Коментари

Македонија е се` што немате

petre-krivcevski

petre-krivcevski
Петре Кривчевски

„Кој нема мера, нема ни вера“ е реченицата што ми доаѓа во глава, а која поприлично ја отсликува актуелнава бомба-стична состојба на Заев и клептократија компанија.

Ај за останатите и така и така, ама за двоецот, лидерот и заменикот, кои се веќе докажана „вредност“ во македонската политика, кој по лошо кој по бетер, да сеат одново измама место платформа и програма, надевајќи се при тоа на кратката памет на граѓаните во однос на нивните долги опашки е и повеќе од наивно. Дури и инфатилно.

Да бе, да слушаш да не веруваш. Со кој ѓон образ ваква сорта политичари, за милионски криминал аболиран, ем заменичка со илјади евра кирија за стан во кој живее, дигаат глас и вперуваат прст? Место уста да зачепат и во глувчева се сокријат и/ли барем зад некои чисти нови лица застанат, овие живи превари одново се истопориле и со алаш-веруш гадоштини, власт плукаат и на преврат пукаат. Колку парадоксално толку и безнадежно, но ѓаволот ни ора, ни копа, туку по цел ден ѓаволштини смислува, та така и отчовечениве.

Но, ајде барем ние да бидеме прагматични.

Кога програма и понуда ни на крај памет не им паѓа, а на избори дерман се нема, губат како грчки наред девет циклуси, штом раката им лепи, ситка немаат, а лагата и алчноста им се партиско-патолошка генетика што друго им преостанува сем некое матно сценарио? Се изнанижаа лузери: Бучковски, Шеќеринска, Заев, Црвенковски, море се ресетираа, па чуда – тинк тенкови формираа, тики комисии блокираа, Собрание окупираа, маршираа, митингуваа, лада „платформа“ осмислуваа, „готов е“ констатираа, кај меѓународната кукаа и плукаа, 5-6000 тимови (ќе) формираа и… и пак народната наклоност никако не ја добиваат. Ами, тогаш, чаре? Тоа е, план „Б“ кој кајними секогаш е „А“: трикче, блеф, измама, местенка, конструкција, далавера, завера… па, ако фати – фати, ако не и онака изборна победа може само да се сонува.

Напросто, нема што да се изгуби. Ех, сега, ќе губела Македонија, баш ги заболеа корнишоните и луј-витоните за неа. Таа и онака ними ем нивните постари им служела или за пароли на домашни избори или за меѓународно поткусурување. И без око да им трепне, преку ноќ минирале референдуми, менувале имиња, знамиња и устави и ти одними сега бараш да ти штителе национални интереси. Прикаски!

Браќата им по крв, кое тукашни кое однадвор, може ќе ги удостојат и усреќат, угојат и хациенди во вид на тројански дарови поклонат, арно ама тешко дека оваа страдалница ќе ја проголтаат. Ниту со нив, а ниту и без нас. Опстоила и ќе опстои. И до сега била поробувана, черечена, поткусурувана ама не и избришана. Оти народ не се пишува ама ни брише, се поробува но не и уништува, дискриминира, но не и ликвидира. Народ е и најдребното внуче кое дише, капира, пренесува и за СВОЈ се чувствува.

Лаф-муабет, кажано-прекажано, дедино колено, бабин скут, татково рамено, мајкина грижа, братска рака, сестринска љубов. Така било, така еве и останало. И ако пет века на една Отоманска империја не и` стасале за потаманување, со сето потурчување, oвие ли дребни души се сметаат толку моќни да кројат и прекројуваат судбини, нации и граници. Да, познато, и газдите и границите се менувале ама Македонците преживувале и еве ги сеуште се пиреј среде ридестиот Балкан. Ех деца–деца, што знаат тие што се векови, библиски корени и (пра)прадедовци? Дајте им френки и маски, па нека си играат б(з)омби и се сликаат по тоа карневалот.

Поради сето погоре, но и многу повеќе настрана, говорат (не)делата, МАКЕДОНИЈА Е СЕ` ШТО НЕМАТЕ другари и другакри мутирани комунисти, лажни пролетери – вистински профитери. Оти оваа земја по која чекорите денес не ваша ја чините. Простете, но таа за вас е туѓа. Поле за бескрупулозно и безисафно богатење. Пљачка до бол и бес. А чуму, чуми? За место во алеата на кодошите и изродите? Тих бре да му се сневиди, знаете ли таков што сместил фабрики, хациенди и ергели од автомобили во два метри подземи? Бати таа среќа, бати кога некој со јад чемер и страданија ќе ја плати. Вистина, што вилици ќе беа тоа кои можат судба да здробат и што желудници се тие кои живо човечко топат?!

На самиот крај и поентата иако е лесно препознатлива. Хипотеката на камиказата што ја носи воопшто не е ниту мала ниту безначајна. Напротив, позамашниот габарит максимално му го загрозува и онака минималниот кредибилитет, а пак за капацитетот знаете и добро и сите. Еден вид петле гаќуресто од локалното буниште со амбиции за орловски висини. Малку премногу, нели? Сепак, колку навистина вреди тесната кожа од турската „Ѓурулти кутија“ сапуница и дали „Зајко“ кажува вистина, а дали лаже кадијата ќе пресуди, ем народниот еким ќе каже. Нивната е последна. И меродавна, се` друго е чамче-муабет, но ШТЕТАТА – таа е да ти се наежи кожата: национална ем немерлива.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top