Коментари

Различните идеологии и внатрешни делби во македонското револуционерно движење и нивните последици (втор дел)

vasko-gicevski

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Сепак и покрај жестоките борби и дискусии кои што ги воделе со ТМРО, Врховниот Комитет продолжил да се меша и понатаму во македонското движење вртејќи ја насоката на движењето кон Бугарија. Во овој контекст тие токму и пред  Илинденското востание ќе ги предизвикаат двете воени провокации Горноџумајското и Тушимското востание кои ниту за цел имале да придонесат кон ослободувањето на Македонија, ниту пак им било важно дали и колку населението е спремно за таков чин.Едноставно преку ноќ носеле решенија и истите ги спроведувале не сметајќи на подоцнежните далекусежни последици.

Иленденското востание ќе биде испровоцирано за да случи иако можеби населението не беше доволно спремно,слабо вооружено и финански немоќно а најлошо беше во окрузите во кои дејствуваа врховистите кои на секој начин се трудеа да го разнебитат и уништат слободарскиот дух на народот. Од една страна беа страстите на народот кој подлажуван од врховистичката пропаганда дека”македонците треба само да го дигнат востанието а подоцна Бугарија ќе започне војна против Османлиската империја”, а од друга страна беа решенијата од Солунскиот конгрес кои беа само резултат на волјата на народот.

Временскиот период кратко пред востанието и еден период по востанието до 1907 година е одбележан со една нова идеологија, со една нова поделба сарафизмот. Сарафизмот е една внатрешна појава која ги обединува припадниците од ТМОРО и ВМК под едно знаме на величање на ликот и делото на Борис Сарафов еден бескропулозен трговец со македонската борба,”вешт политички демагог” како што го нарекува Сониксен во својата книга “Исповед на еден македонски четник”, Имено името на Сарафов може да се најде зад едни од најголемите измами,најголемите дворски игри во организацијата,на еден или друг начин закрилник на луѓето кои наштетувале на Организацијата , но сепак оделе во прилог на неговата политка за освојување на целокупната власт врз револуционерното движење во Македонија. Како вешт политички демагог главно Организацијата го користела при странски мисии, при кои што побарувале финански средства од бројни држави од Европскиот континент. Тој во своите чести интервјуа за странските весници,нескромно ќе си ги припишува себе големите успеси на организацијата, сепак една од малубројните позитивности што ги има кај него е постојаната афирмација на македонското прашање низ европските весници и неговите изјави во полза на истото. Во една прилик Борис Сарафов ќе каже “Автономната македонска идеја не скара со бугарската влада. Зар поранао со нас не беше љубезен и внимателен кнезот Фердинант? Зар… Рачо Петров кој со своето Министерство толку грижливо се зафати да не скроти, не беше наш соучесник во 1895 година и не ни дозволи да ја минеме македонската граница и да водиме чети? Не фалеа зошто се надеваа дека ние, со своите раце, ќе ги вадиме од огнот македонските костени и ќе им ги дадеме ним како подарок на бугарската влада. Големите луѓе сакаа да јаваат на грбот на малите. Владата мечтаеше за Санстефанските граници, кнезот Фердинанат… го примамуфа ефектот кон своите два венца да го придодаде и третиот – Македонија”. Додека за Борис Сарафов српскиот преставник во Македонија кон крaјот на март 1902  ќе нагласи:”Сарафов и неговите приврзаници, а тие ја држат во раце Внатрешната револуционерна организација, не криеја дека сакаат своето држење да го доведат во согласност со династичките интереси на кнезот Фердинанад, кој секогаш настојуваше тајно да раководи со комитетскиот ред и на тој начин како носител и прсетваник на големата бугарска идеја… да ја зачува и зголеми својата популарност”. Подоцна истиот преставник пак во едно друго писмо ќе каже:”Сарафов и неговите приврзаници отворено изјавуваа дека ним не им дошло националистички проповеди, туку до политичко ослободување, за кое народот треба да се подготви и воодушеви, за во дадениот час да биде готов да се жртвува. Малку расположени да му служат на политичките интереси на кнезот Фердинад и на славистичките стремежи на бугарските државници, тие се воодушевуваат од идејата за самостојна Македонија, до која, според нивното мислење, во денешните политички услови може да се дојде под сизеренство на Султанот. И токму затоа што не сакаат да допшуштат автономијата да послужи како мост за подоцнежната бугарска анексија, предизвикаа кај кнезот Фердинад и тогашниот шеф на владата – Каравелов, кој како запален шовинист, прв почна да ги гони (Сарафистите б.н). Само со тоа гонење може да се објасни што на чело на ВК дојде резервниот генерал Иван Цончев и поетот Михајловски, од кои првиот е повереник на кнезот Фединанад, а другиот прврзаник на Каравелов ”. Може да се изведе заклучок дека Сарафов и приврзаниците сарафистите биле само едни пустоловци, ловци на слава и моќ без реална цел за доброто на движењето.

Предходно споменатиот резервен генерал Иван Цончев во извештајот на српскиот преставник во Македонија не носи до новата фракција во македонското движење а тоа е цончевизмот. Цончевизмот е фракција која се појавила во редовите на ВМК и ги опфаќа личностите кои го почитуваат ликот и делото на генралот Цончев нарекувајќи се себе си цончевисти. Тиа во поглед на решавањето на македонското прашање сметале дека тоа ќе се реши со помош на Бугарија и бугарската војска и дека  сонцето на слободата за Македонија ќе изгрее од Бугарија. За цончевизмот весникт Револуционерен лист во една статија од јуни1905 ќе напише :” … А што преставуваат врховистите? Тоа се еден грст луќе, еден мал кружок на чело на кој стои резервниот генерал Цончев, кој-иако нема трага од некогашните Македоно-одрински друштва во Бугарија-продолжува да се нарекува и да се потпишува како претседател на некаков Врховен комитет којшто не постои. Тие, врховистите, преставуваат полна негација на Внатрешната организација-маѓу нив и неа има бездна. Пред се против целата на Организацијата-автономана Македонија и нејзината девиза Македонија на Македонците-тие поставуваат некаква автономана Македонија со прикриена девиза Македонија за Бугарија. Автономаната Македонија се сфаќа од Организацијата као самостојана државичка која ќе влезе како оделен член во Федерацијата на другите државички на Полусотровот, и врховистите се… како преку… форма кон Санстефанска Бугарија, која им изгледа на оние што не гледаат подалеку од носот дека може да биде реализирана… врховистите со својот теснограден и неразумен национализам… се трудат на секој начин и со своите акции да го преставуваат пред надворешниот свет ослободителното движење како чисто бугарско и со тоа, компромитирајќи ја каузата, и нанаесуваат тешки удари…

Внатрешните делби особено до израз дошле по Илинденското востание кога македонското револуционерно движење се нашло во една незавидна положба,десеттикувано,разорено со еден збор на работ на унишувањето.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top