Коментари

Граѓаните нема да дозволат пропаднати политичари да ги вовлечат во граѓански или меѓуетнички конфликт


Свекрва

Неуспехот на т.н. „бомби“ на Заев, како и фактот дека изостана очекуваната поддршка на народот и меѓународната заедница, кај раководните лица на СДСМ предизвика огромна фрустрација, разединетост и дезориентација по кој пат да продолжат. При ваква една безизлезна ситуација, кога Зоран Заев се соочува со сериозни обвинувања и партијата е пред распад, по долга изолација се јави „државникот“ кој понуди решение во: „активен и континуиран „отпор”, перманентни протестни собири и маршови, разни облици на граѓанска непослушност“.

Поранешниот претседател на државата и на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски се огласи со писмо во јавноста и му понуди помош на лидерот Зоран Заев, откако „бомбите“ не предизвикаа ефект меѓу народот каков што се очекуваше. Во писмото, Црвенковски меѓу другото порача дека оваа власт не се руши само со прес конференции, туку може да биде поразена од народ и со народ.

Тоа го потврдува неговото писмо во кое тој потсетува на стретегијата од 24 – ти декември 2012 г. и вели: „Стратегијата во која верував пред две години и во која уште повеќе верувам денес и на чија реализација до колку до нејзе дојде целосно се ставам на располагање… Ладата, симболот на „отпорот“ е во одлична состојба, редовно одржувана и на време регистрирана“.

Бранко Црвенковски е свесен дека во овој момент не постојат аргументи за никаква интервенција на меѓународната заедница, па во писмото вели: „Погрешно е и за крајната цел апсолутно штетно да се подгреваат лажни надежи дека меѓународната заедница со некакво „робусно“ присуство ќе изврши силен притисок на Груевски сам да се повлече и да овозможи формирање на преодна влада. Тоа едноставно нема да се случи. Ниту Брисел и Вашингтон се подготвени на тој начин да настапат, а ниту на Груевски му е битно каков е нивниот став…“

Меѓутоа, во моментов опозицијата има голем проблем како да го мотивира народот и да го натера да излезе на улица со прикажувањето на монтираните и креирани озборувања.

Граѓаните не го имаат заборавено злото што им го има направено СДСМ, како криминалната приватизација, 200 000 стечајци, шверц со нафта и цигари, лажни ветувања за вработување по еден член од секое семејство, катастрофалната територијална поделба, тепање на народот, сомнително доделување над 100 000  државјанства на косовари, промена на името, знаемето, смалување на пензиите,…

Едноставно народот повеќе ја почитува политиката на премиерот Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, отколку антидржавната на СДСМ, која за свои лични и туѓи интереси е спремна на промена на името и идентитетот на македонскиот народ.

Тоа го потврдуваат масовните трибини во повеќе градови во земјата организирани од ВМРО-ДПМНЕ, каде челниците на владеачката партија ги прикажуваат не само досегашните резултати, туку и низа други позитивни мерки кои се преземаат и кои нудат: нови инвестиции, намалување на невработеноста, субвенции, можност за откуп на стаж, зголемени стипендии, бесплатни таблет компјутери и сл.

Во оваа досегашна политичка борба, резултатите се на страната на ВМРО- ДПМНЕ, која од доаѓањето на власт во 2006 година успеа невработеноста да ја сведе од 37,3% во 2005 година (на власт СДСМ) на сегашните 27,6%. Во времето на СДСМ речиси да немаше инвестиции, за разлика од денес кога во земјата работат многу фабрики, потоа се градат нови погони и се најавуваат нови инвестиции кои носат нови вработувања. Разликите се видливи и во платите, пензиите, социјалната помош, кои од доаѓањето на власт на ВМРО- ДПМНЕ па до денес повеќекратно е зголемена. Исто така се градат автопати, пруга кон Бугарија, потоа гасификација на земјата. Сите овие проекти не се само на хартија, туку се реализираат и се видливи, за разлика од времето на СДСМ, кога ниту еден проект практично не бил реализиран.   

Но, без разлика на вољата на граѓаните, кои сакаат мир и просперитет на земјата, опозициските новинари пишуваат за можна ескалација во текот на мај. Основа за ова даваат и изјавите на самиот лидер на СДСМ, кој се заканува со дестабилизирање на земјата, доколку не им се исполнат барањата, што би значело рушење на угледот на земјата и економската стабилност на државата. Сето тоа оди само во прилог на нарачателите за кои всушност одработува Заев.

На ваквите изјави на Заев, дека ако треба и крв ќе падне, реагираше остро и премиерот Никола Груевски кој вели: „Слушам не ми се верува, враќам назад, пак слушам, стварно тоа го збори, си викам абе човек, седи мирен и не си играј играчки, тешки зборови кажуваш, не си играј играчки, да не те лаже ѓаволот да правиш глупости, зашто ако седиме мирно и те пуштаме на глава да ни се качуваш, не значи дека ќе дозволиме и граѓански конфликт да направиш. Немој да спиеш те молам на тоа уво дека некој ќе ти дозволи да си играш со безбедноста на државава, не лидер на опозиција, што сакаш биди…“

Граѓаните се свесни дека Зоран Заев е исплашен и не знае што зборува и дека овој аболиран политичар нема морален кредибилитет да биде лидер на опозиција. Исто така, тие знаат дека морален кредибилитет нема ниту истрошениот поранешен лидер на опозицијата Бранко Црвенковски, кој во неколку наврати земјата ја донесе на работ на пропаста. Тоа го знаат и европските политичари, кои освен налогодавачите, се дистанцираат од СДСМ.

Оттука, граѓаните на Македонија, без разлика на етничка, верска и друга припадност, нема да дозволат овие двајца пропаднати политичари да ги вовлечат во граѓански или меѓуетнички конфликт.

Најново од: Коментари

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Проф. Милко Палангурски и Илијан Валчанов со критики за размената на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самуил

Двајцата Бугари на ФБ поставуваат прашања за научните докази, подготовката на размената меѓу Бугарија и Грција и политичката употреба на посмртните останки и културното наследство. Проф. Милко Палангурски: Нема ДНК анализ на тленните останки, за да се потверди дали се на цар Самоил Бугарија не направи каталог и истражување на артефактите што ќе ѝ бидат […]

До кога властите во Грција и Бугарија ќе присвојуваат и ќе се китат со македонската историја и култура?

Горан Калоѓера на својот ФБ напишал: Еднаш, еден храбар и интелигентен Македонец напиша: Македонците се народ, а нивната татковина е Македонија. Историјата потврди дека тој бил во право. Затоа, мора да се каже и напише по илјадити пат: Македонија им припаѓа на Македонците; македонскиот јазик е јазик на Македонците од памтивек; македонскиот етнички идентитет е […]

Татковиот збор како завет: Да ги чуваме македонските корени

Да го негуваме мајчиниот јазик и да останеме обединети во љубовта кон Македонија, каде и да живееме во светот „Гледај, чедо, дијаспората не нè дава“ – ми рече татко ми додека седевме заедно и гледавме вести. Беше 1994 година. На телевизијата се прикажуваа Македонците од Австралија кои протестираа за состојбата во Македонија. Неговите насолзени очи […]

Грците направија мајмуни од Бугарите со „коските“ на Самуил

Просто кажано, жално-смешна трагикомедија. Трагично е колку Бугарите наседнаа, а Грците, како расипани имбецили, ги намамија и сега скришно им се смеат. Читам на Фејсбук што напишал бугарскиот државјанин Илијан Валчанов: „Главата на покојникот е поставена врз искривена (циганска) керамида. Секој просечен Бугарин што успешно завршил средно образование ќе заклучи дека ова не е царски […]

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

To top