Коментари

Окус-фокус-преварантус

petre-krivcevski

petre-krivcevski
Петре Кривчевски

Тоа што Јадранка си сакала тоа си сонила, тоа си напишала тоа и осамна на насловна. Во „Фокус“. Убаво џанум, aми новинар е пустото ем и главен уредник, па еве ја кај се мачи, крши прсти ем тастатури настојувајќи да креира вис(т)ина. Јавно мнение. Која длабочина. Бунар. И тој со талог и кал место вода.

При состојба осека, сакам-кажам, незнам-речам, а пустото се сака, тебе душата, а од тебе газдата, на куќата или партијата не прави разлика, наследничката на легендата помеѓу фелата зела бабини деветини да си пишува. Да де тоа, видела жабата… Ете, „правела“ мини анкета помеѓу колегите и замислете, земете воздух пред да прочитате што добила ем безмалку „со консензус“. Читај и трај, но смеата настрана оти кој почне, брате мили, ниту ќе може да запре, а ниту пак, и толку солзи и кикот да изнајде. Значи вака!

Костова блада, нејзината „музичка“ влада, чиста, некомпромитирана, стручна, компетентна, абе… се нај-нај, и „најубо“ би ја водел Абдулменаф Беџети. Офкорс со фактор што е Албанец како и со пандан директор на МРТ. Инаку, патем, за мене е сеедно и марсовец нека е само легален да е односно не „со договор“ за (не)дело. Значи сонот и` е „преодна“ влада која би била угу за парада оти за трка нема граѓанско-изборен легитимитет. Нејсе, важно премиерот – цак! И` е решен ем – дуз! безгрешен. Досега ни чуен, а ни виден. Од нигде никаде. Ново лице. Ни во влади бил, ни кабинети помирисал. Капираш? Политчки Хи-мен!

Океј, него го востоличи, но мора понатаму да оди, та влада се сака. И адутите, перјаниците, министрите да му ги натокми оти тој, рековме, јагненце е па да не незнае. Хм, и тука „принцип је исти све су остало нијансе“ би рекол Балашевиќ. И тие се политички првачиња. И они – бајчиња! Желбичката на уредничката вели вака: Никола Димитров, Слаѓана Тасева, Арсим Зеколи, Мирјана Најчевска, Владимир Лазаревик… Сето мистер-министер, а сега за ресор нека му ја мисли Првиот, Абдулменаф. Ако и тоа не го умее да го одработи пак нејзе ќе и` се обрати или, пак, нека повика пријател. На пр. Сештолитико од супер „независниот“ Мактел. Додуша може ќе ги подиспцуе и… во п.м. отера ама важно умот ќе им го дотера.

Ех мори МАЈЧИЧКЕ страдалничке, до кое те доведовме дереџе. Со тажни пискотници од Шара до Баба, од Беласица до Галичица катаден не трујат и ушите ни зујат од лажни душегрижници, а вистински долгогодишни јавачи на апокалипсата. Но чекај, стоој! Застани. Крени рачна (слушалка од црвен телефон). Уредничката, ај таа сонува ама јас си велам пак да не дремам, а? Дај врзете ми тежок жежок шамар белки ќе ми светне. Та нели овде владее диктатура, режим, цензура… какви независни медиуми, какви бакрачи.

Дека лелеците на “замолчените“ капка вода не држат и следниве зборови нека послужат. Замислете, замижете за момент, обидете се ве молам само да ги претерате медиумите преку кои (не)можат да ја кажат вистината. Ги има од сите „вери и нации“, но поради простор и (ваше) време ќе нафрлиме само дел, што печатени што електронски, односно весници, ТВ, радиа, портали. Вели вака: „Слободен печат“, „Утрински“, „Вест“, „Фокус“, „Капитал“, „24 часа“, „Телма“, „Алсат М“, „Нова ТВ“, „Канал 77“, „Слободна Европа“, „Либертас“, „Плус инфо“, „Мактел“, „А1 он“, „Окно“, „Скај“, „Бриф“, „Тајм“, стави три точки и секој сам нека продолжи по принципот пет изброи едно запиши и пак ќе му требаат цели страници.

Тоа за тоа, но во оваа пригода не сакам едно нешто да изоставам, односно сакам да потсетам. Ми смета и тоа како што позицијата на сегашнава опозиција никако не и` се поднесува. Хронично! Не ја држи, тесна и е кожата на Павелшатевска, гори од желба нозе да испушти до кабинетите на Илинденска. Легитмно? Неспорно! Арно ама секогаш и по правило на кој и да било начин само не преку избори. Примери? Безбројници! Окупација на Собрание во повеќе чина, (зло)употреба на НВО-ата, пленуми (студентски, професорски, ученички… не сум чул уште за претшколски)… се` до капакот – пучот кој, демек, не бил тоа оти се сакало вистински бомби, а не снимени. Мајката! А тоа што снимките се нелегално снимани и набавени па не смеат ни насоне, а не и на јаве да бидат објавени ич уво не ги боли. Важно до власт да се доберат, се` до чистачка променат (министрите ете ги натокмија), кичма свиткаат, а за помошта на побратимите и името и идентитетот ќе им ги поклонат. За мезе, со узото и сиртакито, на прославата за завршената работа и по некој жив човек изедат. Канибал – таратор!

И? Сетне? Им се лутиме на соседите: Срби, Бугари, Грци, Албанци, а пред тоа (пет века) и на Турци… палци. Немој бе! Никој, никогаш, никому толку лошо не може да му направи колку самиот себе си. Или едноставно – ако не му (се) дозволи. Така, вака или онака петтата колона си ја брка својата валкана работа. Испорачува резултати, снимки и анализи, чекајќи заними власт и фотелји. Жална, но сепак вистина: наши браќа и сестри за пуста пара проклета, за нивни бели дворови и воними тројански хациенди ни копаат црни гробови.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top