Коментари

Мостови на пријателство не се градат со деструктивно однесување


Свекрва

На 15 Кумановски Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Куманово, Примиерот Никола Груевски доби нов мандат да ја води партијата до 2019 година. Сериозната политичка криза во земјата, во која ја втурна раководството на опозиционата Социјалдемократска партија со објавувањето на т.н. бомби, воопшто не влијаеше врз членството кое својата доверба безрезервно му ја даде на премиерот Груевски. Над 500 делегати речиси едногласно го поддржаа долгогодишниот лидер или од 560 регистрирани делегати, гласаа 529, од кои дури 528 гласаа за реизбор на Груевски, а само едно гласачко ливче беше неважечко.   

На дводневниот конгрес во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, членството на ВМРО-ДПМНЕ покажа единственост пред предизвиците на политичката криза и целосна доверба кон Премиерот Никола Груевски кој патем беше и единствениот кандидат за лидер на партијата. На конгресот беше донесена Конгресна повелба во која се наведени насоките на дејствување на партијата во наредниот период, при што посебно внимание му се даде на: стабилноста, довербата и перспективите на земјата, потоа развој на економијата, привлекување на странски инвестиции, поддршка на домашната економија преку развој на мали и средни претпријатија, зголемување на вработувањето. Владеењето на правото и борбата против корупцијата останува еден од главните приоритети, како и членството во НАТО и ЕУ. Потоа продлабочување на традиционалното пријателство со стратешкиот партнер САД, како и односите со соседите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на Конгресот особено се осврна на односите со соседите. Тој ќе посочи дека земјите и народите на Балканот споделуваат заедничка историја во различни историски епохи, а тоа треба да не зближува, а не да разединува. Во една таква ситуација, обидите за ставање на историјата во дневнополитички контекст не можат да помогнат за нашата подобра иднина, и ќе додаде: „Историјата, треба да ја оставиме на историчарите, а ние да градиме нови мостови“.

Всушност, нема економски развој на било која балканска земја, па и на Македонија, ако тие не се обединат околу заеднички цели. Меѓутоа, сеуште постојат сили кои за да го контролираат Балканот ги користат сите наши слабости и историски противречности со соседите за да ги спречат тие мостови. Тие постојано ги подбуцнуваат соседите еден против друг и речиси да нема народ кој го нема почуствувано на своја кожа, а најмногу Македонците. Раздели па владеј, старата римска пракса, која се применувала со векови и денес се користи на овие простори за да се спречат низа проекти од кои би имале бенефит сите балкански земји.

Прашањето со името, непризнавањето на идентитетот и јазикот од јужниот сосед, оставањето со години да чека во предворјето на НАТО и ЕУ, потоа политичката криза во земјата, сето тоа е само дел од игрите кои овие сили ги намениле за Македонија. Во овие игри не се исклучени ниту соседите на Македонија кои се попречени во спроведување на низа проекти кои носат бенефит, а чиј надворешен долг постојано се зголемува.

Во тој контекст Груевски на Конгресот ќе истакне: „Гледано во светски рамки сите ние на Балканот сме мали држави, и економски слаби, и меѓусебната почит и соработка може да ни помогне да бидеме посилни и посреќни“.

Всушност, неговото обраќање преставува повик за надминување на недоразбирањата и обединување на малите балкански земји. Создавање на сојуз кој ќе спроведува проекти од заеднички интерес, проекти кои ќе донесат просперитет на сите балкански народи. Единствен излез е меѓусебното почитување, кое ќе придонесе за надминување на противречностите кои ги оптоваруваат соседите. Затоа Груевски е спремен да направи максимални напори со соседите тие односи да бидат како што доликува.

Особено тој е спремен овие односи да се подобрат со Бугарија, имајќи ја во предвид блискоста по многу прашања. „Во однос на Бугарија од наша страна е водена повеќедецениска рефлексна политика, честопати базирана на стереотипи, во целиот период на комунизмот, а и во добар дел по независноста што има последици и денеска… Зошто било тоа така, да и` го оставиме на историјата. Ние сме подготвени да изградиме цврсти столбови на пријателство и партнерство со овој наш сосед, базирани на меѓусебна почит, заемна помош и пријателство и да го дадеме својот придонес во почетокот на една нова ера во нашите односи“ – ќе истакне Груевски.

Тој како добар пример ги посочи односите со Србија, со која постои одлична соработка и помош на секое ниво. Потоа на солидните односи со Албанија и Косово со оглед на Албанците од Македонија кои имаат бројни семејни и други врски со овие соседи. Тоа не значи дека немало пречки од едната или другата страна кои ги оптоварувале овие односи, но кога се има добра волја како со Србија, секогаш се наоѓало начин без кревање на тензии и собирање на поени, тоа да се реши. Истото може да биде и со Бугарија и Грција, само треба да се има добра волја за да се надминат пречките и да се изградат овие мостови на пријателство.  

– Ние сме мултиетничко општество, живееме во турбулентен регион, и секогаш имаме ризици или појави кои се закануваат да ја загрозат нашата безбедност – изјави Груевски.

Тој потсети дека имавме неколку ситуации кои ја зголемија загриженоста кај граѓаните, но полицијата и институциите одлично се справија со нив.

– Неодмна имавме една нова таква ситуација, која повторно нашите политички конкуренти се обидоа да ја стават во дневна политика. Тие предизвици не смее да се стават во дневна политика. Тоа се прашања на кои треба да им се пристапи со голема сериозност и одговорност. Нашиот пристап е таков. Ние нашите проблеми и различни мислења во земјата ги решаваме низ дијалог и толеранција. Охридскиот рамковен договор е еден значаен катализатор на одредени меѓуетнички предизвици и тој треба да биде доследно испочитуван, без да се толкува погрешно. Сепак, ако некој одлучи, од било која причина да не` загрози и да го наруши мирот на граѓаните, ќе биде жестоко одговорено и возвратено – изјави тој.

Премиерот потенцираше дека институциите се подготвени да пресретнат такви сценарија и се далеку поподготвени отколку во 2001 година.

Да биде полесно со справувањето на вакви и слични инциденди, пред се` треба да се расчистат работите дома со опозицијата, која во моментот претставува најнедемократскиот елемент во земјата. Груевски за да го реши овој проблем им предложи меѓупартиски консензус за пет теми доколку таа е подготвена да придонесе за напредокот на државата. Меѓутоа, се` додека опозицијата предводена од Зоран Заев се однесува деструктивно, нема да може така лесно да се градат мостовите на пријатеслтво со соседите и да имаме побезбедна Македонија.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top