Македонски легенди

Mitre_Vlavot

Митре Влаот

Митре Панџаров – Влаот (1873 – 1907) е македонски револуционер, член и војвода на Македонската Револуцонерна Организација. Познат е под името Митре Влаот или како Митре Влашето, но во документите се потпишувал со вистинското име и презиме. Со појавата на комитските чети, влегува во нивните редови, прво како обичен борец, а потоа станува војвода на […]

gorgi-soptrajanov

Ѓеорѓи Шоптрајанов

Ѓеорѓи Димев Шоптрајанов (2. II. 1907  – 2001) е македонски филолог, општественик и културно-просветен деец, универзитетски професор, еден од најголемите македонски франкофони и научник од светско реноме. Тој бил добар пример како големите македонски интелектуалци остануваат во служба на својата татковина. Ѓеорѓи Шоптрајанов е роден на 2 февруари 1907 година во Велес. Тој бил најмалото […]

tasko-karadza

Ташко Караџа

Анастас Ташко Караџа (1914 – 1942) е македонски револуционер од Егејскиот дел на Македонија. Еден е од најистакнатите борци за национални и социјални права на македонскиот народ во Костурско. Активно учествувал во македонското движење и бил активен учесник во антифашистичкиот отпор во Егејскиот дел на Македонија. Пред Втората Светска Војна, како член на КПГ бил […]

trpo-popovski

Трпо Поповски

Трпо Поповски (21. V. 1848 – 25. V. 1928) е македонски преродбеник и револуционер, свештеник и учител. Целиот свој живот го посветил на борбата против грчката пропаганда во Македонија и е еден од првите основачи на училиште на мајчин јазик во Костурско. Клеветен од грчките владици, како голем борец против елинизмот во Западна Македонија и […]

220px-Kuzman_Shapkarev_1907_posledna_snimka

Кузман Шапкарев

Кузман Атанасов Шапкарев (1834 – 1909) е македонски преродбеник, истакнат фолклорист, етнограф, публицист и учебникар. Повеќе од триесет години собирал и ја проучувал македонската усна традиција. На свој начин тој е зачетник на македонизмот. Кузман Шапкарев кој долго време се викал Козма А. Паскалев е роден на 1 февруари 1834 година во Охрид, во сиромашно […]

krum-tomovski

Крум Томовски

Крум Томовски (1924 – 2010) е македонски архитект, конзерватор, професор и академик. Тој е еден од првата повоена генерација дипломирани македонски архитекти кој работи не само на создавање на нови кадри, туку и на дефинирање на основните вредности на македонската архитектонска историграфија. Истражувајќи го континуитетот на традиционалната архитектура во Македонија, тој во своите трудови ги […]

GeorgiPopHristov

Ѓорѓи Поп Христов

Ѓорѓи Поп Христов – Крстоарец (1876–1962) е македонски учител и револуционер, член, раководител и војвода на Македонската Револуционерна Организација. Учителствувал во Кавадарци, Прилеп и Битола и бил член на Битолскиот Окружен Комитет (1900 – 1903). Во 1903 учествува на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание во Леринскиот реон. По Првата Светска Војна бил член на […]

mihail-smatrakliev

Михаил Сматракалев

Михаил Сматракалев (15. XII. 1910 – 16. IV. 1998) е македонски национален деец, поет, раскажувач, новинар, публицист, револуционер. Познат под литературниот псевдоним Ангел Жеров, тој е еден од најпројавените активисти на напредната македонска емиграција во Бугарија меѓу двете светски војни. Пишувал на бугарски јазик. Посебноста на македонската нација и борбата на македонскиот народ за национални […]

vladimir-polezinovski

Владимир Полежиноски

Разумот и мудроста на Народно-ослободителното дело Д-р Владимир Полежиноски, доктор на Сорбона, човекот што го понесе антифашистичкиот отпор во Кичевско, еден од творците на актите на АСНОМ и голооточки затвореник. Владо Полежина е роден на 30 мај 1913 година во Кичево од татко Јонче и мајка Стефанка. Основно образование завршил во Кичево, а гимназија во […]

Vangel_Mangov

Вангел Мангов

Вангел Мангов е роден во 1912 година во Костурското село Жупанишча, Егејскиот дел од Македонија. Основно образование завршил во 1926 година, а потоа учи во Костурската и Цотилската гимназија. Во периодот по Првата Светска Војна, кога во Егејскиот дел на Македонија не постои организација на македонскиот народ која ќе се спротивстави на грчките шовинисти, Вангел […]

nestor

Нестор Алексиев Мирчевски

Нестор Алексиев Мирчевски (Осој, Дебарско, 25 март 1873 – Скопје, 17 јули 1969), последен од големата тајфа македонски резбари. Зад себе остави големо дело кое може да се сретне во резбарските иконостаси во Македонија и во други балкански земји. Во 1939 година ја освои првата награда на Светската изложба на уметничкото занаетчиство во Берлин. Резбарот […]

Manush_Georgiev

Мануш Георгиев – Турновски

Мануш Георгиев (10. VIII. 1881 – 7. II. 1908) е македонски револуционер, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација. Тој е уште еден од плејадата млади македонски дејци кој својот живот го посветува на македонското ослободително дело. Длабоко уверен од неопходноста на револуционерната борба, Мануш го става својот живот во служба на народот за […]

To top