујна, гостилница, приемна соба, балкон,     ку­патило и др. На свеченото отворање настапија: групата “Ма­ке­донка” при црквата „Свети Климент Охридски“, охридскиот пеачки состав “Бил­јана”, португалското КУД “Назаре”, како и јапонски, филипински, ав­стрис­ки и ирски играорци.

Во Канадско-македонскиот центар, кој на 12 јуни 2014 година ја про­слави 35-годишнината од отворањето работи женската секција “Ќерките на Македонија”. Таа е формирана во 1977 година и во неа членуваат и учествуваат видни граѓанки на Канада од македонско потекло. Исто така, во состав на Центарот со успех работи Македонско-канадскиот пензионерски клуб, прв во Торонто, кој беше отворен на 15 јануари 1974 година, а официјално регистриран на 1 април 1977 година

kanadsko-makedonsko-mesto
Канадско-македонско место (Старскиот дом)

Во зградатана „Старскиот дом“ работи и Канадско-македонското историско друш­т­во. Тоа е единствено од таков вид во дијаспората кое игра значајна улога во севкупната научна и културолошка активност на голем број македонски интелектуалции од Канада, а  кое има и своја библиотека во Домот.

Инаку, Канадско-македонското историско друш­т­во е асоцијација во која членуваат Канаѓани од македонско потекло од сите делови на Македонија кои се занимаваат со македонската историја, култура, јазик, литература и воопшто со македонската вистина во минатото и сегашноста. Тоа е формирано во 1991 година од група ентузијасти чиј број постојано расте и привлекува други професионалци и ентузијасти да ги негуваат македонските придобивки..

Друштвото има за цел да ја развие свеста и гордоста меѓу членовите и пошироко во канадското општество со цел тие да дознаат од каде им се корените, какво било нивното минато, сегашност и иднина.

Целта на Канадско-македонското историско друш­т­во е да  остави траен белег за македонското историско минато. Притоа да ги сними членовите на друштвото со цел тие да се претстават со материјали од  своите области, како што се: пред с’е историјата на Македонците во Канада, нивната култура, традиции, јазик, религија во Македонија и во Канада, како и прашања и од други области.

Оваа значајна канадско-македонска асоцијација е непрофитна, доброволна, формирана согласно законските одредби на провинцијата Онтарио. Затоа Друштвото е поддржано од бројни волонтери и нивни спозори кои ги финансираат програмите на Друштвото. Исто така, Друштвото придонесува да се соберат на едно место и членовите на Канадско македонската асоцијација на ветераните, што е голема придобивка во развивањето на односите меѓу ветераните од Македонија и Канада.

Посебен акцент во работата на Друштвото е ставен на развојот и промовирањето на македонските историски и археолошки истражувања, како и воспоставување и одржување на библиотечен и музејски фонд, кои ќе значат проширување на знаењата на членовите и афирмација на македонската вистина во канадското општество. 

Затоа, Канадско-македонското историско друш­т­во е место каде се одржуваат броини предавања, трибини, промоции и други манифестации во врска со историската вистина за македонскиот народ и Македонија.

Исто така, во Торонто активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи „Македонското движење за човекови права“ (порано Македонско движење за човекови права од Канада).  Тоа е формирано во 1986 година. Неговата цел е да се бори за основните човекови и национални права, вклучувајќи го и правото на слобода на изразување и здружување.

Оваа значајна македонска асоцијација ги поддржува демократските начела за сите етнички Македонци и другите обесправени народи, во согласност со Универзалната декларација за човековите права, Повелбата на Обединетите нации, Европската конвенција за човекови права, Париската повелба и сите други документи на Конференцијата за европска безбедност и соработка во Европа.

Исто така, Македонското движење за човекови права го следи развојот на човековите права во Канада и ги афирмира уставните права на Македонците од сите делови на Македонија и од Мала Преспа како Канаѓани, кои се гарантирани со Повелбата на Канада, како и  да обезбеди информации, совети, помош и поддршка на поединци и организации во сите делови на Македонија и пошироко, во врска со човековите и националните права и основните слободи што треба да ги имаат Македонците.

Членовите на „Македонското движење за човекови права“ имаат плодна соработка и се поврзани со сите организации на Македонците  низ целиот свет, вклучувајќи ги и САД, Австралија, сите четири делови од Македонија, Мала Преспа.  Европската Унија,  Источна Европа и многу други земји.

Исто така, во Торонто е активен Македонскиот центар за културна и социјална интеграција. Тој  е основан и е дел на македонската заедница во Канада кој има за цел да ја подобри соработката помеѓу членовите на македонската заедница и да промовира полесна и побрза интеграција на Македонците во канадското општество. Оваа асоцијација се труди да ги пополни празнините на услугите при населувањето и адаптирањето на Македонците кои имигрираат во Канада, а чиј број драстично се зголемува.

Членовите на оваа македонска асоцијација се посветени на доброто на својата заедница и се стремат кон остварување на најголемото лично исполнување - сатисфакција, која произлегува од помошта дадена на своите луѓе. Тие го негуваат македонскиот јазик, традициите, културата, обичаите и другите врености на Македонците во Канада..

Во Торонто во 1988 година е формирано и „Здружение на македонските студенти на Универзитетот во Торонто“ (AMSUT). Како организација таа е посветена на активностите и прашањата на македонските студенти. Всушност, Здружението е центар за македонските активности на верска, политичка, образовна, културна и социјална природата. Целта на оваа студентска асоцијација е да го зајакне чувството за општествена одговорност кај младите во заедницата, потоа да се зголеми донаторството кон Македонија, да се прошири стипендирањето на студентите и тие да се вклучат во македонската заедница на национална, културна, јазична,  религиска и друга основа.

kanadsko-makedonsko-istorisko-drustvo

На 25 јануари 2010 година во Торонто се формира гранка на асоцијацијата „Македонија 2025“, американско здружение на  бизнис професионалци. Оваа асоцијација е формирана во соработка со Скошија банката од Канада. Притоа е речено дека таа е за зближуваље на луѓето и претставува фантастична можност за македонските бизнис професионалци да се вклучат во средината каде што можат да учат едни од други, да градат односи и да инвестираат во себе.

„Македонија 2025“ е независна и неполитичка организација посветена на зајакнувањето и подобрувањето на економијата на Република Македонија. Она што го прави овој проект е уникатен во разновидноста на учесниците, бидејќи асоцијацијата ја води тим кој има богато искуство и знаење во областа на телекомуникациите, информатичката технологијата, финансискиот и банкарскиот сектор, развојот на инфраструктурата, претприемништвото и законодавните процеси.

Продолжува

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.