Коментари

СДСМ има стандарден манир преку злоупотреба на чувствата на Албанците и дестабилизација на земјата


Свекрва

По обидот да ги наруши односите со Кина и Израел, лидерот на СДСМ Зоран Заев со новата седумнаесета т.н. бомба која ја пласира во јавноста, а која се однесува на хашките случаи, го продолжува своето сценарио за дестабилизирање на земјата. Овој пат, тој уште еднаш заигра мизерно на картата да предизвика меѓуетнички и меѓуверски тензии меѓу Македонците и Албанците, со надеж дека тоа би довело до излегување на ДУИ од власта и формирање на преодна влада. 

Меѓутоа, како никој во СДСМ да не размислува што ќе се случи доколку поранешните команданти на УЧК кои сеуште сонуваат за окрупнување и обединување на албанскиот народ се оттргнат од контролата на нивниот лидер и побараат трета албанска држава. Кој тогаш ќе ја сноси одговорноста за последиците?

Историјатот на СДСМ покажува дека оваа партија има стандарден манир преку злоупотреба на чувствата на Албанците и дестабилизација на земјата да доаѓа на власт.

Во 1994 година им додели 150.000 илјади државјанства за да ја обезбеди нивната поддршка на претседателските избори. Но, кога во 1996 година во Собранието се расправаше во врска со тогашните 200.000 илјади потписи за предвремени избори, иницијативата за референдум од нив беше одбиена со образложение дека не може за секое прашање да се распишува плебисцит. Тогаш социјалдемократите арогантно му одговорија на народот дека „Некои прашања не заслужуваат одговор“ и аргументираа „што ако ВМРО собере 150.000 потписи за укинување на даноците или на основното образование на албански јазик“?

Истата оваа партија, чии челници беа длабоко инволвирани, само за да ја заташка аферата ТАТ и девалвацијата на денарот, на 9 јули 1997 година предизвика етнички конфликт во Гостивар и Тетово. Во 2001 година, преку слично сценарио на објавување на прислушувани разговори, познато како „Големото уво“, се обидоа повторно да дојдат на власт, што резултираше со меѓуетнички кофликт.

Набргу Албанците си ги наплатија своите услуги преку Охридскиот договор и Законот за територијална поделба од 2004. Во меѓувреме, во 2002 година, социјалдемократите го поддржаа и Законот за амнестија. Бидејќи предлог законот во 2003 година водеше кон албанизација на Струга и Кичево. Македонците очекуваа дека тогашниот мајстор на играта Бранко Црвенковски ќе ги спаси, но наместо тоа, тој им го придодаде и Скопје (во првата фаза не се предвидуваше двојазичност), а за награда имаше масовна поддршка што му ја дадоа Албанците на претседателските избори. Иронијата да биде поголема, тој ги обвини партиските пот-претседатели дека лошо ги воделе преговорите, а Македонците од Струга изедоа ќотек.

Социјалдемократите за преговорите со ДУИ тогаш постојано ја манипулираа јавноста преку своите медиуми. Повеќе од месец дена тие му сервираа на народот разни приказни како „Осломеј ќе се приклучи кон Кичево без Зајас, Струга ќе остане во старите граници, а кон Скопје ќе се додаде Сарај, но да се одземе Кале, со што ќе се продолжи по патот на евроатласките интеграции“!?

Преговорачите на СДСМ одеа со девизата: Ние ќе ги зафркнеме сите!

Но, наместо да ги зафркнат  сите, неспособните социјалдемократи, како во 2001 така и во 2004 година, создадоа состојба  во која малцинската ја победија мнозинската заедница. Струга, Кичево, Чаир и некои други општини станаа доминантно албански. Тогаш Ермира Мехмети ќе изјави дека токму СДСМ инсистирал на овој модел на територијална поделба во Западна Македонија, во кој единствената општина со македонско население е Јегуновце. Всушност, Струга е дадена курбан за Јегуновце, само за доброто на политичарите од 6 изборна единица.

Македонците уште еднаш беа изневерени од СДСМ, за што беа казнети во 2006 година и оттогаш не видоа бел ден. На наредните последователни локални, парламентарни и претседателски избори, народот гласаше за ВМРО-ДПМНЕ, како партија која се залагаше да ја сочува државата, името, идентитетот и јазикот.

Од тогаш па до днес ВМРО-ДПМНЕ вложи многу во безбедносите сили, го реформира судството со што го спречија криминалот, се зголеми контролата на границата, се намали шверцот, трговијата со дрога, трговијата на луѓе.

Но, како што изгледа, токму воспоставениот ред во државата и на нејзините граници му смета на аболираниот лидер на СДСМ, на неговите налогодавачи, па и на дел од етничките Албанци на кои поважен им е криминалот од државата… Оттука, за да може слободно да продолжат овие дејанија мора да се нарушат институциите кои се дел од безбедносниот систем во земјата, како и оние служби и држави кои им даваат поддршка.  

За да ја оствари својата цел лидерот на СДСМ не бира соработници без разлика дали се тие внатрешни или надворешни, дали тие имаат крминални, политички или други цели. Во својата заслепеност да се дојде до власта, тој дури не се стеснува да се врзе и со екстремните радикали, сметајќи дека еден ден ќе ги изигра сите!.

Но, ниту македонскиот, ниту албанскиот народ се наивни и заборавени. Тие не забораваат и не сакаат да живеат во земја во која владее беззаконие, каква што им ја нуди Заев. Во услови кога владата предводена од Никола Груевски отвара нови работни места и кои нудат подобра иднина, никој од нив нема да дозволи да биде вклучен во конфликт заради личните интереси на поединци од раководството на СДСМ.

Премиерот Никола Груевски неколку пати предупредува на тоа дека опозицијата ќе се обиде да направи меѓуетнички тензии и конфликт.

– Слушам во последно време се` почесто се зборува дека откако од опозицијата видоа дека ова што го прават не им проаѓа кај граѓаните, ќе пробаат да инсценираат и да искреираат случај кој ќе разгори меѓуетнички тензии. Мора сите да бидеме максимално присебни и да не дозволиме да го направат финалето за кое оваа нивна операција е измислена. Да не дозволиме да не закрват ниту по политички ниту по етнички линии – посочи премиерот Никола Груевски на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Штип.

Ниту Македонците, ниту Албанците не сакаат украинско сценарио и дестабилизација на Македонија, каде на крај губитници ќе бидат сите и Македонци и Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Евреи…

Вакво сценарио посакува само Заев и неколку лигуши околу него, Сорос со неговата тајфа и неколку криминални групи од албанскиот блок, се разбира заради лични финансиски интереси. На ваквите лангачи деновите им се избројани и ќе бидат фрлени на буништето од историјата, каде впрочем и им е местото.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top