Коментари

Нафтената геополитика требаше во Македонија да предизвика Обоена револуција


Свекрва

На веб страната на „Global Research“, на 15 март 2015 година, беше објавен текст под наслов „Јужен тек  е заменет со гасоводот Балкански тек“, во кој авторот Андреј Корибко укажува дека обидот на лидерот на СДСМ Зоран Заев да предизвика Обоена револуција во земјата бил инициран од геополитичките игри на САД кои сакаат да ја спречат изградбата на Балканскиот гасоводот. Меѓудругото, авторот во текстот ќе го изнесе следното:

„Целата причина што е зачнат гасоводот „Балканска тек“, на прво место е бидејќи неговиот претходник, „Јужен тек“ беше откажан во декември минатата година. Русија ја донесе оваа одлука откако Бугарија (под влијание на ЕУ која дејствува во име на САД), поради мноштвото политички и правни игри кои се играа, направија да биде невозможно да се изгради гасовод „Јужен тек“ низ нејзината територија.

Русија брзо реагираше и во исто време кога го откажа Јужен тек, го објави “Турскиот тек“. Овој гасовод ќе патуваат под Црното Море како „Јужен тек“, но, ќе дојде на територијата на Турција, а не во Бугарија. Од таму, како што вели руската влада, европските нации ќе можат да купат гас, од терминал на грчко-турската граница….

Путин официјално предложи за време на неговата годишна прес-конференција дека грчко-македонското “скршнување” може да претставува решение за прекинатиот „Јужен тек“, под услов да се појави интерес за неговиот предлог. Ова можеше да се слушне од унгарскиот министер за надворешни работи во средината на јануари, кога тој рече дека неговата земја ќе го поддржи проектот. Толкувајќи го ова како зелено светло да се движи напред, Путин разговараше на оваа тема со Виктор Орбан за време на посетата на Будимпешта минатиот месец. Оваа недела беше монументална во однос на напредокот на проектот, бидејќи Строитрансгас, една од компаниите кои се вклучени во оригиналниот „Јужен тек“, објави.. дека ќе се гради гасовод низ Македонија… Истиот ден, унгарскиот претседател, за време на неговата четиридневна посета на Турција, разговараше со Ердоган во врска со планот за финансирање на проектот, и еден ден потоа, македонскиот министер за надворешни работи беше во официјална посета на Турција… Преку серија на овие дипломатски чекори, „Балкан тек“ направи скок од хартија во пракса.

Според авторот на текстот одјавен во „Global Research“, токму патот на гасоводот низ Македонија, беше причина Зоран Заев, лидерот на СДСМ да влезе во игра и да предизвика дестабилизација на земјата што би довела до промена на актуелната влада.

Тргнувајќи од овие геополитички интереси за контролата на снавдувањето со гас на Европа, авторот ќе напише:  

„ …Свесен дека тоа е клучно грло преку кое „Балкански тек“ мора да помине, Вашингтон сака да организира државен удар во земјата, со цел да се инсталира нов лидер кој ќе го отфрли проектот и ќе стави крај на плановите на регионот за сигурен транзит на енергијата. Никола Груевски, премиерот на Македонија, претходно ги напушти редовите со своите партнери во ЕУ одбивајќи да се санкционира Русија…

Во последните неколку изминати години, постоеше договор за услугите на поранешниот шеф на разузнавањето Зоран Верушевски со цел илегално да се прислушуваат повеќе од 20.000 луѓе во малата земја од 2 милиони, вклучувајќи политичари, новинари и обични граѓани. Кога стана јасно на крајот на минатото лето дека „Јужниот тек“ ќе биде спречен во Бугарија и новиот пат, најверојатно, ќе мора да се насочи (спред диктатот на географијата, очигледно ќе мора да оди преку Македонија), ги активираше своите разузнавачки ќелии со цел да се спречат овие планови, само во случај ако тие почнат да се спроведуваат во иднина.

На Зоран Заев, лидерот на опозицијата му беа дадени копии од овие илегални ленти, со цел да се уценува владата, а кој тој го направил од септември до ноември. Кога Груевски одби да биде уценет, Заев се закани дека ќе оди во јавноста со прислушувани разговори и ја обвини владата за работа со тие системи, наведувајќи дека тие, исто така се содржани со срамни политички информации и ќе доведат до Обоена револуција. На крајот на јануари, македонските безбедносни служби, конечно го уапсија Верушевски и неколку други заговорници за заговор за државен удар, а на Заев му беше одземен пасошот за да го спречат да избега додека трае истрагата. Синот на Верушевски дури и се обиде да го уништи компјутерот на неговиот татко, пред полицијата да го запре. Сепак властите беа во можност да пристапат до хард дискот и да ги откријат Скајп разговорите на Верушевски и уште еден таен план во кој се говори за отпочнување на граѓанска војна во земјата, како резултат на уцена со “откровенијата“.

Додека Заев минатиот месец се обидуваше да создаде вистинска Обоена револуција, преку поттикнување на луѓето да се собираат на улиците во знак на протест против владата, тој не успеа да добие значителен број следбеници, што покажа дека повеќето Македонци во сето тоа го гледаа истиот трик за она што се случи во Украина – стилизиран мек обид за државен удар.

Преземање на понатамошните чекори, покажаа дека двете албански партии во земјата.. гласно се дистанцираа од Заев, а со тоа ги намалија шансите за враќање на меѓуетничкото насилство во 2001 година… што ја заговораа претходно споменатите.

Русија очигледно чувствува дека со комбинираните активности на Владата, албанската лојалност и поддршката од народот конечно се стабилизира ситуацијата, бидејќи не би продолжиле напред со изградба на гасоводот низ Македонија доколку таа мислеше дека тој би можел да биде изложен на обид на Обоена револуција. Според тоа, може да се толкува ова како признавање на Москва дека заговорот на Вашингтон на крајот не успеа.“ – пишува Андреј Корибко за „Global Research“.

Авторот уште ќе додаде дека „И покрај очигледниот неуспех на дестабилизација, Заев е сериозна закана дека и понатаму може да го загрози опстанокот на „Балканскиот тек“.

За изградбата на овој гасовод Унгарија и Србија исто така мора да се справат со подложноста на обиди за слична Обоена револуција (или повторното јавување на нестабилноста во Македонија), како и на кревкоста на грчката влада. Ако овие проблеми се надминат, што е сосема изводливо, тогаш „Балканскиот тек“ има потенцијал за збогатување на регионот и да се обезбеди стабилен транзит на енергијата на Европа во децениите што доаѓаат.“

Во контекст на овој текст, како потврда, треба да се потсетиме и на изјавата на американскиот помошник државен секретар задолжен за односи со јавноста, Даглас Френц, кој важи за „десна рака“ на американскиот државен секретар Џон Кери, кој посочи дека „очите на САД се фокусирани кон Балканот“ и дека „Американците се секогаш тука за да помогнат“. Исто така посочил дека настаните во Украина треба да ги загрижуваат и земјите од Балканот, додавајќи дека тие може да сметаат на помошта од САД на секаков можен начин. Ваквиот став на американскиот помошник-државен секретар доаѓа по неодамнешната официјална изјава на Кери дека Македонија, Србија, Косово, Црна Гора  и другите земји од Балканот „се на линијата на огнот меѓу САД и Руската Федерација“.

Но, со оглед дека САД е стратешки партнер на Македонија, ваквите ставови само укажуваат дека обидите на Заев со т.н. „бомби“ да ја дестабилизираат Македонија мораат да имаат покрај политичка и судска транспаретна разрешница.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top