Коментари

Пара Влада и ГТЦ

petre-krivcevski

petre-krivcevski
Петре Кривчевски

Опозициските надежи, заложби и уцени беа и останаа фрлени на картата техничка влада. Додуша некои говорат за преодна, други за експертска, трети за широка и сл., но во секој случај без легитимитет и мандат од народот, односно пара влада. Сега зборот „пара“ на едни им асоцира на тоа дека не е тоа-тоа, а за други таквиот состав би бил само од лична финансиска полза на партиципиентите. Реално, суштински ниту едните ниту другите грешат.

Оти, ќе се запрашате. Оти како и да е наречена сепак таа ќе е со фалинки, ете затоа. Привремена, ограничена и, што е најбитно, со дамоклов начин на (од)бирање. Па парадоксот, не знам дали не го гледаат парадоксот на ова незрело размислување или манипулативно однесување, сеедно. Тоа што сите не` интересира и тангира, а по обична здрава логика е совршено проста работа – кој ними ќе ги предлага и бира? Кој е тој што ќе предложи и востоличи претставници (состав) на влада за да таа потоа, демек, организира стакло чисти избори. Нема бе – нема! И не може ни да има освен народот, мнозинството. Пардон, или некој Џорџ, Пјер, Фриц, Јанез… не знам кој не ни се нацрта и тој да ни кадрува и мудрува. Но тогаш, на што личи тоа? Сиктер демократија!

Ајде да бидеме уште поотворени. Барањава на сегашнава опозиција за пара влада не се ниту нови ниту непознати. Напротив, стари приказни. А изгубат власт на избори веднаш почнуваат со ниски удари и марифетлаци од сите можни видови, се` и само да се оспори легитимитетот на народните избраници, а тие на било кој начин се доберат до по некоја столица на „Илинденска“. Не за џабе се рекло и останало: најтешко е да имаш па да немаш, а овие пола век цицаа без милост и исаф па сега низа поразите брчки им браздат во челата, ем жар им ги прават образите.

Навистина не знам, не можам да бидам паметен како тоа не им влегува во глава дека доколку се направи преседан и се провнат на мала врата во влада, на било кои идни избори кога они ќе бидат победници ќе им биде бумераншки кршена главата со тие исти нивни камења. Туку арно велиш, како тргнале работите после деветте порази едно по друго и резултатите од референдумот кои (за тие што умеат да читаат) навестуваат продолжување на црната серија, само таа им е шансата – малата врата и пара влада. Ако се може сега и веднаш, а за последиците ќе мислиме утре. Или, пак, некои други после нас нека му ја мислат. Таму… некогаш!

И, ете, вака или онака но веќе го `рчнавме ГТЦ односно референдумот за неговиот изглед. А кога сме кај него не кријам дека ми го мати мозокот тоа „градски“, а ваму се распиша и одржа на ниво на општина?! Инаку како институт референдумот го почитувам бескрајно, што значи толку и поддржувам, наспроти двојните аршини од распишувачите кои, добро не` држи умот, не така одамна беа против референдум за евентуално компромисно име за државата. Да бе, тие истите тогаш говореа дека за тоа е владата избрана и таа треба да одлучува, а не граѓаните. Значи за името не требало референдум, а за ГТЦ уште како?! Тоа за двојните аршини, а сега малку и за резултатите.

Отрезнувачки (и тоа дебело!) им легна лажна надеж референдумот за да дознаат колку не знаат. А, пак, гаталците од агенцијата „Пејтинг“ по којзнае кој пат потврдија дека или се далтонисти или пак тоа што им нарачале тоа и испорачале. Договорено – сторено! Резлтатите се такви какви што се, а тие велат вака: со преќутен бојкот, значи без јавен повик и без никаква кампања од страна на власта, успеаа да освојат само неколку стотини гласови фазла од тие на избори. Плус тоа со прашање кое ги тангира сите граѓани – натпартиско.

Е, па, сега секој од вас нека му го удри калемот на исходот од референдумот што ќе беше да имаше судир на колосите, контра пропаганда и сите алатки вообичаени за вакви работи (митинзи, терен…). Едноставно, „бомбастично“ усилената опозиција сакаше од своето упориште да тргне во поход кон рушење на власта. Арно ама партиските математики не излегуваат на избори. Еве нема ни режим, ни Пустец, ни ѓавол, ни враг и пак исти мрак. Црнила. Автогол дури (и!) од „Центар“, а бладаа пенал.

И сега, шо прајме? Ако кај центарци не пркнаа и ја оплескаа работата со сета фама околу „Скопје 2014“ бесполезно е и само да се помисли кој е во височините а кој на маргините во останатите општини каде што нема споменици, а има инфраструктурни проекти, инвестиции, работни места… Но, гајрет! Оти од лошото има и бетер, судскиот процес допрва следува и разврската за вистинската, а не нечија лична или пак партиска вистина за Македонија. Кој прислушувал, кого, колку, од кога, по чија нарачка, кому потоа снимките ги доставувал, автентичноста нивна, можна монтажа и/ли конструкција, селекција, јавна презентација…

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top