Коментари

Македонија треба да се востанови во нејзините географски граници (1918)

tihomir-karanfilov-2

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

deklaracija

„Територијалното обновување на Македонија не е акт на непријателство спрема слободните балкански народи ниту пак насилно и сепаративно нагризување на нивната територија. Таа ќе се обнови за сметка на сите како заокружена географска единица и ќе претставува солидарно вложен капитал за општото добро на овие народи кое единствено ќе ги обедини за живот во мир, искрена соработка и среќна иднина“ – се вели во Декларацијата за решавање на македонското прашање која во октомври 1918 година е донесена од Серската група.

Првата Светска Војна не донесе решение за македонското прашање. По завршувањето на војната македонскиот народ остана поделен на три дела. Во вакви услови, стремежот на македонскиот народ во сите три дела беше задржување на тариторијалното единство на земјата, односно воспоставување на целовитоста на Македонија и конституирањето на автономна држава. Овој стремеж беше основа за дејствување на македонската емиграција во повеќе земји на Европа (Бугарија, Русија, Швајцарија и др.).

Во тој поглед до израз доаѓа и дејноста на емигрантските кругови од територијата на Серскиот реводуционерен округ, кои во свое време под раководство на Јане Сандански ја предводеа т.н левица на Македонското револуционерно движење. Серската група позната уште како Серчани или Санданисти, беше една од поголемите групации на т.н левица која доследно се бореше за запазување на интегритетот на Македонија и за нејзиното ослободување.

Непосредно по завршувањето на Првата Светска Војна, настојувајќи да ја обединат левицата и во емиграција, тие уште во октомври 1918 година излегуваат со „Декларација за решавање на македонското прашање“ врз база на обновување на интегралниот дел на Македонија и нејзиното изградување во автономна држава. Декларацијата е придружена со опширно образложение чијашто основна цел е да се аргументира потребата од изградување на Македонија како автономна политичка единица на Балканот. Во оваа Декларација било истакнато:

„Верни на своите минати борби во македонското ослободително движење за постигнувањето на еден народен идеал кој не се совпаѓаше со стремежите на балканскиот национализам и империјализам, приврзаниците на Револуционерната организација, која работеше во бившиот серски револуционерен округ, а во врска со настанатите и идните настани, ја прават следнава декларација:

1. На местото на балканскиот национализам, кој, како стремеж за завладување и господарување над туѓи земји и народи, го разби дел по дел целиот Балкански Полуостров, го креваме старото знаме на македонската автономија, знамето на балканската слога и на идното балканско братство.

2. Македонија треба да се востанови во нејзините географски граници и главно врз базата: Солун, Вардарската долина, Битола и Скопје, да имаат своја природна географска и стопанско-економска заднина.

3. Територијалното обновување на Македонија не е акт на непријателство спрема слободните балкански народи ниту пак насилно и сепаративно нагризување на нивната територија. Таа ќе се обнови за сметка на сите како заокружена географска единица и ќе претставува солидарно вложен капитал за општото добро на овие народи кое единствено ќе ги обедини за живот во мир, искрена соработка и среќна иднина.

4.  Македонија треба да добие за себе, за народностите што ја населуваат и за своите балкански собраќа најпогодна форма на управа, организирана по примерот на Швајцарската Федеративна Република, при полна и еднаква слобода за сите националности во просветен, црковен, политички, културно-економски однос, а под протекторатот на Сојузот на слободните демократски народи…“

Серската група продолжува да дејствува и по 1918 година. Принципите кои биле изложени во Декларацијата биле доработени во брошурата „Назад кон автономија“ од Димо Хаџи Димов, објавена во 1919 година. Како резултат на оваа активност дошло до обединување на сите прогресивни струи на емиграцијата во Бугарија.

Меѓу Серчани и претставниците на бившата Внатрешна Револуционерна Организација во Западна Македонија била постигната спогодба за обединување. Во Временото претставништво ќе влезат истакнати револуционери од македонското револуционерно движење и старата Македонска револуционерна организација.  

Тие на 9 март 1919 година излегуваат со заеднички апел, во кој уште еднаш ги афирмираат барањата за обединета самостојна Македонија со солидни меѓународни гаранции и постојана неутралност. Освен тоа, „Временото претставништво“, организационен облик на обединетата емиграција, преку овластениот претставник Пол Христов, развило активна дејност на Мировната конференција во Париз, од која барало почитување на правата и стремежите на македонскиот народ за самостојност.

Меѓутоа, Мировната конференција во Париз нема да ги исполни очекувањата и ќе предизвика огромно разочарување кај македонскиот народ. Иако, Организацијата потоа се распушта и голем дел од членовите се пасивизираат, другите се вклучуваат во левоориентираните партии и во општествено-политичкиот живот на Бугарија, каде ја продолжуваат борбата за остварување на идеалите на македонскиот народ.

(извор: „Историја на македонскиот народ“, Скопје. 1988, стр. 213 – 214; „Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, том I, стр.596-597.)

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top