Марија Воденска: ПОРАКА До Андреас Георгиос Папандреу и неговите наследници Децата
Од илјада деветстотини четириесет и осмата Сеедно од кој извор бликнат Вруточен, дотечен, распукнат Разнесен, расчеречен Расточен низ омеѓени ливади И расплоден по светот. Тебе, кириос Папа, Те потсетуваат: За градината размеѓена За лебецот раскршен, раздробен, Раскостен, разнижан, За гробови расфрлени по недооднини Недофатни, недогледни […]