Коментари

ВМРО-ДПМНЕ во минатото запаѓаше во кризи подлабоки од оваа сегашнава

Мане Јаковлески

Повеќе од две децении од своето осамостојување во 1991 година, Македонија е изложена на континуирано негирање од некои наши соседи. Тие никогаш не ја пропуштиле можноста за да ги привлечат на своја страна, најкорумпираните и најпоткупливите елементи помеѓу Македонците, организирајќи ги под разни имиња, за потоа да ги фрли против претставниците на една независна македонска политика. Овие дејствија, особено на Атина, којашто и понатаму упорно сака македонското прашање да го смета како просто оружје за целите на својата внатрешна и надворешна политика, во последно време доби свој интензитет кој може да ги доведе во прашање не само меѓуетничките односи, туку и односите меѓу самите Македонци, проследени со елиминирање на сите оние што искрено ја сакаат независноста на својата земја.

За да се прикријат подлите злосторства извршени врз македонскиот народ, како и да се оствари крајната цел, а тоа е уништување на македонската држава, преку отпадници, во оваа фаза се пласираат во јавноста нелегални снимки од прислушувани разговори на претставници од власта, политичари, јавни личности, новинари и др., кои имаат за цел да ја компромитираат актуелната власт, а сето тоа да резултира со меѓуетнички тензии и да ја дестабилизира земјата. Впрочем, познати се намерите на јужниот сосед кој со децении во минатото имаат завиено во црно илјадници фамилии на македонскиот народ.

Во оваа фаза, тоа е злосторнички и одвратен план, со кој се сака, откако ќе се уништат водечките личности на актуелната власт, македонската организација да ја потчинат на својата волја или, ако тоа не може, неа да ја уништат, како последен бастион каде се брани името, идентитетот и јазикот на македонскиот народ. Грубата и црна пропаганда е премногу очевидна за да може да го има саканиот успех, но, сепак не ја исклучува можноста повторно да доведе до нови страдања на македонскиот народ.

Целата оваа игра на соседот и внатрешните отпадници не може да успее ако не е предмет на најгрубо и надмено бесчестие од страна на дипломатскиот свет, зашто тука силно се истакнуваат аспирациите и мечтите на големите сили. Односите на последниве кон Македонците, какви и да стануваат во текот на времето, не можат да бидат добродетелни и хумани. Сведоци сме како се нарушува меѓународното право и како бесрамно со најразлични неаргументирани причини се спречува членството на Македонија во ЕУ и НАТО.

Димо Хаџи Димов уште на почетокот на XX век за македонското прашање ќе изјави дека:

„не би постоело никакво источно прашање ако не беше таа фатална тактика на големите држави да прават најчудовишни злосторства за задоволување на својата незаситена дрчност. Одамна ќе изгрееше во Македонија, како и насекаде каде што има потреба, сонцето на слободата, ако само човекољубивост ја движеше дипломатијата! Зарем не гледаат тие дека од векови се измачува безбожно еден кроток народ, осквернувајќи му ги светите чувства, мисли и желби?
Тие го гледаат, но за несреќа пасивно ропско негодување не е доволно да ја предизвика нивната благородна интервенција: тие само го унесреќуваат уште повеќе и без тоа злосреќниот народ, како во непомирливата омраза и нетрпеливост, што ги чувствуваат меѓу себе, се забораваат и се подбиваат со патилата на оние што во еден миг, без капка крв би можеле да се престорат во слободни граѓани. Да! Се подбиваат, зашто наместо да издигнат еден измачен народ на нозе, за да почне да дише слободно, кое можат да го сторат само со еден збор: „да биде слободен“ – тие го оставаат на дивиот човечки произвол олицетворен во една грозна и убиствена тиранија, каква што е (на пример грчката н.з.)… А зошто сето ова е така, рековме веќе. Робот се валка во калта на моралните и физички страдања, во калта, во ужасната кал на теророт, неморалот и насилствата, само за тоа зашто царува меѓусебна недоверба меѓу големите сили, отпечатени врз нивните противречни претензии на Исток“.

И денес, во името на правдата и човечноста апелираме до меѓународната заедница, политичарите, интелектуалците и обичните граѓани од Европа и целиот свет, да го кренат својот моќен глас на протест против попречувањето на интеграцијата на македонската држава во ЕУ и НАТО, против попречувањето на македонскиот народ да го користи своето уставно име и јазик. Апелираме да се почитува меѓународното право и да се заштити македонскиот народ, македонската држава од крволочни садисти – чиишто не дела ја возбудуваат секоја човечка совест!

ВМРО-ДПМНЕ во минатото запаѓаше во кризи подлабоки од оваа сегашнава, остана и ќе остане на патот за остварувањето на својата програма. Најголем дел од народот ја следи по овој пат. Но, во овие дни пред кобните најави од домашните изроди за нови злодејанија, македонскиот народ апелира и ја опоменува Македонската опозиција да не го валка името и угледот на Македонија и дека без разлика на се` никогаш нема да се откажеме од своето македонско име, држава и идентитет.

Македонија на Македонците! АМИН!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top