Коментари

Македонските случувања денес – треба или не треба да извлечеме поука од историјата

vasko-gicevski

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Денес Македонија се наоѓа во една сегментирана положба, народот под притисок на опшествените случувања е притиснат да избере некоја страна за пред се` самиот да се спаси, но тој исто така мисли и на својата татковина, размислува за нејзината иднина и во тој контекст ја донесува одлуката за своето понатамошно делување.

Македонија е суверена и независна држава од 8 септември 1991 година, но тоа не значи дека таа никна од нигде никаде, формално-правно македонската држава постои од 2 август 1944 година и таа од тогаш до денес континуирано постои. Дури и кога македонскиот народ немал своја држава и кога со него владееле други нации тој својот идентитет не го изгубил, иако многумина одродници од својот род на тој идеал му служеле.

За одродниците идеологот Гоце Делчев ќе каже: „Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа…“

Политичките случувања кои овие неколку месеци го ставаат македонскиот народ повторно пред тест на неговиот интелект, храброст и мудрост.

Македонската држава и нејзините институции имаат одредени недостатоци, но тоа не значи дека истите не се компетенти за да ги разрешат внатреполитичките случувања, да не се заборави дека само кога сами ќе си го решиме својот проблем тој навистина ќе биде решен за доброто на самите нас, а доколку други ни го решаваат логично е тој да биде решен во интерес на оние што го решаваат.

Опшеството во кое живееме има недостатоци и одредени проблеми, но тие проблеми не се проблеми кои се решаваат со туѓа арбитража, внатредржавните проблеми се решаваат во македонските институции, во нашата земја и секогаш треба да тежнееме да ги решаваме практично, а не филозофско идеалистички.

Во суштината на живиот човек е да твори, да се бори за подобро и да се стреми кон совршенство. За овој аспект на секојдневието Јане Сандански ќе каже: „Да живееш значи да се бориш: робот за слобода, а слободниот – за совршенство“.

Сепак не треба да дозволиме другите да ни го условуваат и насочуваат патот на подобровањето доколку тоа ни штети на нас, тоа треба да биде резултат на самосвеста на секој еден граѓанин на оваа држава, на секој еден свесен човек кој сака подобра иднина за својот народ и потомство. Во овој контекст можеме да ја вметнеме и мислата на Јане Сандански искажана при една негова агитација. Тој вели: „Да, Македонија не треба да бара помош надвор од себе, туку во самата себе. Нејзината слобода не ќе биде подарок, туку крвав откуп, платен со илјадници жртви, какви што ние дадовме и продолжуваме да даваме“.

Татковината пред се` се греди со реце на своите граѓани и не треба пред секој проблем да се раздвојуваме и сегментирани, заедно сме посилни, а и повеќе умови мислат подобро од еден.

Имаме долг кон оние кои ја пролеале својата крв за добробитот на оваа земја истата да ја зачуваме за нашите деца и внуци и да им ја оставиме во што подобра состојба.

Имаме богата историја, што значи огромно искуство и богата база на испробани и практицирани знаења и убедувања. Да ја искористиме таа база, да ја искористиме за добробитот на нашата земја, кога ќе настапи проблем заедно практично и помеѓу себе со консензус да ја разрешиме.

Силата и разумот ние ги имаме, потребна ни е само малку поголема волја и храброст и работите секогаш ќе течат онака како што треба во полза на сите нас.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top