Коментари

Завет на минатото

tihomir-karanfilov-2

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

Не може да се надева на блескава иднина народ што нема историско помнење, став за минатото, изграден однос кон сегашноста и визија кон иднината. Многубројни претходни генерации на Македонци имале и историско помнење и став кон минатото, изграден однос кон времето во кое живеат, како и визија за иднината. Тие зад себе оставиле многубројни записи како завет на минатото за идните генерации.

На страниците на двотомното издание „ДОКУМЕНТИ – за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, издадена од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1981 година, бројни се текстовите на нашите претци со пораки кои и ден денес се актуелни во борбата за зачувувањето на суверенитетот и интегритетот на македонската држава, како и за зачувување на идентитетот на македонскиот народ.

Читајќи ги денес објавените текстови на македонските дејци во борбата за самобитност на Македонија, човек не може да остане рамнодушен на нивната самосвест, нивниот изграден однос кон минатото и напорите кои ги правеле за да ја запознаат европската јавност со самостојниот развиток на Македонија. На страната 377 – 388 од првиот том на „ДОКУМЕНТИ“, ќе наидеме на извадоци од книгата „По повод на едно движење во Македонија“ („А Ргороѕ d’un Mouvement еn Масеdоiпе“) објавена во Брисел 1900, под псевдоним А.Брутус, зад кој се крие велешанецот Антон Драндар, личност од  Македонија од втората половина на XIX и првите децении на XX век, кој објавил повеќе трудови за состојбата на работите во Македонија. Во изводот кој овде ви го презентираме Антон Драндар уште тогаш ќе напише:

„Ако се фрли еден ретроспективен поглед врз историјата на Македонија се` до најдалечните древни времиња, човек останува вчудовиден од големата улога што оваа мала земја, класична земја раг ехсеllеnсе, ја играла во светот. Заштитена на север со широка верига од грандиозни планини, украсена со пријатни долини и живописни клисури, што и` даваат белег на една источна Швајцарија, со умерена клима и плодна земја, вообличена во прекрасното крајбрежје на Егејското Море, сместена на раскрсницата на стариот и новиот свет, Македонија уживаше во среќната привилегија да биде на прво место во сеопштиот напредок.

Македонецот, роден во земја во која природата и` беше толку наклонета, секогаш мечтаеше за херојски подвизи и се стремеше кон големи потфати, не само во доменот на чистата наука, туку исто толку и во политичкиот домен, како и во оној на општествениот напредок. Од самиoт почеток на историјата, ја гледаме Македонија на чело на нациите. Нејзината репутација е универзална; нејзината слава се шири на четирите страни на светот.

Македонија го шири својот суверенитет врз значајни нации; таа уништува големи варварски царства, таа формира нови држави и нови трговски центри. Дури и славната лулка на античкиот хеленизам им се потчинува на македонските кралеви. Пламениот збор на Демостен застанува пред студениот разум на Филип.

Александар Велики, чијашто слава е епска, оди од победа во победа и ги става под своја моќ најголемите царства. Но неговата војска не сее терор, страв и уништување кај варварските народи; напротив, тој им ги донесува светлините и добродетите на цивилизацијата…

Македонци наоѓаме на византискиот престол во време кога оваа империја се наоѓа во својот зенит. Се` додека македонската династија ја управуваше судбината на Византија, царството ја зачува својата моќ и беше почитувано од нејзините непријатели. Кога таа династија згасна, малку потоа започна полната декаденција на Византија.

Следејќи го текот на историјата, гледаме како со ист сјај свети ѕвездата на Македонија. Таа ја игра главната улога во преродбата на славјанското племе. Така, двајцата браќа издигнати до апостоли, Кирил и Методиј, предмет на сеопшто восхитување на славјанскиот свет, се Македонци, па поради самото постоење на овие двајца апостоли, оваа мала земја станува лулка на славјанското племе на кое му дава своја религија и своја уметност…

…Ако Македонија сака да биде свој сопствен господар и господар на својата сопствена судбина; ако денес таа сака да се ослободи од неправедниот тиранин што ја угнетува со векови, и ако утре сака да биде подготвена да се бори против сите оние што би сакале да ја узурпираат нејзината територија и да воспостават своја доминација, потребно е да започне со тоа што ќе ја употреби својата сила за воспоставување на едно нераскинливо национално обединување!

…Жителите на Македонија не сакаат да бидат присоединети ни кон Бугарија, ни кон Србија, ни кон Грција; тие сакаат, тие силно сакаат, да живеат човечки живот во една автономна земја. Нивната парола е: „Македонија на Македонците“.

Денес 121 години потоа и три децении од распадот на Југославија и осамостојувањето на Македонија, наместо Македонците да го зевземат своето место на светската сцена, сеуште ја губат непотребно својата сила во расправии со соседите и за воспоставување на национално обединување за зачувување на виталните национални интереси. За жал, сеуште постојат ретроградни сили, кои за да ги зачуваат стекнатите позиции, имаат историска амнезија, без визија за иднината.

Поминаа повеќе од две децении откако народот на Македонија својата судбина ја зеде во свои раце и поминаа повеќе од две децении на континуирана борба за зачувување на нејзиниот суверенитет и интегритет, борба за просперитет на земјата и полна афирмација на Македонија пред меѓународната заедница. Тоа е период кога народот на Македонија помина низ многу бури, кога сонцето беше помрачено, а на земјата и се закануваа воени сценарија. Сето постигнато досега е пред се`, дело на народот на Македонија, а нејзините пријатели во тоа само помогнaa.
   
Сепак мора да се нагласи дека се` што е постигнато досега, во најголем дел е резултат на заветот на минатото, преточено во идеалите на историската Внатрешна Македонска Револуционерна Организација, и желбата на народот да се има сопствена држава со која Македонците сами ќе раководат и ќе ја градат. Ова кулминираше со возобновување на ВМРО-ДПМНЕ, на 17 јуни 1990 година.

Во годината кога ќе се одбележат 31 години од своето формирање, повеќе од две децении од поновата историја на Република Македонија, период во кој заедно со својот народ помина многу премрежија, но никогаш не се откажа од визијата на нашите претци, ВМРО-ДПМНЕ сеуште не потценувајќи го мислењето и чувствата на својот народ и аманетот на претците, цврсто стои на браникот на виталните национални интереси на македонскиот народ.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top